Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

i9 12900k конфигурација

paraglajder

Gaining Experience
9 јануари 2008
268
185
Порачав i9 12900k и треба да ми пристигне деновиве.

Планирам да го искористам стариот кулер и напојување.

Други делови што планирам да ги купам:

SSD 512 Gb
и
SSD 1 Tb

RAM:
(не ми треба графичка, па ќе купам RAM со највисока фреквенција за да тера iGPU подобро)

MB:
(најмногу поради тоа што ми се потребни 1HDMI + 1 DP Бонус е тоа што има WiFi)

Прашања:

1. Дали кулерот е компатибилен со матичната/процесорот? Прашувам пошто го користам за i7 3770 (сокет LGA 1155) на оваа матична

2. Дали напојувањето е компатибилно со планираната конфигурација?

3. Ве молам за препорака за куќиште. Буџет неограничен. Предуслови:

  • Да не свети како елка (значи без RGBA глупости)
  • Да има одлична вентилација
  • Да ги испористи сите можности на матичната

4. Заглавен сум во технологија од пред 10 години, така да слободно корегирајте ме во однос на SSD, RAM и MB доколку има потреба.

Поздрав, и благодарам однапред!

p.s. Машината ќе се користи за минимум 2 виртуелки паралелно, Photoshop + Ilustratior (light употреба), и други поситни програмчиња во позадина. Можеби 5 пати годишно ќе треба да направам по некој краток и едноставен видео клип, iGPU-то гледам дека нема проблем со Premiere Pro.
 

kikomir

Gaining Experience
30 јуни 2015
152
178
Околу матичната и рамот мислам нема ништо спорно, барем според мене се ОК.
За SSD јас лично би одел со Samsung 980 Pro како златниот стандард.
Кулерот како кулер е компатибилен ама освен ако не си го купил во последниве година дена, највероватно нема mounting bracket за LGA1700 socket. Можеш да се замараш да им напишеш на Cooler Master да ти дадат но не знам каква е процедурата за тоа, може едноставно ќе биде поедноставно нов кулер да земеш. Инаку ако сакаш компјутерот да е тивок, едноставно земи некое водено ладење.
Напојувањето е сосема адекватно со оглед на тоа дека нема да имаш графичка.
За куќиште ѕирни во Нексио за некое be quiet!, рецимо Dark Base 700 или 900.
 

outsider

Practice makes perfect
14 јуни 2019
742
1.467
Битола
www.instagram.com
1. Земи си BeQuiet или Arctic ладење, тој ладилник нема да пасова.
2. Напојувањето е, ама чисто јас би одел со подобро напојување од BeQuiet
3. BeQuiet Pure Base или Dark Base.
4. Таман си, освен јас би одел со друго ссд како што кажа членот над мене, со Самсунг ссд.
 

paraglajder

Gaining Experience
9 јануари 2008
268
185
Благодарам на одговорите.

Дај јас дури се подновувам да се подновам салам, пошто и онака од поодамна ми е и напојувањето и ладилникот.

Дали ова напојување би било во ред и ако ставам графичка во иднина?

За ладилник овој ми звучи добро и тивко (сегашниот што многу со го сакам има noise 29.4 dBA, овој е 24.3dBА)
А овој помалку лади, али демек цената е повисока пошто е потивок, така?
 

outsider

Practice makes perfect
14 јуни 2019
742
1.467
Битола
www.instagram.com
Благодарам на одговорите.

Дај јас дури се подновувам да се подновам салам, пошто и онака од поодамна ми е и напојувањето и ладилникот.

Дали ова напојување би било во ред и ако ставам графичка во иднина?

За ладилник овој ми звучи добро и тивко (сегашниот што многу со го сакам има noise 29.4 dBA, овој е 24.3dBА)
А овој помалку лади, али демек цената е повисока пошто е потивок, така?
Цените на BeQuiet се поевтини во Нексио него ли Анхоч.
 

StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
728
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Благодарам на одговорите.

Дај јас дури се подновувам да се подновам салам, пошто и онака од поодамна ми е и напојувањето и ладилникот.

Дали ова напојување би било во ред и ако ставам графичка во иднина?

За ладилник овој ми звучи добро и тивко (сегашниот што многу со го сакам има noise 29.4 dBA, овој е 24.3dBА)
А овој помалку лади, али демек цената е повисока пошто е потивок, така?
1. Ако си спремен да порачаш истите или поубај делој од computeruniverse ќе заштедиш едно 100 евра на истиот рам, 50 евра на поуба матична, и 100 евра на сличен или подобар ССД. Ако ти е шубе и сакаш локална гаранција океј, ама не се малце 250 евра.
2. За 12900К минимум NH-D15 или Dark Rock погоре во постот. Гледам дека имаш многу CPU интензивни работи, така да би ти рекол водено ладење и то Arctic Liquid Freezer II. Јас имам 240 варијанта на 12700 и поќе од 72 степени и на бенчмарк не крева. За твојот би зел минимум 240ка или идеално 280/360 кулер. Поголем радијатор има поќе површина и вода, па поспоро загрева процесорот и полесно се лади. Во Нексио само ги имаш нив, 7к се и 280 и 360ката. Веќе си дал толку за процесор, не штеди за ладење вервај ме. Не гледај други марки, општо има најдобро ладење Arctic-от и то пред да ја земиш цената во предвид.
3. Напојувањето е океј оти немаш графичка, а кулерот постоечкиот би ти рекол да не го користиш оти ем не е доволен ем ќе треба бракет да порачваш.
4. ССД се убај, ама ако се решиш да земаш од ЦУ имаш поубај за поевтино (Firecuda 520, Cardea C440, Aorus, итн.) Матичната е океј ама пак, ако сакаш од ЦУ имаш MSI Pro Z690 за исти пари или поевтино.
5. За куќиште види Modecom Amirani Volcano во Сетек. Околу 5К и бери и 280/360 водено ладење напред или 240/280 горе. Има магнетни филтри, два големи 200мм вентилатори напред, така да ладење не е проблем. ARGB е ама едноставно не ги поврзвај и готово. Имаш бело или црно да си одбериш. Го имам и е супер. Ако сакаш марка и ти се дават пари или bequiet 500D или некое NZXT ама со Mesh напред, никако не земај со цврст или стаклен преден панел.

Пиши ПП ако те интересира нешто, пример како да порачаш од ЦУ, итн.
 

Dajman

Баниран/a
19 септември 2020
765
1.197
Прашања:

1. Дали кулерот е компатибилен со матичната/процесорот? Прашувам пошто го користам за i7 3770 (сокет LGA 1155) на оваа матична

2. Дали напојувањето е компатибилно со планираната конфигурација?

3. Ве молам за препорака за куќиште. Буџет неограничен. Предуслови:
Јас лично би одел со 011 Air Mini + Be Quiet Silent Loop 280 за овој билд, супер перформанси + професионална елеганција.
Мислам дека и двата дела ги има во Нексио.
Би го сменил напојувањето, тоа што го линкна е прилично ок.
 

thrw

On your way to fame
3 декември 2021
670
539
12900k се загрева повеќе од Скопје во сред Јули, може и да те топли во зима. Никако не би користел нешто освен ладилник на вода да го чува ладно. И покрај тоа што „Noctua“ се прави голем батка и рекламира како нејзините ладилници го чуваат во параметри, за тоа ќе ти треба и модификацијата за приклучокот за 1700 со оштрафување на механизмот за затварање и центрирање на процесорот со матичната плоча.
Веќе се продаваат од „thermaltake“ тие продукти ама уште не дошле тука.
За препорака би зел „Arctic Freezer 360mm“ зошто не плаќаш глупости за светла на вентилаторите и некакво екранче на пумпата(односно блокот за процесорот). Според мене ја прави цената многу попривлечна за Македонски стандард.
 

Astro

Illuminator
20 јуни 2012
9.585
15.036
Сериозна конфиурација е ова, процесорот ја прави таква. 320w повлекува тој во multithreaded workloads, исклучиво водено ладење треба за таква абоминација.

Ако не е тајна, за што планираш да го користиш? За две виртуалки во позадина е overkill, е сеа зависи што ќе работат тие виртуалки.
 

KjEBE

Gaining Experience
6 декември 2016
179
284
Друже вака, куќиште отиди си таму кај што ќе зимаш ќе си одбереш куќиште (Be Quiet се ок), за ладење моја лична препорака да идеш со AIO ARCTIC LIQUID FREEZER II 420, а напојување Thermaltake Toughpower GF1 80Plus Gold 750w (тоа прво ми излета али и Corsair 750w па нагоре и обавезно гледај 80Plus gold) мада и тоа што го имаш ќе ти брка работа ова што ти предлагам е мое некое гледиште со што би идел јас ако веќе праам машина со i9 12900к и сл... ССД иди со 980 про на Самсунг тоа ќе се сложам погоре некој имаше спомнато и тоа би ти било тоа...

P.S. Плоча ипак ако буџет не ти е многу битен а сакаш стабилен систем и максимум да извадиш од процесорот иди со оваа плоча Z690 AORUS PRO и горе споменативе делови и ќе ти спие машината :)
 

paraglajder

Gaining Experience
9 јануари 2008
268
185
Благодарам на одговорите.

Не сум од Скопје, а гледам дека овие Нексио немат веб страна, така да нема како да порачам од кај нив.

Би бил благодарен ако некој може да прате линк од било која веб страна македонска каде што би можел да порачам.

Сериозна конфиурација е ова, процесорот ја прави таква. 320w повлекува тој во multithreaded workloads, исклучиво водено ладење треба за таква абоминација.

Ако не е тајна, за што планираш да го користиш? За две виртуалки во позадина е overkill, е сеа зависи што ќе работат тие виртуалки.

Комплицирано е кај мене, работам се и сешто. Така да се изнервирав евентуално и си реков да земам најмоќна машина на пазарот и да не се замарам веќе за ништо, и онака сум на компјутер по цел ден, а се немам подновено 10 години. Овој ќе да тера уште 10 ако се испадне во ред.

Како и да е, ги порачав следните компоненти:

02.png


Ми фали уште ладилник и напојување.

Од каде во МКД да порачам Arctic ладилник? Не гледам кај Анхоч или Сетек.Ваљда добри се од Be Quiet! па да земам таков?
Да земам и напојување Be Quiet?

Многу сакам тивко да работи машината па поради тоа и го одбрав куќиштето (и одкога се изнагледав ревјуа на YouTube)...
 

hehexd

Gaining Experience
18 септември 2019
156
239
Благодарам на одговорите.

Не сум од Скопје, а гледам дека овие Нексио немат веб страна, така да нема како да порачам од кај нив.

Би бил благодарен ако некој може да прате линк од било која веб страна македонска каде што би можел да порачам.



Комплицирано е кај мене, работам се и сешто. Така да се изнервирав евентуално и си реков да земам најмоќна машина на пазарот и да не се замарам веќе за ништо, и онака сум на компјутер по цел ден, а се немам подновено 10 години. Овој ќе да тера уште 10 ако се испадне во ред.

Како и да е, ги порачав следните компоненти:

02.png


Ми фали уште ладилник и напојување.

Од каде во МКД да порачам Arctic ладилник? Не гледам кај Анхоч или Сетек.Ваљда добри се од Be Quiet! па да земам таков?
Да земам и напојување Be Quiet?

Многу сакам тивко да работи машината па поради тоа и го одбрав куќиштето (и одкога се изнагледав ревјуа на YouTube)...
Имаш во ДД Стор арктик
 

paraglajder

Gaining Experience
9 јануари 2008
268
185
Ест дека не штедам пари ама нема поскапи од овие ДД Стор :D
 

hehexd

Gaining Experience
18 септември 2019
156
239
Последна промена:

StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
728
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Ест дека не штедам пари ама нема поскапи од овие ДД Стор :D
Јави се во Нексио ги имаат Arctic Liquid Freezer.

Имаат моментално 280ка ARGB за 6.8к ама би ти рекол да земиш Liquid Freezer II 420 за истатa цена, т.е. 6.800 денари. То ти е најголемиот можен радијатор со 3х140мм вентилатори, и е според мене најдобриот AIO на пазарот без да составуваш custom loop. Го имаш земено најголемото кукиште можно, така да и горе и напред ќе го бери без проблем радијаторот и вентилаторите. И онака немаш графичка сеедно е кај ќе го поставиш, би ти рекол горе за изглед ама и за другите делови да имаат свеж воздух (ССД, матичната, итн.).

Нема да згрешиш со ова. Сите други имаат иста Asetek пумпа (Bequiet, NZXT, etc.), Arctic-от има EK пумпа и самиот радијатор е едно 10мм подебел од останатите.
 

Атачменти

  • Ценовник Нексио компјутери M08.06.2022г.xlsx
    127,2 KB · Прегледи: 12

mrmarko4fun

Gaining Experience
26 јули 2017
201
201
Куманово
Ест дека не штедам пари ама нема поскапи од овие ДД Стор :D
Реселери се ддстор за процент затоа е така, ти испрати членот ценовник од нексио го имаш и во веб верзија ценовникот им вртиш по телефон, нарачуваш и ти праќаат по карго.
 

Vlad944

Practice makes perfect
3 март 2015
577
1.430
Битола
Благодарам на одговорите.

Не сум од Скопје, а гледам дека овие Нексио немат веб страна, така да нема како да порачам од кај нив.

Би бил благодарен ако некој може да прате линк од било која веб страна македонска каде што би можел да порачам.



Комплицирано е кај мене, работам се и сешто. Така да се изнервирав евентуално и си реков да земам најмоќна машина на пазарот и да не се замарам веќе за ништо, и онака сум на компјутер по цел ден, а се немам подновено 10 години. Овој ќе да тера уште 10 ако се испадне во ред.

Како и да е, ги порачав следните компоненти:

02.png
Дали куќиштето ќе го користиш за Custom loop водено ладење, 2-3 графички во SLI и 10 HDD?
Мислам дека грешка направи со ова куќиште поради што нема добар проток на воздух и плус тоа има висока цена (дека E-ATX)
Имаш одлични куќарина до 6000 со одличен проток на воздух а останатите 6000 ќе ги вложеше во добро водено ладење...
 

StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
728
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Дали куќиштето ќе го користиш за Custom loop водено ладење, 2-3 графички во SLI и 10 HDD?
Мислам дека грешка направи со ова куќиште поради што нема добар проток на воздух и плус тоа има висока цена (дека E-ATX)
Имаш одлични куќарина до 6000 со одличен проток на воздух а останатите 6000 ќе ги вложеше во добро водено ладење...
Океј е куќиштето во аспект на квалитет ама нема најдобар проток точен си. Солиден панел има напред со mesh на страните само од лево. И јас би му препорачал да земи некое со целосен mesh преден панел и 3х140 или 2х200мм вентилатори. Баш дека преферира да е тивок компјутерот, куќиште со добар проток на воздух ќе бара помала брзина на вентилаторите, посебно на воденото ладење.

Ако не ти е веќе порачано и можиш да го смениш земи некое со потпора за 420мм водено ладење и со отворен стил на преден панел.
Мислењето е автоматски споено:

Ова го има во Нексио и е исто 12к негде, подржва и 420мм водено ладење напред и има добар проток.

Screenshot_6.png


Ова е исто добро ама не бери 420мм ладење, значи или 280 или 360 ќе земиш. Двете се скоро исто добри, малку зад 420мм иако искрено нема да ти смени 2-3 степени. Убото е дека напред има 2х200мм вентилатори и ќе е потивко оти побавно вртат, до кај 1000rpm спрема 1500-1800 на 120 или 140мм вентилатори.

Screenshot_5.png
 
Последна промена:

Vlad944

Practice makes perfect
3 март 2015
577
1.430
Битола
Океј е куќиштето во аспект на квалитет ама нема најдобар проток точен си. Солиден панел има напред со mesh на страните само од лево. И јас би му препорачал да земи некое со целосен mesh преден панел и 3х140 или 2х200мм вентилатори. Баш дека преферира да е тивок компјутерот, куќиште со добар проток на воздух ќе бара помала брзина на вентилаторите, посебно на воденото ладење.

Ако не ти е веќе порачано и можиш да го смениш земи некое со потпора за 420мм водено ладење и со отворен стил на преден панел.
Колку што го разбрав членот од првиот негов пост дека ќе користи iGPU зошто би давал толку пари за огромно куќиште кога нема потреба.
Ако непланира членот да користи графичка,подобро нека си направи едно ITX конфигурација и подмишка кај сака да го носи.
 

StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
728
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Колку што го разбрав членот од првиот негов пост дека ќе користи iGPU зошто би давал толку пари за огромно куќиште кога нема потреба.
Ако непланира членот да користи графичка,подобро нека си направи едно ITX конфигурација и подмишка кај сака да го носи.
Поскапи се и потешко е да најдиш ITX матични и ITX куќишта, настрана то не му смета простор да зафаќа како шо гледам и сака да е тивко, а ITX нема да е тивко посебно со 12900K. Му ги препорачвам овие оти иако нема да има графичка ќе монтира најверојатно 360 или 420мм водено ладење, а во помали куќишта нема да ги собери. Ептен е power hungry 12900K, посебно како шо планира да го користи тој за работа а не за гејминг. Плус во иднина можи ќе си намеси една графичка, нека ја има опцијата во куќиште со добар airflow.
 

Vlad944

Practice makes perfect
3 март 2015
577
1.430
Битола
Поскапи се и потешко е да најдиш ITX матични и ITX куќишта
Прав си за достапноста кај нас исто и скапотијата.Предлогот ми беше за од CU да се порачаат деловите.Пред скоро бев загреан за нешто вакво но се решив да останам со 5600х до рајзен 7000
View: https://www.youtube.com/watch?v=MEDs2VppJPM

Сепак останвам на тоа дека 13к се премногу за тоа куќиште и тотално нема потреба.Едно Bequiet 500DX или Cooler MAster H500 ќе брка работа.
 

StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
728
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Прав си за достапноста кај нас исто и скапотијата.Предлогот ми беше за од CU да се порачаат деловите.Пред скоро бев загреан за нешто вакво но се решив да останам со 5600х до рајзен 7000
View: https://www.youtube.com/watch?v=MEDs2VppJPM

Сепак останвам на тоа дека 13к се премногу за тоа куќиште и тотално нема потреба.Едно Bequiet 500DX или Cooler MAster H500 ќе брка работа.
Уфф вервај и јас го гледав истото. Сакав и Meshilicious оти ми е омиленото куќиште ми се чини, ама го нема ни на ЦУ..

Во секој случај и 500DX ќе му брка работа, мислам и то поддржва 360 напред и 240 AIO горе.
 

dejan_str

Unbeatable
8 април 2011
8.362
5.358
OHRID кај ензероно
Незнам зошто се реши за 12900к ако сакаш тишина претерано. Водени ладења од тип 3x140cm вентилатори секако додаваат во бука а треба да работат добро за да го оладат тој процесор без термал тротелинг да имаш. Ја на твое место тредрипер би земал или во најмал случај рајзен 9 9950x. Но веке си го нарачал па што е то е. Не дека процесорот е слаб туку грее премногу и топлина иде со бука и тн. Наместо две 980 про ссд самсунг би одел со едно про и едно со поголем капацитет 970 ево плус. И колку и да не ри треба графичка сепак би одел со нешто како rtx 2060 наместо да ја користиш интегрираната. Да немаше веке одредено процесор би добил подобри совети но сепак гледам одбираш све топ компоненти па сигурно мака нема да имаш само што би те советувале нешто best for the money .
Искрено што е тоа се и сешто што работаш? Не ми иде идеа каде би имал корист од таа конфигурација.
Photoshop,premiere и тн се мачкина кашлица за тој процесор. Што монитор или монитори ке користиш?
 

StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
728
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Незнам зошто се реши за 12900к ако сакаш тишина претерано. Водени ладења од тип 3x140cm вентилатори секако додаваат во бука а треба да работат добро за да го оладат тој процесор без термал тротелинг да имаш. Ја на твое место тредрипер би земал или во најмал случај рајзен 9 9950x. Но веке си го нарачал па што е то е. Не дека процесорот е слаб туку грее премногу и топлина иде со бука и тн. Наместо две 980 про ссд самсунг би одел со едно про и едно со поголем капацитет 970 ево плус. И колку и да не ри треба графичка сепак би одел со нешто како rtx 2060 наместо да ја користиш интегрираната. Да немаше веке одредено процесор би добил подобри совети но сепак гледам одбираш све топ компоненти па сигурно мака нема да имаш само што би те советувале нешто best for the money .
Искрено што е тоа се и сешто што работаш? Не ми иде идеа каде би имал корист од таа конфигурација.
Photoshop,premiere и тн се мачкина кашлица за тој процесор. Што монитор или монитори ке користиш?
Настрана то, од ЦУ можеше многу поевтини да ги земи му спомнав али ако веќе ги порачал то е. Прилично тивки се 3х140, моето 2х120 Freezer седи на 45% цело време ради пумпата да е на 100 посто, иначе би го намалил уште. И вака е ама deadly silent. Се сложвам за графичка, дури и 1650 или нешто слично поќе ќе брка работа дури и за основни работи. Плус можеше non-K 12900 и уште едно 100 евра да заштеди.
 

Nikola100

Unbeatable
30 септември 2019
4.580
4.547
Скопје
hackitfree.github.io
Дечки абе зошто еднаш не дадете совет за прецизни економични и практични решенија ? Се што е најквалитетно - ќе предложите (ама 128 Рам стави - знаеш као ќе иде? Ама 1000W Платинум напојување - да може оверклок силен да има ... Ама 2ТБ да стави Самсунг ама ПРО ! )...
Значи прашајте кој е буџетот и што треба да се работи на тој компјутер и предложете компоненти - доволно добри за намената.
Вака само го збунуваме членот ( Ама мал напрај го - под мишка да го носиш) Бреејј...:ROFLMAO:

Инаку ако планираш Фотошоп сериозно да користиш - овде има совети каков систем ти треба -
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.940
Мислења
987.762
Членови
36.072
Најнов член
BZ
На врв Дно