1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Huawei паметни телефони - генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од psyside, 28 Февруари 2017.

  1. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,618
    5,260
    21 Јануари 2009
    Вестта што е сериозна, сериозна е но лавина експерти, и теории на заговори, и познавачи на светската политика на повидок.
     
    Mao, windows8, Маша и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    557
    765
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    А зошто ти мислиш дека кинезите не можат да извадат нешто? Кога можат да бидат први во 5г технологија, ваљда ке извадат некој софтвер. Многу ги потценувате. Прво и основно Гугл си наплаќа рекет од 50 до 100 долари за тие сервиси од секој уред. Тоа се 100 долари кои нема да бидат наплатени на корисниците. Најважно за корисниците е цената. Сега комотно може хуавеи да намали цената на уредите од 100 до 200 долари што не е малце.
     
    The Geek Boy, moongose и на Rac58 им се допаѓа ова.
  3. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,079
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    :D:D:D:D:D

    Другар, не е дали цената ќе се намали или не. Никој у модерен свет (надвор од Кина) нема да купи Хуавеј со шкљ софтвер. Дури ни тие у Индонезија. Макар го симнале П50 Про на 250$.

    Гугл рекет си наплаќал, смешно е вакви термини да користиш на ваков форум. Кој ги тера Хуавеј да им плаќаат? Ете нека си измислат алтернативи. Гугл си измислил тоа што си измислил и сега си наплаќа за тоа. На доброволна основа им се тие сервиси: бујрум, ако сакаш да ти се bundled, ќе си платиш лиценца.

    Истиот муабет е како Мајкрософт вс светот, а не ме терај да почнувам за тоа.

    Бато, ти си нешто неупатен а?
    Гугл и претходно не вирееше на кинески пазар.

    Great Firewall - Wikipedia
     
    Изменето од модератор: 20 Мај 2019
    Zippo, The Geek Boy и на Скоти им се допаѓа ова.
  4. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    557
    765
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Ако не си запознает како функционираат работите во вистинскиот свет, рекетарство е се каде постои монопол. Наместо сите да се против корпорации како гугл вие ги бодрите. Ок, ваше мислење. И пред 2 години викавте хаваи се шкљ, па еве тие се единствен мобилен производител кој е во нагорен тренд годинава. Ти не би користел, но прашај го народот. 99 од 100 би зеле п30 наспроти некој а50 од самсунг. Но допрва ќе видиме. Времето ќе каже
     
    Audiofil, Lokvan и на mdeni им се допаѓа ова.
  5. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    241
    155
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Потполно се согласувам. Кина оддамна е економски колос, и Америка ја мина пред 2 години. 20-30% од сиот амерички долг во вид на обврзници го поседува Кина. Кина не е само Хуауеи или Ит секторот. Безмалу половина од сите светски брендови, било автомобилска, текстилна, спортска и друга стока за широка потрошувачка се произведува во Кина. Кинескиот работнок денес е остручен и техолошки оспособен за било кој дел од производствениот процес. Кина инвестира баснословни суми во инфраструктура, како и истражување на минерални богатства низ цела Африка, а неоддамна и во Европа (патот на свилата). Проблемот е во тоа што не настапува колонистички како Америка, туку со фер соработка со државите. Еве втора година Америка не започна нова војна и прдна во празна кофа. Нивната парола е " Нека војна, нема пари нема мир". Ова личи почеток на крајот на американската доминација. Не е сега крајот на 20-от век, кога Русија ја клекнаа на колена, а кинескиот работник за 20-30 долари плата работеше за вујче Сем. Нештата последниве години се сменија драстично. На терен има се повеќе игрчи како Роналдо о Меси.
     
    На Audiofil, The Geek Boy, Маша и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    557
    765
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Еве со средени мисли, бидејќи ти си бог тука а останатите неуки и само бладаме. Европска унија го казни гугл неколку билиони евра поради прекршување договори, приватност и доверба. Како одговори гугл ? Еве да ти кажам, Со наплата на сите гугл системски апликации, како и Хром и Гугл пребарување. Кај премиум моделите ова достигна до 40 евра од телефон. Кој ги плаќа тие? Ние, крајните корисници, не ова не е рекет нели?

    Google was fined a record €4.3 billion last year for abusing its market dominance in mobile, and €2.4 billion the year before that for manipulating shopping search results.

    Google hit with €1.5 billion antitrust fine by EU

    Дури и казнет за рекетарство и монопол но нееее, јас бладам. Ајде да бладаме сите заедно!

    Андроид 10 ќе има на следните хуавеи телефони, сакаш да се кладиме? И ако мислиш дека на гугл му е сеедно што ќе изгуби една четвртина од профитот од реклами, во заблуда си ти, не ние. Проблемот е што гугл е америчка компанија и мора да работи под законот на америте.

    Ова видео стана многу релевантно после викендов, иако постирано пред 3-4 недели, кој има време нека го погледне


    View: https://www.youtube.com/watch?v=IfxfdHJ3k9Y
     
    На Lokvan и TexasUS им се допаѓа ова.
  7. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,464
    1,891
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Не се разбирам многу од економија и политика, но знам дека "Кина" и "добар софтвер" не идат во иста реченица без негација.

    Така да, доколку Хуавеи се одлучи да прави сам софтвер, т.е. оперативен (а баш и нема некоја алтернатива) - чао Хуавеи.
     
    На The Geek Boy, olikomerc, worker_x и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,079
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    Ми даваш линкови од казни за Гугл, казни што го теретат за МОНОПОЛ (НЕ ЗА РЕКЕТАРСТВО!!!) затоа што ставаат свои сервиси во Андроид ОС.
    Исто како што Мајкрософт го рокнаа пред 20 години за Windows Media Player.

    Is Google’s $5 billion antitrust fine a Microsoft moment?

    Али ти си бил у пелени тогаш, па ваљда не можеш да ги сврзеш темите.

    Јас ЦЕЛО ВРЕМЕ ти посочувам дека Хуавеи по СВОЈА ВОЛЈА става Андроид на своите мобилни телефони и по СВОЈА ВОЛЈА плаќа за лиценците за сервисите кои Гугл ги нуди. НИКОЈ не ги тера да го прават истото, освен под притисокот на популарноста на Андроид.

    Ти очигледно си неупатен во темава и си го браниш својот нов П30, али немој да одиш со глава во ѕид и читај што ти се пишува.

    Еве нешто тазе од The Verge, истите од кои ТИ ми даваш линкови:

    Huawei’s phone business would be decimated without Google’s Android

    Али што знаат и они, оди пиши им мејл како се грешка.
     
    На The Geek Boy и Скоти им се допаѓа ова.
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,398
    12,534
    2 Август 2012
    Машко
    Европските потрошувачи ќе настрадаат најмногу од оваа војна. Кинезите и вака и така не користат Google производи. Самата кинеска влада минативе години со сите сили пробуваше (и успеа, нормално) да ги исфрли сите Google производи.
    Што се однесува до Америка, американците исто така немаат пристап кон телефоните на Huawei во широката трговска мрежа.

    На 20% од девелоперите во светот им е скратен пазарот со овој потег и со самото тоа, како што реков, на потрошувачите од Европа. Трамп ќе мора да попушти со декретот на крајот.

    Хуавеи како можен излез можно е да има сопствени сервиси кои веднаш ќе го заменат Google а пошто се ионака е "open source" можно е да штанца апдејти побрзо и од самиот Google.
    Друг излез за Huawei (и ултра глуп и непотребен) е да развива телефони со сопствен OS.


    Во меџувреме ZTE (како инфраструктурен провајдер), Oppo, Xiaomi и VIVO (како производители на терминална опрема - паметни сатови, IoT уреди, мобилни..) растат со еднаква брзина како Huawei така што ова се очајнички обиди на администрацијата на Трамп да се „стори нешто“ со оглед на тоа што на крајот од 2019 година Huawei ќе ги замине Samsung и Apple кои незадржливо стагнираат (ете ти оксиморон)

    Потезов на американците е легален и логичен но пазарно не етичен па се оправдува со ѓоа бекдорови и шпиунски софтвер. Facebook, Google, Microsoft , Amazon и Apple веројатно повеќе знаат за поединци во Кина отколку Кинезите што знаат за американците. Ако на ова се додадат америчките служби за шпијунажа јасно е дека изговорите се кретенски.

    Друг проблем е што најверојатно ова е само почеток кој ќе го следат Intel и Qualcom.
     
    The Geek Boy, Маша и на Enquito им се допаѓа ова.
  10. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Не е жално на ИТ форум да се збори за политиките на одредени компании во ИТ, но жално е што сте прочитале и не сте дочитале.

    Америка издаде забрана за тргување со одредена листа на компании вклучително и Huawei, но во ни еден случај во таа забрана не спаѓа користење на Андроид како оперативен систем што е Open Source, туку спаѓа забрана на доброволно плаќање лиценци хуавеи да го користи еко системот на Google односно Play фрејмоворкот.

    Хуавеи ќе продолжи да користи Андроид, ќе има безбедносни абдејти како и секој Андроид, и како што Samsung што ја сфати политиката на Google, Huawei почна да користи свој фрејмворк. Односно 80% од надоградбите на системот во последниве година дена се префрлени засебно по апликации и засебни фрејмворкови и истите добиваат абдејти преку Play Store И преку Samsung/Huawei App сторот а не како што беше порано.

    Целата заедница на девелопери уназад 10 години на xda developers прават custom ромови со сток и чист андроид без еко системот на google, а секој што го сакал и бил навикнат на тој еко систем можел во 30 секунди да го инсталира. Имало луѓе што рутирале и свесно губеле гаранција за да го тргнат тој еко систем, исто ќе биде и сега, со неколку твикови ќе може да се инсталира gapps, нема такво нешто во моментов што може Google фрејмворкот да биде забранет на хардверско ниво. Освен што ќе биде несертифициран како на пола кинески телефони и тв боксови.
     
    На The Geek Boy, Lokvan, Маша и уште 3 други им се допаѓа ова.
  11. Rac58

    Rac58
    Gaining Experience

    241
    155
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
     
  12. gamon

    gamon
    Gaining Experience

    389
    397
    15 Септември 2014
    bekrija
    Значи после вашиве постови да резимираме: Хуавеј нема гајле, меркиве од уса се ништо опасно и наместо да го уништат ќе го направат појак. Корисниците ќе добијат подобри програми и полесно одржување на уредите. Трамп е најдобар.
     
    На Rac58 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bandrej

    bandrej
    Gaining Experience

    136
    150
    9 Март 2016
    Машко
    .[​IMG]

    Sent from my Redmi Note 5 using Tapatalk
     
    На The Geek Boy, CyberMen, zelenko и уште 4 други им се допаѓа ова.
  14. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    992
    1,521
    13 Јануари 2014
    Машко
    Битен момент е што ќе добиваат само безбедносни апдејти, а поголеми апдејти од типот на Android 10 и слично, не верувам. Пак се прилично осакатени. А и за оперативниот како AOSP ќе треба да се изначекаат за Google да го објави јавно кодот, па да спремаат нивна верзија со нивен "skin".

    Во секој случај, крајните корисници, воглавном од Европа, губат најмногу. Американциве и онака последниов период немаа лесен пристап до Huawei, Кинезите се навикнати без Play Services, ама сите останати губат. И дури и да решат да користат свој оперативен систем (има муабети дека е во развиток веќе некое време), општопознато е дека нема оперативен систем кој преживеал покрај Android и iOS. Како пример ќе ги спомнам Windows Mobile, Blackberry OS и Tizen, ама далеку се од единствени.
     
  15. D3N1EL

    D3N1EL
    Practice makes perfect

    2,855
    1,388
    10 Август 2010
    Машко
    Ударов по Хуавеи е индиректен шамар на Кина и нивната економика. До кога ќе си дозволуваат такво нешто, бидејќи ова е веќе втор шамар после приказната со ZTE. На овој момент ме интересира само контра реакцијата од Кина кон Америка.

    Ако ZTE се "спаси" со тоа што платија $1.4 милијарди, можам да предпоставам дека Huawei ќе плати ~$5 милијарди и се ќе биде решено.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Тоа што го тврдиш не е така. Никаде не спомнав дека Huawei прави нивни оперативен систем туку дека прави нивен framework што ќе работи на Android.

    Андроид има отворен код, секоја помала промена од различни девелопери е јавно достапна и секоја голема верзија се објавува на годишна конференција. До тој момент ниту еден друг производител го нема кодот од таа верзија. Кога ќе стане јаво достапен сите почнуваат да работат на него и да го пуштаат за нивни уреди. Што е повеќе stock и што повеќе "библиотеки" односно frameworks се користат на Google толку побрзо се прави ромот. Samsung има свои framework за Samsung Pay додека framework-от на Google е за нивната апликација Google Pay.
    Затоа Huawei и Samsung се најспори во носењето на надградби затоа што имаат свој framework што треба да се оптимизира секој пат од поново.

    Крајните корисници нема да осетат никакви разлики сакале верувале сакате не. Проблемот е политички и така и ќе се решава. Ова не е ништо ново, во Америка уште месеци уназад се забрани да се користи Huawei мрежна опрема заради "заштита од безбедносни причини".

    Политиката е на политичарите. Мене не ме интересира ни Трамп ни Америка ни Кина. Тука сме повеќето ИТ едуцирани и дигање паника како тоа немало Huawei да има веќе Андроид е смешно и жално.

    @D3N1EL моја претпоставка е дека ќе удрат по она што најмногу ќе боли. Целото производство на делови за Apple е во Кина. Има мал милион начини да се изигра тоа, од вовдеување на 100% царини до тотално затварање на фабриките односно затварање на производството за одредени чипови, флетови и слично.
     
    На The Geek Boy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TexasUS

    TexasUS
    Gaining Experience

    202
    126
    25 Февруари 2017
    Машко
    The Irish Times: Huawei can roll out own mobile operating system ‘very quickly’
    Well, well, well...
     
    На DelphiUser му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gremlin

    gremlin
    Practice makes perfect

    2,189
    1,590
    18 oктомври 2009
    Машко
    IT
    Да да така лесно ќе затвараат фабрики, не е толку лесно да оставиш луѓе на улица, едино епл ќе има проблем со продажба во кина но и тоа ќе видиме ...
     
  19. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,275
    1,021
    2 Јануари 2012
    Машко
    Лесно се затвараат кога цел свет зависи од нив. Кина има пари да ги плати луѓето да не работат, остатокот од светот нема како да произведе многу од работите што се прозведуваат во Кина.
     
    Последна промена: 21 Мај 2019
    Audiofil, The Geek Boy и на Rac58 им се допаѓа ова.
  20. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,286
    2,972
    24 Септември 2012
    Видиш како лесно се решаваат работите.
     
  21. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,079
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    Или ти не знаеш да читаш или ние сме на дроги.

    НИКОЈ тука не рече дека немало да има Андроид за Хуавеј (ако продолжи оваа ситуација), туку нема да има Андроид 10/11/12 (истото што ти го посочи и @fuzzjaw ) во оваа форма како што сега ја имаат во Европа/светот, ма колку сакаш ти глуми познавач.

    Aли што знаат The Verge, еве Иван од ИТ форумот ќе ги поправи. Коментирај им да си ја поправат статијата.

    Јас како што гледам единственото жално и смешно во ситуацијата се твоиве постови, со оглед на тоа што се посочува на сите светски релевантни портали. Ама чим Иван1500 вика дека крајните корисници немало да осетат никаква разлика (и покрај милионите мои погорни линкови и цитати) - сигурно е точно :cry:
     
    На Скоти му/ѝ се допаѓа ова.
  22. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    436
    1,256
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @Balanar The Verge си ја поправија статијата и го додадоа следното:

    The U.S. Commerce Department on Monday created a general license restoring Huawei’s ability to maintain existing networks and provide software updates to existing Huawei handsets.

    The license, which was posted for public inspection, scales back the restrictions imposed by the U.S. government last week on Huawei Technologies Co Ltd’s buying U.S. goods in order to help existing customers.
     
  23. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,079
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    И каква врска има ова со софтверскиот дел на твојот пост? Им го продолжиле грејс периодот до август, но ова е сосема друг муабет од тој што би се случило ако останат без подршка на Гугл во развивање на Андроид ОС.
     
  24. fuzzjaw

    fuzzjaw
    Practice makes perfect

    992
    1,521
    13 Јануари 2014
    Машко
    Клучното во муабетов е existing networks и existing Huawei handsets. Што со уредите што ќе излезат допрва?

    За претходниот муабет, не спомна ти дека Huawei прават оперативен, никаде не реков така, ама има муабети дека подолго време развиваат свој OS.
     
    The Geek Boy, Скоти и на Balanar им се допаѓа ова.
  25. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,079
    1,163
    6 Декември 2016
    Машко
    И ја така прочитав, демек од 2012 некаде.
     

Сподели

Вчитување...