Идеи за интернет работа од дома

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од gokica, 23 Јануари 2017.

  1. gokica

    gokica Модератор

    7,090
    7,471
    13 Јуни 2009
    Често се среќавам со прашање од типот дали се исплати да започнам нешто на интернет.

    Што да започнам да учам во таа област?

    Што е најисплатливо: програмирање на десктоп или мобилни апликации, креирање на интернет сајтови, содржини и слично?

    Каков интернет сајт би бил најисплатлив? Дали да го користам фејсбук како главна алатка за промоција на производи или услуги?

    Би ги замолил искусните членови да споделат искуства во една ваква општа тема. Заинтересираните почетници ќе може да добијат почетна насока. Ете онака да започнат во слободно време од дома.

    Благодарам.
     
    На Momchilo, JensenInterceptor, Kajsibebraat и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. NanoCell

    NanoCell Гик

    147
    114
    10 oктомври 2011
    Машко
    Многу работи зависат од самата личност. Програмирањето на апликации нуди добра заработка кога ќе начекаш соодветен проект, но од друга страна можно е да имаш периоди без никаков приход.

    Од друга страна интернет содржините бараат одредено време да земат замав, но подоцна можат да бидат поконстантни во приходот.

    Според мене, најдобрата варијанта е комбинација на двете, со тоа што најпрвин би почнал со креирање на интернет содржини. Додека ја зголеуваш читаноста/посетеноста на страницата, работиш на усовршување на други вештини и барање други проекти.

    P.S. Помина златната треска на Трамп, таргет тема е "Погледнете што направи <insert any Serbian starlet/singer> фото + видео" :oh::oh::oh:
     
    На boriseto, JensenInterceptor, Викса и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. GreenRoot

    GreenRoot Активен гик

    757
    648
    1 oктомври 2011
    Графички дизај
    Штo и дa oдбереш oд oблaсти кaкo дизaј, прoгрaмирaње... ке се судриш сo нелoјaлнa кoнкуренцијa нaречени Индијци и Пaкистaнци.

    Иaкo рaбoтaм кaкo грaфички дизaјнер, пoвеќе препoрaчувaм oпределувaње кoн oдреденa oблaст кoјa нa дoлг пaт е пoисплaтливa. А тaкви се вoдење нa веб сaјт или јутуб кaнaл. Нo зa вaкви рaбoти требa дa се имa и буџет и дa се влoжи.

    Sent from my LG-D850 using Tapatalk
     
    На StalkeR и gokica им се допаѓа ова.
  4. FicNo

    FicNo Wax on, wax off

    5
    7
    25 Февруари 2010
    Работењето на и интернет како фриленсер и не е така исплатливо, како што кажа GreenRoot поради нелојалната конкуренција од Индијците... Јас би советувал насочување на една работа и работење Full Time Remotely во компании кои го поддржуваат тоа. Ги има многу, потребно е доста време дур се најде соодветната, но се исплати.

    Јас последните 2 години работев Full Time Remote, би кажал дека многу повеќе ми се свига од Freelance поради фактот што имаш некаква сигурност и тим од кој што ќе може да се напредува и учи.
     
    JensenInterceptor, ekonomist, bxxxn и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Mr.Jack

    Mr.Jack Активен гик

    513
    221
    9 Февруари 2008
    Индијците ќе ти бидат конкуренција ако се пријавуваш на аматерски проекти. Сериозните компании знаат какво срање се индијците и не ги вработуваат.

    Многу пати сум имал проекти да поправам срања што ги имаат направено индијци. Ќе им дојде паметот на сите што вработуваат индиец за $1/саат. Е сега, кога поправам индијски срања цената ми е дупло поскапа :)
     
    На nizaeden, goranski, omegaRED и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. FiC DoGG

    FiC DoGG Ентузијаст

    727
    511
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Индијци, пакистанци и останата багра не се никаква конкуренција на професионалци. Што и да одбереш како фриленсер ти одлучуваш колку вредиш, и кога ќе дојдеш на над 20 долара на саат, ќе видиш колку е убаво да работиш 3 саата дневно и пак да правиш убави пари (за македонски стандард)
     
    JensenInterceptor, draganamon и на Oktar им се допаѓа ова.
  7. Fredy

    Fredy Гик

    479
    1,269
    12 oктомври 2014
    Машко
    На темава се осетив како со таксисти да зборам.Кој и да го прашаш,сите викаат дека немало работа,дека тапа било,џабе вртеле и сл.А истите ликови ги гледам со години такси си врткаат :D
     
    На StalkeR, SaraPikseli, bobmkd и уште 9 други им се допаѓа ова.
  8. DeeJayZone

    DeeJayZone Wax on, wax off

    64
    34
    3 ноември 2008
    Креирање и водење на веб страна од одредена област

    1. Област / индустрија
    Избери област за која те бива или имаш добар интерес за истата.

    2. Креирање на веб страна:
    - брз процес - некој нека ти ја изработи страната, па ти понатака креирај содржини (текстови, слики, видеа...)
    - побавен процес - самиот научи како се изработува веб страна, изработи ја, и понатака бркај работа

    3. Веб страна - авторитет
    Доведи ја веб страната до фаза кога истата ќе има одреден авторитет во областа која си ја избрал.

    4. Монетизација
    Начини за монетизација:
    - поставување на реклами (на пр. Гугл АдСенс...)
    - соработка со компании и лица преку партнерски програми
    - спонзорирани статии или цела веб страна од компании кои се од Вашата област
    - нудење на услуги од областа со која се бави веб страната, доколку има таква можност (на пр. кај фото блог нуди: уредување на слики, фото часови, консултации, фотографирање на настани, итн)
     
    Krkac, JensenInterceptor и на gokica им се допаѓа ова.
  9. vlatko175

    vlatko175 Активен гик

    313
    122
    15 Јули 2008

    Тоа е така затоа што кутрите немаат што друго поарно да работат.
     
  10. l1d0v1c

    l1d0v1c Активен гик

    530
    919
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Кога ќе се постави прашањето: "Што да започнам да учам во таа област?", верувај секогаш ќе добиеш погрешен одговор.

    Зошто?

    Бидејки никој не треба да ти кажува што да учиш/работиш. Сам ќе си седнеш и ќе си најдеш во што си добар, што ти е интересно, во што се гледаш и во подалечна иднина. Е тогаш кога ќе се пронајдеш сам, тогаш може да се бараат совети од поискусни лица. Во случајов се спомнуваат програмирање на апликации, веб дизајн, content creator, итн. Тоа се тотално различни универзуми.

    И во сите од нив има многу пари, нормално ако си профи.

    Затоа неможе да се ослонувате на тоа: "Еееј ми кажаа мене дека во програмирањето на мобилни апликации има тон пари. Не се секирај, ова ми го кажаа успешни луѓе." Но друг ќе ти рече: "Што ти е на тебе, ти незнаеш колку пари има веб дизајн." Трет ќе рече: "Абе транскрипции праам за $30 на саат." Да, ова се тие транскрипции кои на апворк се најслабо платени. Но, случајно наидов на човек кој со години работи на транскрипции и кој заработува 30 факинг долари на саат. Секоја работа е платена, end of discussion.

    И на крај се доаѓа до тоа, дека ти и само ти, можеш да одлучиш што САКАШ да работиш во животов. Е тогаш се бара помош, совети и слично за зголемување на капиталот и станување профи во одредена област.

    Кутрите???

    Жал ми е за тие навистина што пробале во животот, што се помачиле, што вложиле труд, а не им успеало од X причини и на крај завршиле во такси. Такви ги има многу како таксисти, но сепак другите се тие кои преовладуваат.

    А под "другите" мислам за тие кои кога требало да се учи не учеле, кога требало да се работи не работеле и оние кои се пијандури и без срам и перде возат поднапиени. Не можам ни да набројам колку пати ми се има случено да влезам во такси и да корне на алкохол. Па добро бе, срамота, ќе убиеш некој, двајца, тројца колку и да ти се качат во таксито. Ама не, ние треба да го жалиме тој.

    Колку пати сте се возеле со некој таксист кој буквално лета по улициве? Уствари не само да сме се возеле со таков, туку секојдневно ги гледаме како соучесници во сообраќајот. И секогаш истото се кажува од било кој, дал било пешак, дал возач: "Да ти е..м тоа таксистите, мислат само они дека имаат предност. Види го кај се пика, види го како лета."

    Не се ова празни муабети, ова е реалноста. И после сакате да го сожалувам тој, тој кој едвај возачка земал и станал таксист, пошто нели, немало работа. Не, туку истиот тој е мрзата во човештвото, истиот тој е оној фраер од детството/пубертетот кој ништо продуктивно не прави (не зборам само за учење, можеш да си продуктивен а сепак да имаш кецови у средно или не положуваш испити), а сега те вози во неговото такси и се жали како немало работа.
     
    На Motherboard и Harrabed им се допаѓа ова.
  11. DeeJayZone

    DeeJayZone Wax on, wax off

    64
    34
    3 ноември 2008
    Напишав и погоре...
    Секој треба самиот да си ја избере областа на делување, и што ќе прави во таа област / индустрија.
    Преку темава, ние на луѓето само им ставаме на маса опции за тоа како можат да остваруваат целосна или делумна заработка преку интернет.

    За таксистите...
    Ако има некој таксист на форумов, или ако случајно наврати на темава - му нудам бизнис план за заработка преку интернет.
    Пренесете им на пријателите таксисти. ;)
    Сериозен сум.
     
  12. FicNo

    FicNo Wax on, wax off

    5
    7
    25 Февруари 2010
    Точно е дека индијците се неквалитетни. Но прашањето беше "Што да учам на и на која област да се насочам."

    Затоа дадов совет дека е подобро да се работи како фул тајм на интернет, отколку фриленс за поправање на индијските крпеници.

    Така е, индијците не се конкуренција, но ете постојат и се многубројни, доволно е што и они испраќаат мејлови понуди, итн.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. FiC DoGG

    FiC DoGG Ентузијаст

    727
    511
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Само затоа што праќаат понуди, не значи дека ги вработуваат, плус ако некој клиент плаќа кикиритки тогаш аирлија нека му се индијците.
    Upwork почнаа на големо да им даваат клоци на сите паразити, прво почнаа со верификување на профил, после со одбивање на нови профили во категории каде што има презаситеност со фриленсери, а сега почнаа и со масовно чистење на невредни профили. Ако во одреден период си пратил еден тон понуди и никој не те вработил, добиваш клоца, форумот моментално има доста нови теми од луѓе што добиле клоца, интересно е како повеќето имаат индијски/пакистански и сл имиња.

    Пак ќе ќажам, клиенти кои бараат да им се заврши работата како што треба се спремни да платат добро, клиенти со кикиритки буџет добиваат понуди од луѓе што се спремни да работат за кикиритки.

    3 саата днево со 25 долара саатница се 4000 денара днево. Ако сакаш работиш сабајле, ако сакаш работиш вечер, ако не ти се работи не работиш. Која друга работа ги нуди овие услови?
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  14. hipo

    hipo Ентузијаст

    1,450
    1,128
    27 Јануари 2011
    Машко
    Значи ете на таксисте им било лошо....
    Научи правење на мобилни апликации и направи една за таксистите. Да работи на таблет, да мери време, километри, мапа, да шерува интернмет у такси итн.

    Најдобар пример за заработка на интернет е да купиш книга како да направиш милион долари на интерент...тој што ја напишал е стварно милионер :D
     
  15. Harrabed

    Harrabed Ентузијаст

    1,514
    1,456
    22 Април 2013
    Машко
    Не му се работе
    Да таксист ќе ти работе на таблет, ќе ти гледа и шерува интернет... Далеко сме ние од светот нема убер коли па да се возеш.
    Предходното лето се возев во такси типот во колата пуштил си техно музика до даска ни те прашува дали ти смета дали ти е удобно ни ништо, техно музика до даска и фул спид тера си.

    Пола од таксистите возат жени и прават се како јаки фреари...

    ЗАТОА и никогаш не преферирам да се возам со такси !

    On Topic :

    За идеи од интернет работа од дома прво и прво немојте да започнувате мислејки дека ќе ви биде лесно или во смисол (еј ќе си седам дома ќе си работам шо убаво) напротив различно е.

    За програмирање треба учење и многу трапеније а за започнување блогови или нешто слично за тоа па треба да понудете квалитетни содражини, треба да почнете со учење на SEO основи, маркетинг, Копи врајтинг. Мора некаков квалитет да понудете.
     
  16. Ragnar

    Ragnar Wax on, wax off

    207
    167
    9 Декември 2015
    Машко
    Веројатно сум еден од помалку политички коректни луѓе кои ги знаете ама стварно мислам дека нема потреба од квалификации од типот "индијци, пакистанци и остала багра". Секој пробува да заработи пари а и меѓу тие луѓе има доста квалитетни. Тие што се некавалитетни нудат тоа што можат а тие што купуваат знаат што може да очекуваат (колку пари толку музика).
    Што се однесува до тоа "што е поисплатливо", нема прецизен одговор. Ако си добар во било која дигитална работа можеш да очекуваш заработка. Најдобар совет е да се фокусираш на една работа, колку толку да ја усовршиш и да пробаш некој месец како ќе ти оди.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. olikomerc

    olikomerc Sensei

    4,070
    2,734
    11 Декември 2008
    Машко
    Индијците ене ги на јутуб растур направија со ривјуа на телефони и хардвер.
     
    gokica, Oktar и на Harrabed им се допаѓа ова.
  18. lynx

    lynx Sensei

    3,095
    2,387
    4 Септември 2008
    - Доколку знаеш добро одреден јазик може да се предава онлјан.
    - Доколку те бива за пишување може да се куцаат текстови на разно-разни теми.
    - Доколку си машински инженер или архитект може да црташ проекти.
    - Доколку си економиста и те бива со математички формули и пресметки може да се вршат такви услуги.
    - Доколку си математичар може да предаваш или решаваш задачи.
    - Доколку си пицајзла може да работиш како дата ентри или виртуелна секретарка.
    - Доколку си џаболебар и тераш само кладилници може и тоа да го искористиш и да даваш онлајн типови и анализи за разни спортови.
    - Доколку си ...

    Начини на заработка има мал милион во денешно време, поготово со глобализацијата и брзиот, а ефтин интернет, треба само да се има желба и малце памет за да се искористи потенцијалот.
     
    На gokica, Teget, worker_x и уште 2 други им се допаѓа ова.
  19. kirev

    kirev Sensei

    4,764
    3,154
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Абе програмирање сите заборавивте? Мрежно администрирање? Обука за свирење гитара, шупелка, клавир...
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lynx

    lynx Sensei

    3,095
    2,387
    4 Септември 2008
    Затоа листата завршува со Доколку си ... :) Обично луѓето тука се концентрираат само програмирање или вебстраница со реклами, а во принцип онлајн може да се заработи од скоро секоја струка и услужни дејности.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Nikol_A

    Nikol_A n00b

    3
    2
    24 Јануари 2017
    Досега секаде кај и да се збори за freelance сите некако бледо објаснуваат. Никој не сака да сподели како стигнал до 30$/час.
    Треба да си упорен и да си спремен да работиш и за кикиритки на почетокот. Зошто? Зошто ти треба стегнат профил и добра репутација од задоволни клиенти. Е дури тогаш може да си поставуваш цени од 30$/час.
    Доколку немаш ништо позади името (успешен проект, завршен профил) не ти ја ни разгледуваат понудата што им ја праќаш.

    „пизајлата“ на @lynx triggered me... :) мора да почнеш од некаде, дата ентри ти е најсигурен пат, зошто не ти треба ама баш никакво искуство за тоа, а и најчесто бараат фриленсери со најмало искуство. Кога ќе создадеш репутација на вреден работник, е тогаш можеш да работиш што сакаш. Проблемот е што повеќето мислат, креираш профил и веднаш понуди фрчат, глава не можеш да кренеш. Не. Ќе си испратиш неколку понуди (едно 40-50) од кои 10 ќе ти одговорат, а само 1 или 2 ќе ти понудат работа.
     
    На draganamon му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Volkswagen

    Volkswagen Гик

    217
    63
    12 Септември 2008
    Ете и јас да споделам едно искуство :)

    Работев remotely за една компанија од Канада, речиси 3 години. 15$/hr 40 саати неделно.

    Е арно ама и на тоа дојде крај овој месец и сеа активно барам нова работа.

    Тешко оди додуше, има некои интервјуа ова она...ама ќе видиме.

    Имаш некои странички кои би ги препорачал

    weworkremotely.com
    remote.co
    и се разбира Linkedin!

    Деновиве гледава опции за dropshipping, ама се разочарав кога сфатив дека Shopify не функционира за Македонија.

    Сеуште истражувам дали Woocommerce може да функционира кај нас.
     
    damil, draganamon и на JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  23. Cika

    Cika V.I.P

    2,059
    536
    8 Декември 2009
    Зошто да не може да функционира кај нас? Веќе имам користено woocommerce и е обична платформа, со милијарда можности за прилагодување, исто и opencart.
     
  24. Volkswagen

    Volkswagen Гик

    217
    63
    12 Септември 2008
    Во смисла со банките и трансферот на пари.
     
  25. kirev

    kirev Sensei

    4,764
    3,154
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Со лесно. Што си работел со Канада? Ако не можеш детаљи, барем одоколу :)
     

Сподели