Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Сосема различни карактеристики би очекувал од компјутер за гејминг и од сервер, барем јас лично. Имено, од домашен сервер, особено ако сум со ограничен простор, би очекувал да е што потивок и што поефикасен, зависи од потребата можеби и значително повеќе рам, можеби ецеце и евентуално графичка со виртуелизација. Гледано според редит најчесто се користат како комбинација од NAS, firewall и по некој помал сервис така што ретко кој има потреба од графичка или над 32GB RAM во него. Парите што инаку би се потрошиле на графичка, тука би ги вложил во поквалитетни перки, дискови или пак УПС.
Гејминг компјутер од друга страна, не би ме засегала неговата енергетска ефикасност или колку простор за складирање има ниту пак колку е гласен. Парите што инаку би се потрошиле на хард дискови, скапи ладилници, УПС и слично тука би ги вложил во подобра графичка, побрз но можеби помалку РАМ и/или помоќно напојување.
Компјутерот што го наведе не е многу енергетски ефикасен и верувам дека е доста бучен. Згора на се за гејминг најверојатно ќе користиш виндоус а за домашен сервер е многу позгодно да имаш хипервизор од типот на Proxmox, ESXi или во најмала рака линукс. Дали е доволно моќен да гејма со виртуелизиран виндоус искрено не знам.
На крајот се сведува на тоа што сакаш да гејмаш, за какви потреби ти треба сервер и дали ќе го наместиш во работна соба или во спална. Моите коментари погоре се општи и не значи дека секогаш држат вода. За споредба, за околу 25-30к можеш да составиш мини серверче со ~15dB бучност, 8 vCPUs (i3-10105F), 32 GB RAM, 1TB 960 EVO NVMe и потрошувачка од околу 15W без значително оптоварување (пример од лично искуство). Ако ги земеш на старо деловите верувам можеш уште 30% да заштедиш.
Јас колку што можам да разберам на ОП му треба компјутер за складирање на филмови, фотографии и сл. Истовремено и за гејминг. На негово место не би купувал ваков „гејминг“ сервер туку гејминг компјутер со нормален процесор, матична и куќиште. И кои лесно ќе може да ги надградувам и лесно сервисирам во иднина.
Ова е работна станица од високо ниво, но е десетина години стар модел.
Не е наменета за играње, туку за сериозна работа. Не е ни предвидена да работи со конкретната графичка.
Не знам колку е паметно да се користи како сервер, не се станициве баш најштедливи, иако се бесшумни и можат да се вклучени 24/7.
Многу лоша идеја е ова за домашен сервер. Многу е предимензиониран, неефикасен и нестандарден.
За домашен сервер ти треба дуал или квад кор со 16Гб РАМ без графичка карта, докај 15к најмногу.