1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

И IT.mk се гуши!

Дискусија во форумот 'IT.mk известувања' започната од D, 16 Декември 2017.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    ☠️ И IT.mk се гуши! ☠️

    Со цел да се придружиме кон многубројните апели да се превземе нешто, да се апелира до сите и да се зголеми свесноста за овој проблем покренуваме мала иницијатива, односно си го гушиме сајтот во смог и магла преполна со PM честички.

    Загадената верзија на сајтот > www.it.mk

    [​IMG]

    За иницијативата, и како да го вклучите и вашиот сајт во неа, прочитајте повеќе тука > https://www.it.mk/krevame-glas-protiv-zagaduvaneto/

    Сите заслужуваме чист воздух!
     
    На JensenInterceptor, P.Overdrive, Daniel86 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  2. Chicco69

    Chicco69
    Unstoppable

    545
    2,334
    21 Април 2016
    Машко
    "да се зголеми свесноста за овој проблем"

    Безполезна демагогија и ништо друго. Сите сме отруени, дишиме на шкрги (маски), ќе сме зголемуеле свест.
    Потребни се конкретни мерки и казни!
    80% од загаденоста е од греење со ќумбиња на дрва во поширок смисол на зборот: бутање иверица, делови од мебел, прегорено масло, сунѓери, штофови, пластични шишиња, стари алишта, гаќи, чорапи и секое друго ѓубре што може да гори.
    Ако се сопре тоа, нема да има (големо) загадување.

    Мерки за решавање на проблемот (не оваа зима, пројде возот):
    - 100% покачување на цената на дрвата
    - 100% царина/данок за грејни тела на цврсто гориво
    - 100 евра годишна такса за секој оџак
    - 100 евра награда за секој што ќе пријави "трујач"
    - 0% царина и данок за инвертер клими
    - субвенции од државата за ПВЦ прозорци и изолација
    - ширење на мрежата за градско парно, стегање на уздите на БЕГ да не забегува со цени (во пракса, 50% поевтино парно)

    После сите овие мерки, ако сеуште има загаден воздух, може да се зборува за пар/непар возила, филтри на оџаците од фабриките и слични мерки ... тука веќе финеси ќе бидат во прашање.

    Гасификација на државата е утопија. Со најжустро темпо ќе бидат потребни 20 - 30 години. Таков проект би чинел 1 - 2 милијарди долари, а тогаш резервите на земјен гас ќе бидат намалени, цените дуплирани. И да грешам, кога ќе ви тропнат на врата после тие 20 години и ви побараат 2 - 3 илјади евра за приклучок (се мисли на куќа), кој ќе биде вашиот одговор?
    - No thanks, добро ми е и вака.

    Гасификација може да биде ефикасна во нашиов случај само во поголеми индустриски капацитети, јавни објекти (топлани, школи, болници и сл.), но тоа веќе функционира и треба да се заокружи во целост. Секаде каде што е возможно да се изведе во краток рок и каде е економски оправдано.
     
    Последна промена: 16 Декември 2017
    martin17, prichina, B@N@N@M@N и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    It.mk не може да направи ништо од сето ова што си го навел... Погрешна тема.
     
    artweb, cele_x и на D им се допаѓа ова.
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,528
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    Не е за ИТ.мк да направи нешто, туку само се апелира властите да преземат мерки.
     
  5. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Не прочитав ништо такво?
     
  6. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,528
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    Привлекуваат внимание, со цел да се освестат интитуциите/властите.
     
  7. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Во постот на членот. И темата ја згрешил, а ако апелира до владата и местото го згрешил. Ит.мк си е фирма што како сака ќе си го артикулира мислењето - решиле дека со димна завеса е правиот начин? Ок, нивна работа.
     
    На cele_x му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,528
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    Добро членот го понеле емоции. А ИТ.мк така си одлучиле, не е лоша идејата.
     
  9. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,001
    3,283
    7 ноември 2014
    Машко
    Не знам како да ја оценам иницијативата. Од една страна ми се допаѓа како идеја и го ценам вашиот напор, но од друга страна сметам дека и фали нешто.
    Ова е добар почеток, но можеби треба да се додаде уште еден дел, односно кога некој ќе го кликне копчето (гас маската), да му се појави мал текст за конкретни мерки што тој лично може да ги превземе периодов за да го намали загадувањето. Знам дека не е многу, ама секој најмал чекор е важен, нели? :)
     
    cele_x, SiPy` и на D им се допаѓа ова.
  10. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Негова работа, нема никаков проблем. Само забележав дека го однеле на погрешно место
     
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  11. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Најново: греење на кадавери! Контактирајте го најблискиот гробокрадец за 1м3 кадавери по цена од 1500 ден. непреработени или 2000 денари во форма на пелети. За етнички чисти варијанти доплата 300 денари.
     
  12. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,259
    24,691
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
  13. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,519
    15 Јануари 2011
    Машко
    Да бидеме реални, апели, иницијативи и сите новокомпонирани методи што сте ги научиле од политички коректни медиуми, блогови, тв прилози, маркетинг памфлети, PR академии, HR курсеви, итн. не функционираат во реалноста. Обраќање до влада и сл. е лаење/карван сценарио. Без разлика на кој влада во влада, сите што влегле внатре влегле да си ги наполнат џебовите без работа и ниеден од нив, без разлика Груџи или Зајчек, нема да поведе иницијатива против електорат што се грее на дрва, затоа што тоа е смртна казна! Побогу толку катетери исцицаа да се упикаат кај пензионерите!

    Ова се решава само на 1 начин, граѓани против граѓани! За Трпе од Деветнаесвеково ти да му укажеш дека со греење на дрва е глуп и сам си пука у нога и си ги труе внуците, треба да му го блокираш патот по кој секој ден со тамчето оди од својот дом во кој грее со 20kW една кујна на дрва/гуми/чизми до местото каде раскрева/пренесува нешто, т.е. да не му дозволиш да оди на работа. Да му кажеш дека денес нема да оди на работа со Тамчето од 1932 што го купил за 200Е и нема да се грее на дрва затоа што неговото живуркање е на товар/грб на 100 други луѓе, дека неговата егзистенција убива 100 други. Трпе, соочен со 100,000 протестанти, сакал-нејќел ќе мора да ја изгаси печката на дрва/пелети и да стави инвертер. Енд оф стори.

    Влада, млада, стара, нашминкана или бербоун, постои, за куп способни бизнисмени да го размножат имотот и 1000ници неписмени дудлачи јаки на збор/тестатура/фрлање боја да се вдомат и да лапаат плати, шетања, шопинзи без работа. Не очекувајте помош од влади, без разлика во која земја живеете, и која политичка паразитарија е на прво место.

    Моќта е во народот!
     
    На Costigan_Jr, STEFF, prichina и уште 5 други им се допаѓа ова.
  14. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,195
    2,893
    24 Септември 2012
    Од збор до збор.
     
    На Chicco69 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. toplel

    toplel
    On your way to fame

    552
    550
    18 Август 2016
    Машко
    Со ова само сакаш да ги збогатиш институциите, а во меѓувреме тие ништо да не сторат околу проблемот. Ова за тебе е решение? Опфаќаш теми (претпоставувам) базирани врз субјективно мислење. Со казнување на веќе осиромашен народ не знам што ќе постигниш.
     
    На cele_x и StevoB26 им се допаѓа ова.
  16. Macedonian97*

    Macedonian97*
    Intern

    28
    17
    9 ноември 2016
    Машко
    Не го причитав целиот пост, само одредени работи оти стварно ја дрвиш. Еве јас например имам куќа која има 2 оџаци (1 за парно) и 1 нормален, што значи дека јас би требало да платам 200 евра? Еве живеам во Прилеп, и 99% од жителите се грееме на дрва, па загаденоста е премногу мала. Скопје као демек пред 20 години се грееше на струја? Дај ти се молам немој вакви глупави работи да кажувате, се правите како супериорни ајде не е место ни тема за овај муабет...

    Кај бевте ко ги сечеа дрвата, или тогаш ви беше убо да лапате за м2 цена како да давате имот на Бора-Бора? Кај бевте кога ви го соголеа Водно, или и тогаш ви беа убави паричките? Уствари чекај не, поубо ви беше кога парите кои требаа да ги распоредат низ цела Македонија ги лупнаја таму изградија се и сешто, направија луѓето да бидат приморани да идат во Скопје за само еден алерго тест, а да не зборувам за тоа дека секое село во Скопје стана Општина и се случи пренаселеност на мала површина.

    Сега че здрви некој и како демек фабриките биле пречка, а за време на Југославија, во полна фаза работеле стотици фабрики, и пак немало загадување.

    Длабока тема само едноставно, плиток мозок. Се некој друг ви е виновен, а не гледате од самите себеси.
     
    Potop, RagingDemon и на StevoB26 им се допаѓа ова.
  17. Delta111

    Delta111
    Gaining Experience

    111
    115
    23 Мај 2010
    Загадувањето најмалку е од дрвата. Се знае кои се големите загадувачи само што очигледно не смеат да се спомнат па се префрла вината на корисниците на печки на дрва. Да се сака и тоа може лесно да се реши со субевниции за печки на пелети ама тогаш ќе се види дека дрвата не биле проблем. Не познавам загаден град во светот што е загаден од греење на дрва ама знам многу што се загадени од тешка индустрија, диви (и недиви) депонии во самиот град или негова близина. Да се има желба за месец дена ќе се среди загадувањето ама очигледно се нема.
     
    igor_igor, cele_x и на Potop им се допаѓа ова.
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Загадувањето се јавува во грејна сезона.

    Порано немало толку население во Скопје како денес т.е. два пати повеќе на иста површина.
    И другите градови во МК имаат повеќе жители со миграцијата село - град.

    Порано имаше повеќе корисници на парно греење.

    Решение на овој проблем е граѓаните да го кренат гласот заедно и да побараат од владата, бизнис заедницата и ЕУ итна гасификација.

    Секако се задолжуваме по светски и европски банки па сигурно може да се најде решение. Може да има референдум па граѓаните и бизнис заедницата авансно да го помогне проектот.

    Сите граѓански здруженија исто да ги искористат својата масовност и влијание за лоби во европските установи со цел помош за реализација на таков проект.
     
  19. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    885
    1,320
    6 ноември 2007
    Загадувањето се јавува поради маглата.
    Во јули да падне магла. ПМ10 честичките во Скопје ќе бидат 300
     
    igor_igor, cipiripi, cele_x и на уште 1 им се допаѓа ова.
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Со целосна гасификација единствен загадувач ќе остане сообраќајот.

     
  21. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,246
    24 Март 2009
    Машко
    Загаденоста во Скопјенце може многу лесно да се реши, единствено што треба е да се промени оваа ситуација:


    [​IMG]
     
    На stefano и SiPy` им се допаѓа ова.
  22. Potop

    Potop
    Gaining Experience

    169
    190
    26 Декември 2013
    Машко
    Се си објаснил само си заборавил каде живееш. Свесен си дека за одредени граѓани дрвото е единствен начин на затоплување. 100% зголемување на цената на дрвата и 100 евра по оџак и останати глупости што ги спомна не држат вода. Еве денес сите повторно се греат на дрва а нема загаденост. Многу ме интересира зошто? Имаш некое логочно објаснување? А ова што секое ќораво дрво го исекоа, што се градат згради по тоа кој како му текне, што не се остава проток на воздух помеѓу зградите тоа претпоставувам нема врска нели? Па кога ќе се решело со греењето тогаш да се видат филтрите на фабриките, ти ова озбилно? Гасификацијата ако се сака брзо се средува, според мене.

    Испратено од SM-G935F преку IT.mk форум апликација
     
  23. stefano

    stefano
    Gaining Experience

    171
    232
    8 Декември 2016
    Не бе глупи се Германија шо цела администрација им е распоредена низ различни градови. Дури и министерствата им се во различни делови од државата. Секој регион се развива паралелно и нема пренатрупаност и концентрација на 50 милиони луѓе во еден град.
    А ние сакаме скопје да е центар на се, епа бујрум пренатрупаност и заглавеност на се, од згради, сообраќај па се до воздух.
     
    На masterficx и RagingDemon им се допаѓа ова.
  24. Misko6000

    Misko6000
    On your way to fame

    716
    697
    5 Април 2015
    Машко
    Да прашам , денес дојде пролет или се гасифицирало Скопје а да не сум дознал?
    [​IMG]

    Sent from my MI 5X using Tapatalk
     
  25. #samurai#

    #samurai#
    Gaining Experience

    279
    231
    9 oктомври 2010
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...