• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Идеа и дизајн на портал/сајт/форум

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Pepsi Man

Intern
1 март 2008
171
21
pepso.blog.com.mk
Во стартот да разјасниме неколку работи.
Оваа тема е да им помогне на сите кои сакаат да си направат свој успешен, оригинален портал/сајт/форум, и имаат желба и волја за работа, барем да не се откажат од своето прво пробување. Оваа тема не е за тие што не се оригинални и успешни и немаат ни малку инспирација да смислат свој дизајн.

Предуслови се:
- да имате основни знаења од англискиот јазик.
- да сте оригинални, да имате време да размислувате, и да ви текне нешто што е оригинално и интересно.
- Да имате некој добар хостинг, доколку сте спремни да водете сериозен портал/сајт/форум.
- да сте упорни и да имате волја за работа, да имате јаки живци и да не се откажете уште на првата кривина.

Смислување на тематиката и домаинот

1) Сурова е вистината дека 99,99% од вас ќе тргнат да прават форум со општа тематика, затоа што тие сега се во тренд. Домаинот ќе го измислете со кривењето на мозокот од едната на другата страна и ќе се сетете да го изберете домаинот „опуштено“ или “cafe“. А останатиот 00,01% ќе почне да размислува и да му дојде некоја оригинална идеа, која сеуште не е искористена или ја има многу ретко. Доколку сте упорни ќе седете, лежете, размислувате, пишувате, дизајнирате... и со недели, само за да направите нешто оригинално, успешно и корисно за сите посетители.
2) Како да смислете оригинална тематика, дизајн,домаин за вашиот сајт/портал/форум итн итн... Кога човек сака нешто да работи, тоа и го работи и не се откажува, од едноставна причина дека му се работи и сака да направи нешто. Опуштете се, пуштете го мозокот на пасење и ќе почнат да ви стигаат секакви идеи, па потоа изберете го најдоброто што можете да го работите. Во што уживате? Кога сето тоа ќе заврши, сконцентрирајте се дали ќе правите портал/сајт/форум, па потоа идеме на дизајнот.
Заклучок: Бидете оригинални. Бидете интелегентни. Бидете успешни. Бидете човек.

Дизајнирање
1) Сега кога завршивте со смислувањето на тематиката на ПСФ(портал/сајт/форум), редно е да се префрлиме на смислувањето на дизајнот. Доколку би го сакалте најдоброто, и најдобро ви е да научете некој веб јазик, па да почнете од нула. Така ќе изгледа подобро и ќе имате скроз целосна контрола врз сајтот. Ако сте „идиоти“(извинете вака на изразот), немате мозок(затоа идиоти), а имате пари... платете му на некој професионалец за да ви направи добро уреден дизајн за вашиот ПСФ. Кога ќе се одлучете за горе наведените работи, можете да се префрлете на текстот подоле.
2) Океј е. Се одлучивте, и имате барем малку јасна слика како ќе ви изгледа ПСФ. Сега време е тоа да го применете. Вероватно ќе се направете дека знаете се што работите, и ќе почнете да ставата секакви непотребни ствари, и после ќе почнете да кукате дека на на тетка ви син и е крив. :LOL:. Пробајте да смислете каква комбинација ќе има вашата презентација. Дали тоа ќе биде форум+сајт, портал+форум, или само сајт(портал+сајт звучи толку бедно што и чаФките ќе почнат да ви се смеат, не се одлучувајте за вакво нешто). Кога ќе се одлучите каква комбинација ќе правите, тогаш одете на официјалниот сајт на скриптата што ќе ја користите за вашиот портал или форум, и симнете ја инсталацијата. И немојте одма да ги аплодирате фајловите. Прво, направете локален сервер и таму го инсталирајте. Проучете ја скриптата, убаво разгледајте го администрациониот панел, испробајте неколку работи, и одлучете дали ви одговара таа скрипта. Кога ќе изберете, почнете со дизајнот на ПСФ. Набавете ги потребните теми и додатоци, избришете ги фајловите што не ви требат(пример кај СМФ , аватарите од музичарите и глумците) и кога сето тоа ќе го средете, склопете го вашиот ПСФ. Нека сето тоа изгледа убаво. Повеќе работа, повеќе успех. Кога ќе завршете и ќе бидете сигурни дека тоа е се`, останете уште малку, можеби ќе ви дојде уште некоја идеа. Потоа аплоадирајте ги на интернет.
Заклучок: Бидете свесни дека сите што ќе го посетат вашиот ПСФ ќе се одрази на вашиот имиџ. Затоа е важно да смислете добар домаин, прегледен и уреден дизјан, добра тематика... Кога сето тоа ќе го завршете, соберете луѓе кои ќе работат со вас и ќе го одржуваат ПСФ, напишете неколку статии, средете го портофолиото...и то је то. Завршевте со потешкиот дел од уредувањето на вашиот ПСФ, каков што го сакавте. Сега на крај ви остана само да имате добар е-Маркетинг и вашиот ПСФ да стане популарен меѓу народот.

Поентата на овој текст е вие да сватите дека оригиналноста носи и успеси. Ова можеби и ќе ги поттикне неоригиналните личности да пробат и да видат дека не е толку тешко да се почне се` од почеток.

Некој од по-искусните може да дополнува на оваа тема.Сето ова е напишано од моја гледана точка и сигурен сум дека има многу подобри „воведи“ во тоа.
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
:bravo::bravo::bravo:
Инспирирачки напишано, доста добро за почетниците кои мислат дека знаат СЕ во врска со веб дизајн, програмирање...
БРАВО уште еднаш за ова :bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,582
Мислења
823,971
Членови
28,080
Најнов член
ciksa
На врв Дно