1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

i7-3930k + Asus P9X79 Deluxe кратко резиме

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од xenon, 25 Септември 2012.

  1. xenon

    xenon
    Guru

    3,815
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко
    Се подновив со нова конфигурација па ај да споделам импресии.
    Имено се работи за следниве компоненти:

    Процесор: Intel® Core™ i7-3930K Processor (12M Cache) @ 4500mhz (од Сет)
    Матична: Asus P9-X79 Deluxe (од Сет)
    HDD: OCZ Vertex 4 128GB (од Мебиус)
    Рам: Corsair Vengeance 32GB | 8 x 4GB 2133mhz (Сет)

    Графика: Sapphire AMD Radeon 7970 3GB | (Мебиус)
    + Графика х2: Sapphire AMD Radeon 7950 3GB | (Мебиус)
    Двете картици работат во Crossfire режим, на првиот и крајниот слот х16
    Напојување: Coolermaster Silent Pro M 1000W Modular (од екс конфиг.) (Сет)
    Ладење: Corsair H100 | push/pull Coolermaster Excalibur x 4 (онлајн), Arctic MX4
    Кукиште: Coolermaster CM stacker 810 (од екс конфиг.) (Сет)

    Процесорот моментално работи на 45 х 100, 4500мхз - на околу 1.39 волти, speedstep, C1E уклучени. Немам време моментално нит пак некој кејф да молзам уште 100-500мхз по цена на температура/стабилност/губење време. Имав проблеми со "воденото" ладење, пумпата брчеше ко луда па ја приклучив на еден резистор и сега не се слуша, може има намален капацитет ама не ми е битно. Температурите (на 25ц амбиент) се движат од 29-40ц при idle мод на работа и 1.2ghz до 77ц при p95 small FFT тортура. Во игри и останати бенчови стојат околу 58ц.

    Немаше некои проблеми при инсталација, освен тоа со ладењето. Кога се 4х4 рам модули само на 1600мхз, функционира на Command Rate од 1Т без проблем.

    Графичките иако се мешана серија 7970/7950 си работат супер, BF3 на ултра, на 2560х1440 спие. 3Д марк 2011 околу 15500 мислам ми даде, неам рчкано и оптимизирано, одамна сум на веков ми ојде ќејфот по такви ствари. Инаку се подесени да работат, сега за сега на иста фреквенција, некаде 960мхз јадро / 1450мхз меморија мислам.

    Во споредба со екс конфиг (Intel i7-920 D0, Асус P6X58-D Premium, 6 до 24гб рам, Асус 6970 2гб)
    Sata 6 преку интел чипсетот си работи супер. Усб 3.0 портите исто функционираат по пропис, не губам драјвови од хабот и кард ридерот и сл ко со Х58цата.

    Ќе го надополнувам постов по потреба, сеуште тестирам. Не бркам рекордни брзини, ми треба тивка, стабилна машина, брзината доаѓа на крај.
     
    На Smoking4e, Fatal1ty_, prichina и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,329
    864
    8 Декември 2009
    Звер машинче си составил, долго време да си го користиш. Па и по некој бенчмарк не ќе да е лошо, онака сликовито, текстот не паѓа у око толку.
     
  3. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,825
    4,359
    20 Февруари 2011
    Машко
    TOP konfiguracia so srekja da ja vozis...

    1x HD7970
    2xHD7950 vozis li ?
     
    На Smoking4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,815
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко
    Фала, да си купиш поубаво. Ќе направам бенчови кога ќе бидам 100% сигурен во стабилноста на 4500мхз, тоа за мене е барем 2 недели работа на машината без проблем во реални сценарија.
     
    На Smoking4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,664
    2,227
    14 Декември 2010
    Машко
    Ѕвериште од компјутер си склопил, со среќа да те служи!
    Само една забелешка, си можел да ставиш Plextor M5 Pro или во најмала рака Crucial M4 наместо Vertex 4, ама ок и вака е топ.

    @uwemi јас како што го разбрав вози 7970 + 7950.
     
  6. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,329
    864
    8 Декември 2009
    Ја пак разбрав дека користи 2x 7970 + 2x 7950.
     
  7. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,664
    2,227
    14 Декември 2010
    Машко
    Упс да, не сум го видел тоа Crossfire до картите.

    Значи се работи за Quadfire? :eek:
     
  8. xenon

    xenon
    Guru

    3,815
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко
    Две картици се, едната е 7970 другата е 7950. Причина зашто отидов на оваа варијанта е дека не сум некој гејмер ама брате до кај ги донеле FPS игрите (BF3 ја пробав) eyecandy-to вреди човек да прескокне 2 генерации телефони и да иде на 2 картици. А и не трошат ич, работат на 30ц во 2Д мод, така да ако не ми праи ќејф, 7950ката ќе ја префрлам во друга машина или ќе ја продадам. Сега беа по некои разумни цени, 7950ката беше 19100 ден, 7970ката беше 24800 мислам (44000 ден заедно). Заедно не се нешто драстично поскапи од една Nvidia 680 (околу 32000) или 7970 Toxic (39000) а функцинораат без проблем, не приметувам micro-stutter, high pitch coil whine и сл како порано со одредени графики и како комбинација даваат доволно фрејмови на 2560х1440 на ултра сетинзи така да не ми е потребно повеќе.

    Не изгледа конфузно сум се изразил. Две картици се, Crossfire значи. За quadfire моментално нема опција моментално. Powercolor мислам сега најавија некоја си 7990 верзија, со две 7970ки на едно PCB, и евентуално тоа некој ќе може да го искористи, две картици така за Quadfire. Инаку, со АМД моментално може да се иде на Trifire (3 карти на 3 слота) - од ова единствено бенефит имаат луѓе што возат повеќе дисплеи и некои резолуции како 6000х1080 и сл, макар да ова е безвезе за мене се додека не се направат екрани без рамка или некој 2-3мм преку сила.
     
    На MasteR_#0 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. atanastanas

    atanastanas
    Gaining Experience

    285
    94
    2 Мај 2012
    Машко
    monstrum! so srejka da ja iskoristis sigruno e eden od najdobrite pc rigs vo makedonija ako ne i najdobar :D
     
  10. Ceco

    Ceco
    Gaining Experience

    597
    160
    29 Септември 2010
    зашо не земеш ноктуа? а и колку те фати се на се ако не е тајна?
     
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,096
    10,383
    23 Јануари 2008
    Манга
    ТОП Машина! Создравје да си ја бучиш!

    А која е намената пред се?
     
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,316
    9,994
    13 Јуни 2009
    Секоја чест. Дефинитивно најдобрата конфигурација на форумов.

    Дали сега го купи епл мониторот? Ако е од порано како се покажува?
     
  13. skullmonkey

    skullmonkey
    Модератор

    3,772
    2,902
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Со здравје да си го користиш.
    1. Колку те фати се заедно?
    2. Сликни го внатре да видам водното ладење ме интересира.
     
  14. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    672
    6 Јуни 2007
    Со здравје да ја користиш ѕверкава :devil:
     
  15. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,614
    24,591
    4 Септември 2008
    Уморен сум сега, утре ќе ти дадам предлози, како да извадиш максимум од картитет, со само неколку кратки твикови :D

    Фантастична конфгируација другар, значи дефинитивно и кажавме и јас и ти чао на мојата 6970, се надевам дека и тебе те служеше добро како мене :)

    Со среќа да ја возиш.
     
  16. xenon

    xenon
    Guru

    3,815
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко

    Иам CM-V6 GT ако ми притреба воздух, горе доле ко Ноктуа-та има перформанси кога ќе му се стават подобри вентилатори.

    Инаку фати вака:

    - Плоча и процесор = 53100 ден.
    - 32гб рам = 15200 ден.
    - SSD-то = 6300 ден.
    - 7970 = 24800 ден.
    - 7950 = 19100 ден.
    - Ладење = 10000 ден. (вкл. вентилатори)

    - Напојување = 10000 ден. (пред 2 години)
    - Кукиште = 6000 ден. мислам пред 4 години.

    Накај 2350 еура фаќа комплет, без монитор и периферија (аудио, тестатура/моуси итн).
    Може и пониско зависи преку кого.

    За 99% од луѓето со нормални резолуции (1920х1080) истава конфигурација ќе функционира 99% идентично со 16гб рам (-130е), една графичка 7970 е доволна (-320е за 7950ката), ноктуа ДХ-14 (-120е од воденото ладење) .. значи околу 1800е. Другите варијанти веќе се неисплатливи (3820 на пример и плочи со 4 слота за рам на 2011 сокет) - во тој случај Ivy-bridge build со 3770к е подобар избор.

    Фала Гораст, Зоран, Гокица.

    Гораст - ќе напраам утре фотки, тестирам IBT/prime стабилност сега. Каблите не се средени, дискот така е стаен виси некаде, додека не се одлучам на сетинзи за дневна употреба (без клима вклучена) не ги средувам каблите.

    gokica - Задоволен сум од мониторот, ама зависи од кој агол гледаш. Во споредба со постар, IPS дисплеј како Apple 30" (CCFL), или останатите 23-24ки од Самсунг/Сони/ЛГ, е подобар - контраст, сатурација, острина, белата е бела..

    Ама денес со ипад 3 ретина, телефончиња со амолед, олед, с-ипс+ etc. така да, неможе со нив.
    Зависи сепак кој аспект те интересира. Неколку месеци го имам така да најверојатно, како и претходниот ќе потрае 5+ години, не верувам да ќе добиеме во скоро време 4К дисплеј панели со разумни цени/перформанси и сл. Ананд од anandtech.com има убаво ривју, делам мислење со него.
     
    На Fatal1ty_ и gokica им се допаѓа ова.
  17. defiler

    defiler
    Gaining Experience

    120
    56
    12 Декември 2009
    Машко
    Ја земав скоро истата конфигурација пред 1 недела..
    процесор + матична 47 200 процесор(ист) 33 200 денари матична(иста) 14 000 денари
    рам 32 гб кингстон хипер х 12930 денари
    напојување cooler master silent pro 850 w 8650 денари
    кулер noctua nh-d14 5000 денари
     
    На Smoking4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. xenon

    xenon
    Guru

    3,815
    9,506
    15 Јануари 2011
    Машко
    Сигурен си дека е иста плочата? Има 3 верзии, цени листирани од каталогот на сет:

    Asus P9X79 (14,999.00 ден.) 8+2+2+2 VRM
    Asus P9X79 Pro (18,499.00 ден.) 8+2+2+2 VRM
    Asus P9X79 Deluxe (20,999.00 ден.) - 16+2+2+2 VRM
     
    На Smoking4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. defiler

    defiler
    Gaining Experience

    120
    56
    12 Декември 2009
    Машко
    aa дури сега видов дека не е делукс
     
  20. Bozter

    Bozter
    Баниран/a

    1,399
    659
    24 oктомври 2011
    Машко
    би побарал некој unicorn да ми се измоча во уста од шо ти е добра конфигурацијава.... #љубоморен :D
    Иначе, како се покажува Vertex4 ? како ссд, добар е? :)
     
  21. lamja

    lamja
    Gaining Experience

    424
    181
    1 oктомври 2008
    Машко
    top masince si sklopil batka so zdravje da si ja koristis i da te tera mnogu godini
     
  22. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,230
    2,237
    9 Февруари 2011
    Xenon, прочитај си ги пораките у сандаче ако немаш против :)
     
  23. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,826
    5,003
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Значи во Мебиус по нови цени ги продаваат радеонките, ја замеркав 7950 по падот на цената. :)

    (констатација за конфигурацијата) - Каков мерак :cool:
     
    На Smoking4e му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,171
    23,784
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Да ја изгориш од кокање (без зли намери) ;)
     
    На Smoking4e му/ѝ се допаѓа ова.
  25. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    672
    6 Јуни 2007
    Edno prasanje do kreatorot na temava- zs ne si sakal da stavis barem edna nvidia, da recime 560Ti, cisto za psysx onaka, posto ima novi igri sto go podrzuvaat, a grafikata da ja rabotis na CrossFireX 2x7970?
     

Сподели

Вчитување...