• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

IBM PS/2 Model 70 386

  • Ја почнал/а темата
  • #1

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,825
5,211
Мелмак
Ова се крчкаше неделава. Најдов и нарачав локално IBM PS/2 Model 70 386 компјутер. Компјутерот стигна и е изненадувачки почист и во подобра состојба од шо очекував.

20190216_121049.jpg

20190216_121054.jpg

Секако дека му треба добро и детално чистење но тоа ќе го направам некој друг ден и истото планирам да се документира за на јутуб каналот.

20190216_121305.jpg 20190216_121311.jpg 20190216_121257.jpg 20190216_121300.jpg 20190216_121302.jpg

Овој модел е дел од серијата PS/2 компјутери кои се наследници на AT, XT и PC моделите на IBM (кои се уште мислам дека се најубавите ретро компјутери но се уште немам најдено таков). Според оваа серија се крстени и самите ПС2 конектори за маус и тастатура, бидејќи во оваа серија прв пат се појавиле. Исто така оваа серија е причината за VGA стандардот на конектори, рам плочки во дим слотови и други работи кои понатака станале стандард.

Предноста на оваа серија сепак е во „одличните“ и подобри перформанси. Истите доаѓаат со Интелови процесори 286 или 386. Овој модел - Model 70 (8570) доаѓа со Intel 80386 386DX процесор со цели 16MHz или 20MHz (немам уште проверено колкава е брзината на процесорот во мојот компјутер).

Имаа и до 8МБ рам максимум (мојот доаѓа со 2МБ), вградена XGA (extended graphics array) графика со нов 14 пински конектор и ред други интересни работи кои дополнително ќе ги споделам (овде и низ видео секако).

20190216_114937.jpg 20190216_115003.jpg 20190216_114952.jpg 20190216_114942.jpg

Забележливо коа го отворив беше тоа што некој ставал некои лепенки со сунѓер околу напојувањето кои се распаѓаа од старост и кои мака изнамачив дури ги отстранам (плус смрдеа на нафта) - но и тоа дека конкретниов модел дојде со MCA expansion картичка за мрежа кои се многу ретки! (пресреќен за тоа). Исто така има и хард драјв од цели 60 МЕГАБАЈТИ!!! Шала на страна ова се proprietary дискови и се надевам дека истиот работи ко шо треба, пошо замена на истите ќе биде ѓавол ипол. Не пушта лоши звуци така шо fingers crossed.

Од последниот параграф може да заклучите дека се уште не сум испитал колку и што работи а што не. Тоа е затоа што уште немам соодветна тастатура (а имав многу адаптери од УСБ во ПС2 ама сеа не можам ни еден да најдам, па ќе треба да најдам тастатура за да продолжам со тестирање), а немам ни флопи дискови се уште ниту пак начин да снимам на нив. Ми треба да направам референтна дискета за конкретниов модел (фајловите се наоѓаат онлајн за среќа) бидејќи ко што може да видите имам 3 грешки при бутирање.

20190216_121100.jpg

Грешката 301 го блокира системот ради тоа шо нема тастатура, а другите 2 се грешки поради потреба од ресетирање на биос и сетирање на време и датум. Мислам дека сепак ќе ја сменам и батеријата поради тоа што ми дава биос ресет грешки, можно е да е дотраена иако се гледа од сликите дека е ВАРТА батерија а не оригиналната - значи менувана е веќе некад. Користи универзални 6V батерии кои за среќа се достапни во логинг и онлајн се уште поради тоа шо се користат у фото апарати (за разлика од други ПС2 модели кои може да користат proprietary батерии или пак дури и onboard чип со батеријата вградена унутра - овие би биле многу потешко заменливи)!

На листа на потенцијални проблеми - со овие компјутери најчесто откажуваат флопи и диск драјвот. Лично се надевам дека нема да имам проблеми ни со едниот ни со другиот пошо стварно ќе биде тешко да се најде замена - иако веќе имам договорено со @ARMac да земам од него модел 80 со неисправно напајање кое ако не успеам да го поправам барем можеби ќе можам да искористам делови или експанзиони картички од компјутерот.

Сепак ко што гледате барем се вклучува, покажува грешки и се тоа е одличен знак. За да поврзам монитор морав да скршам еден од пиновите во D-Sub конекторт пошо ко шо кажав XGA конекторот иако е претходник на VGA сепак во овој модел има блокирано едно од дупчињата (читај не постои дупче на тоа место). Свесен бев за ова и спремен, со шпицасти клешти го извиткав пинчето му **** м**е!

Искрено пресреќен сум со пронајдоков, и едвај чекам да го расклопам и исчистам и светнам најблиску до нов што може. Веројатно ќе го отворам и напојувањето за чистење а и за визуелна инспекција на кондензатори... има работа ама верувам дека крајниот резултат ќе е breathtaking.

За на крај ете ја листата на работи кои треба до прва да ги направам и најдам за проектов:

- Снимање на референтна флопи дискета
- Тестирање на флопи драјв (ако не работи замена или поправка - мора да имам начин да читам дискети највеќе ради референтната дискета)
- Замена на батерија, ресетирање на биос преку сетап од референтна дискета
- Проверка на хард драјв
- Проверка на мрежна картица
- Детално чистење
- Наоѓање на соодветни тастатура, маус и монитор (за да се запази естетика пред се)
- Играње на ДОС игрици и тестирање перформанси

Благодарам на вниманието и слободно коментирајте, давајте предлози, совети, идеи...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
4,825
5,211
Мелмак
Мал апдејт - сакам да изразам огромна благодарност до:

@ARMac | @gego | @abraxass

Кои веќе понудија разни ствари (цел систем, тастатури, флопија, адаптери итн) од истата серија или ера на компјутери за да овој проект биде подобар!!!

Дополнително сорсирав некои ствари и од пријатели и познаници, така шо наскоро очекувам да има доста напредок и целиот ќе биде документирам. Се уште сум отворен на совети и идеи пошо не сум некој експерт за ДОС ерата, така шо било дали е совет за софтвер или апликација од тоа време, оперативен систем (IBM OS/2 или Windows 3.0) итн секоја информација или допринес е добредојден! ^_^
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: gego

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,560
Мислења
820,544
Членови
28,218
Најнов член
macika
На врв Дно