1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Huawei паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 28 Февруари 2017.

  1. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,185
    6,288
    27 Март 2014
  2. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,801
    2,636
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
  3. krema

    krema
    Professor

    8,740
    8,478
    24 Јуни 2009
    Машко
    Мора да има драма, инаку како ќе ја формират цената за рекетот.
     
  4. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,174
    956
    2 Јануари 2012
    Машко
    Сериозно мислите толку лесно е да се преместат фабрики за ствари за кои што се измислени како да се прозведуваат во Кина за кое требало години да се постигне и ги држат патентите за тоа тие фирми?
     
  5. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    511
    664
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Не е до фабриките само, денеска Xi Jinping, босот од чајна и го посети еден од најголемите рудници на ретки метали, со медиуми од цел свет, чисто само Трамп да види со кого си има раоота. Новинарите убава работа кажаа. - Да можете да ги укинете сите произведители за чипови на Хуавеи, како Арм и Интел, Можете и целиот софтвер да го земете, и цела ваша ценета Интелектуална сопственост и компјутерски архитектури. Но што ќе ви се доколку не можете да изработите еден Чип, или лаички ИТ форумски кажано - Можеш да се фалиш со најновата Графичка и процесор, но што ќе ти се ако немаш струја?

    Нов факт за денеска, 80% од ископаната руда на силициум доаѓа од Кина, 5% од Америка.
    Од целиот ископан силициум, Америка и нејзините компании трошат над 80%.

    Трамп си игра играчки со неговава војна со Кина, а ние ќе си страдаме, дали ќе биде тоа преку Нвидиа, АМД, или Интел, или можеби Гугл и Епл, ако се зголемат тарифите за силициум, ке скокнат и цените.
     
    DelphiUser, Goran. и на The Geek Boy им се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,744
    24,815
    4 Септември 2008
  7. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    697
    210
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Незнам како може америка да си игра со приватна фирма на овој начин. Сите си плаќаат даноци и си бркаат работа.

    Тоа што Хуавеи е подобар од Ејпл се решава на друго поле. Се измешаа баби и жаби.

    Ја банираа опремата и чао пријатно. Ако добие Хуавеи подршка од Кина, ојде и америка и екомономија и све. Ке отидеме 100 години наназад заради паметната Америка.

    Следни се другите Кинески фирми и што ке остане? Ѓубре ајпл, Самсунг, Нокиа.
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  8. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    918
    406
    7 Март 2014
    Машко
    Грозна ситуација. Трговска војна помеѓу двете најголеми економски сили.Ова до негде е и очекувано уште кога Huawei сакаше да направи 5Г мрежа во Америка.Секако Америка нема да го дозволи тоа, милиони граѓани да користат Huawei телефони на нивна 5Г мрежа. Дали ова е теорија на завера или не, не е ни битно.. едноставно најголемата светска сила да му даде на најголемиот противник моќ на телекомуникациските услуги.Нема шанси.Штета ќе има само обичниот корисник.Доколку ова остане вака како што е мислам дека е крај за Huawei.. дури и да направат нивни Store, кој може да функционира без Facebook,Instagram,Gmail,Youtube..тн. сите тие се амерички компании.
     
  9. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,115
    1,504
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    5G најмногу ќе има импакт во IoT и тука е најголемиот секјурити проблем од што Американците се плашат и не сакаат да дозволат да биде на туѓи раце.
     
    На cele_x му/ѝ се допаѓа ова.
  10. architect

    architect
    Unstoppable

    1,896
    2,229
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    Дали ти мислиш дека америка ќе застане само на HUAWEI ? Кинеските уреди забрзано напредуваат и прашање на време е кога и на другите полиња ќе исфрлуваат технологија која ја гази америчката. 1/4 од популацијата на планетава се Кинези, математички пресметано е да они бидат следната економска светска сила. Пак ќе напоменам, и ако сака да стане и остане стабилна светска економска сила се ќе мора да се откачи од америчкиот товар, потег кој економски ќе ги убие американците, а не кинезите. Можно е кина да го жртува HUAWEI, колатерална штета но за да ја заштит својата економија, пазар и позиција ќе почне да ја убива америчката, а американците такви дебели и мрзливи, ако друг не им ги врши работите ќе умрат и за вода.
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    630
    671
    9 Декември 2015
    Машко
    Веројатно на ист начин како што кинеската влада не дозволува Фејсбук, Гугл, Мајкрософт и други американски компании да бидат присутни на кинескиот пазар.
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,864
    2,801
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Јесте дека сакам ајфони, али колку сакам ајфони толку ја мразам Америк, светскиот полицаец, а нешто не им годи, опа бан на Хуавеи од сите американски сервиси кои се кључни.

    Дај боже да врати Кина, и да има намали или се откаже од фабрики Американски кај нив, ни сметам дека пак ќе излезе Америка негребната. Најголемите it компании се Американски, секогаш, фејсбук, гугл, амазон, ибеј итн ќе биде прв интерес пред се' што има да понуди Кина.
    И за жал Хуавеј е како компанија за телефони, веќе мртва.
    Ова е една од најпедерските работи шо можеше Америка да ги направи. И моментално и успева, па ќе видиме шо понатака.



    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,801
    2,636
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Кинезите имаат нивен гугл, нивен фејсбук, нивен твитер, јутјуб итн., практично сите овие сервиси се банирани во Кина и заменети со нивни кинески, а вие се чудите како смееле американците да стават забрана на Huawei LOL :D
     
    На draganamon и FLEGMA им се допаѓа ова.
  14. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    511
    664
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Со таа разлика што хуавеи им го даде цел код на анализа на Америте и европејците, кои не пронајдоа ништо, додека пак гугл не сакаше да го даде целосно на кинезите (што е повеќе од јасно дека гугл е тој со бекдорс и шпионирање, заедно со фејсбук -прочуениот колекционер на персонални информации). Тоа го направи само Ејпл, кој е познат по затворен систем, но се отвори пред кинезите за да може да ги продава уредите во кина.
     
    vlavot, mdeni и на DelphiUser им се допаѓа ова.
  15. DelphiUser

    DelphiUser
    On your way to fame

    619
    717
    2 Март 2011
    Машко
    Не е проблемот во банот на Huawei во Америка, проблемот е што трамп ги присилува сите останати да прекинат соработка со кинезите, со што пари со што пиштол на глава, америчките сателити се приморани да ја извршуваат валканата политика на трамп. Нивниот акт гласи: не мора да даваме објаснување зошто можеме да даваме забрани за Huawei.
    Со овој потег се губи секаква илузија дека во светот постои право, правда, слобода и слободен пазар. Ова е на некој начин војна со која сака да се уништи Кина. Кој е следен, Xiaomi? Веќе ZTE го изеде стапот. Дури и Toyota и VW го изедоа стапот од америчката влада и изгубија по 30тина милијарди долари. Оваа надворешна политика на белата куќа е многу лоша за целиот свет.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    630
    671
    9 Декември 2015
    Машко
    Е добро утро. Се надевам дека не требаше да се случи ова со Хуавеи за да разбереш дека меѓународно право не постои во реалност туку само на хартија (па Македонија ти е жив пример за тоа). Инаку 100% сум уверен дека Кина или Русија да е на местото на УСА ќе го прави сосема истото.
     
    На Goran. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Happy

    Happy
    Gaining Experience

    697
    210
    21 Јуни 2010
    Wellness советник
    Отидовме оф топик. Мене лично апдејти не ме засегаат, само да не ги затворат Google сервисте. Ке треба да купувам нов LG V40 :p. Кинезите се премногу паметни последно време, за 20 години ке доминираат во светската економија. Конечно ке заврши студената војна и ке се работи на проширување на други планети :)

    Испратено од LYA-L09 преку IT.mk форум апликација
     
  18. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,175
    2,869
    24 Септември 2012
    Па е на местото на УСА, и Кина и Русија. Ама гледаш дека не го прават тоа. Се фокусираат да доминација преку извоз на нафта/гас и електроника. А не на неспособност и рекет.
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  19. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,801
    2,636
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Да сигурно, во иста позиција се, еве гледам америчка компанија само што не почнала да развива 5G инфраструктура во Русија и да продава амерички 5G уреди, Путин е пресреќен!

    Хаха. Абе бајчиња се кинезиве. Државата што го има најсовршениот surveillance систем на светот, имаат Social Credit систем кој им е скоро завршен и веќе се имплементира на повеќе нивоа, те оценуваат од тоа што правиш на интернет до тоа со какви луѓе се дружиш.. Не постои производ на светот што нема своја кинеска копија, крадени патенти итн... Масовна цензура, обиди за хакирање аминувани од нивната влада.. Во скоро секој релативно непознат кинески бренд на телефон имаш adware и spyware онака апла очигледно итн итн....

    Дали си ти свесен дека покрај барањето за строга цензура, од Google бараа и целосно предавање на сите податоци на секој еден кинез што ќе сурфа, односно шпиунирање во права смисла на зборот? Дали си свесен зошто илјадници вработени во самиот Google протестираа против Dragonfly, проект развиен oд Google под уцена на кинеската влада со цел за шпиунажа врз сопствените граѓани??

    Кина е авторитативна држава со еднопартиски систем, владата меша прсти и има контрола врз скоро сите компании. Логично е и Huawei да бидат потенцијален ризик, без разлика колку и да се правдаат. Дали требаше да се реши со ваква забрана - секако дека не, ама прекинете со смешниве муабети.
     
    На drifter, FLEGMA, Skorp и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. cyberbaze

    cyberbaze
    Gaining Experience

    159
    122
    20 Јуни 2009
    Јас типувам дека дали за брзо (или побрзо) ќе се изнајде договор.

    Но тоа не значи дека било која поголема компанија нема да има во предвид што може да им се случи.

    Погоре се пиша и за сицилиумот во кина за кој се вели дека кај нив се 90% од вкупните резерви.

    Тоа што е уште поинтересно е дека дури 80% од сицилиумот оди во америка.

    Замислете што би значело да не смее да се извезува :/

    Кинезите без разлика дали му се допаѓа тоа некому или не мора да се признае дека се многу паметни и имаат долгорочна стратегија.

    За разлика од (челото на) америка каде се носат многу брзи, краткорочни но непромислени потези.

    НЕ сум користел Huawei телефон, најверојатно нема ни да користам, но компанијата е од клучно значење за целата индустрија.

    Да не зборуваме за 5Г технологијата каде се 2-3 години поднапред од било каква конкуренција.
     
  21. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,282
    12,332
    2 Август 2012
    Машко
    И Panasonic им откажа љубов
    Panasonic examines Huawei relationship

    Чекај те ги Intel,Qualcom и Sony (камери) да направат исто ако ова исто лудило се прошири на други компании од Кина. Кинезите ја цапнаа со пре-строгото блокирање на Google.
    Сега ќе цицаат весла.

    btw
    И не, не е проблемот само во тоа што го блокираа Google. Wikipedia исто така! Блокирање на се и сешто, нивниот одговор на Amazon во форма на Aliexpress/Alibaba итн.
     
  22. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,115
    1,504
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Челото на САД не се состои само од Трамп, претпоставувам дека знаеш, тоа е една работа друго колку и да изгледа глуп човекот се разбира од трговија подобро од било кој во таа цела администрација, и јас го мразам како карактер но далеку е од глуп а и одлуките не ги носи он од тепка дека така му текнало краткорочно, ако следиш што се дешава последната година ќе видиш дека хуавеи е под лупа на американската администрација одамна почнувајќи од забраната да се продаваат телефоните во САД, па апсењето на ЦФО-то на хуавеи па се до ова што се деси сега.
    Хуавеи го сменија седиштето во европа од германија во ирска ...

    Треба да се воздржуваме со изјави како од типот дека хуавеи се 3 години пред конкуренцијата за 5г, знаеш кој друг работи на 5г или знаеш до каде се останатите со рисрч или имаш некоја инсајдерска информација, цитирај бсрем некој извор ...

    Тука нема ништо ново, истото им се деси и на ЗТЕ па истото го кркаа и хуавеи, разликата е што во европа за разлика од зте они имаат огромен пазар и јузер бејс па последиците ќе ги осетиме многу повеќе.
     
  23. Can4sta

    Can4sta
    Gaining Experience

    309
    327
    19 Јануари 2008
    Американците не се глупи, они се многу паметни кога се работи за вакви работи, знаат многу добро што прават, и што сакаат да постигнат со овој бан... тие одамна ги напраиле математикиве за наредните 5-10години, немојте да мислите дека не ги пресметале и можните рестрикции од Кина, или па контра одговорот на Кина...

    Жал ми е што требаше Хуавеи да го јаде ни крив ни дужен во целава ова политика КИНА вс Америка.

    Во нареден период очекувајте уште многу вакви слични акции, поготово од страна на американците, тие се махери за вакви ствари, јас мислам дека ќе се рчкаат и за војничка технологија многу брзо...

    Трумп го интересираат само пари, затоа он нема да запре се додека гледа можност да заработи од некоја работа, очекувајте во наредиот период и фирмите негови да достигнат пораст...
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    219
    131
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  25. cele_x

    cele_x
    Gaining Experience

    364
    495
    2 Септември 2012
    Машко
    Токму така и јас мислам дека проблемот е 5г кој е планиран глобално да стартува во 2020г, 6г во 2030г и 7г во 2040г. Американците сакаат да ја имаат водечката улога но кинезите веќе работат на 6г и 7г. Скенер технологија со 7г секој дел од земјата би бил скениран (аудио и видео) етети комплетна контрола врз се.
     
    mdeni, DelphiUser и на gremlin им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...