1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Home/Office конфигурација

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од TATA_MATA, 24 ноември 2019.

  1. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,822
    25 Март 2013
    Машко
    Нит имам потреба, нити пак ќе јас склопувам, но бидејќи нема ваква тема за овој usecase ме интересира што би препорачале за компјутер кој би се користел за Office, сурфање и гледање филмови (без било каков гејминг).
    *Знам дека некои работи се оверкил, но за ваков usercase не се очекува дека корисникот за две-три години ќе прави било каков upgrade туку ќе го користи 8+ години и затоа ја одбирам подолгорочната воедно и поскапа опција.

    Јас би одел вака
    Ryzen 5 2600* 8000 денари
    MB MSI B450 A-PRO MAX 3910 денари
    SSD 2.5" Kingston A400 Series 480GB 3300 денари
    2 X DIMM 8GB DDR4 3200Mhz Kingston CL16 HyperX Fury 5400 денари (*+нема 4гб)
    Напојување некое 450W-500W EVGA Bronze до кај 3000 денари
    Куќиште од 1000-1500 денари со еден вентилатор.

    Вкупна цена: околу 25000 денари




     
  2. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,405
    13,488
    23 Јануари 2008
    Манга
    1) Ти фали графичка
    2) 450-500W EVGA Bronze тешко за 3000
    3) куќиште за 1000-1500 со вентилатор исто тешко
     
    На Arabian и Avid им се допаѓа ова.
  3. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,630
    1,408
    27 Јануари 2011
    Машко
    За таков ПЦ нели е подобра и поефтина опција АМД А серија процесор. Он борд графичка е сосема доволна за тоа што треба за таква конфигурација.
     
    На Arabian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,436
    3,159
    24 Септември 2012
    Зависи што офис, ама јас би одел на:
    Ryzen 3600
    8gb raм
    250gb ssd
    B450 maticna
    Najeftinoto kukjare sose PSU.

    Ова за мене би било идеално. Апсолутно минимална цена, а задоволително за да летаат дури и понапредни офис работи.
     
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,405
    13,488
    23 Јануари 2008
    Манга
    Овде едната од бројките не оди во ниедна комбинација со другата.
     
  6. StefAngel

    StefAngel
    Practice makes perfect

    1,649
    1,076
    28 ноември 2015
    Машко
    Ако ти треба слична конфигурација со подобар процесор, види ми ги темите за слични пари имаш добра конфигурација.
     
    На TATA_MATA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,822
    25 Март 2013
    Машко
    1) не треба
    2) Во право си. Cooler Master тогаш
    3) и за ова си во право. Тогаш 2200 денари со вклучени вентилатори

    @mdeni Да вградено куќиште би го ставил за некоја побуџет варијанта, но тие се мачка во вреќа
     
  8. Tajson

    Tajson
    On your way to fame

    597
    768
    25 Февруари 2016
    Машко
    Ти фали графичка! Тој процесор бара графичка!
     
    MasteR_#0, TATA_MATA и на gOJDO им се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,436
    3,159
    24 Септември 2012
    Офис.
     
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,405
    13,488
    23 Јануари 2008
    Манга
    Ryzen 5 2600 нема интегрирана графика. Единствени со интегирарана графика се G моделите на процесори.

    Прво за офис сметам дека Ryzen 5 3600 е оверкил во моментов и догледна иднина. Второ сметам дека 16GB RAM е минимум во комбинација со Ryzen 5 3600 за било каква намена. Дополнително практично е невозможно да најдеш 2х4GB DDR4 на 3200MHz, т.е. на нативната фрекфенција на Ryzen 3000 процесорите. А и да најдеш цената ќе биде неоправдана, т.е. 70% од цената за 2x8GB. Разликата во цена на вкупната конфигурација со 2x4GB и 2x8GB ќе биде 1-3% и нема никаква смисла „заштедата“. Особено не што денешниве веб браузери без мака полнат 8 гигабајти RAM, така да апсолутно е оправдано да се турат 16GB.


    Нејсе, сметам дека Ryzen 5 2600 е пологичен избор за офис конфигурација, едно поради тоа што е доволно моќен за да брка работа во наредни години и сметам дека нема да забележат разлика во користење помеѓу него и Ryzen 5 3600.
     
    MasteR_#0, TATA_MATA, MadBuldog и на уште 1 им се допаѓа ова.
  11. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Мислам дека е оверкил за офис варијанта, но зависи што ќе се работи на компјутерот.

    Ако е за MS Office пакети, браузање, без некој софтверски пакет за графика/големи бази на податоци, доволно би било некој Интел Г или соодветен АМД, 8 гига рам и 256 гига SSD.
     
  12. shifty

    shifty
    Модератор

    1,012
    1,325
    5 Септември 2009
    upload_2019-11-25_14-29-18.png

    - За канцелариско office/internet користење реално се што е над 4 јадра е повеќе од доволно (засега);
    - Можеби ќе се пројде и со поефтина плоча, меѓутоа пасивново ладење на VRM/SoC секцииве е фино за цената;
    - RAM dual-channel 2х4GB за канцелариски активности е пристојно, воедно нема потреба од поскап RAM, истиот би требало да оди барем до 2933Mhz CL15-16;
    - За да се избегнат повеќе кабли и сл. би предложил M.2 SSD, доколку релиабилноста е приоритет тогаш нека се размислува за RAID 0 со други дискови;
    - Мала инвестиција во кулер за процесор + вентилатори за во куќиштето = тишина+ниски температури (не дека ќе е проблем ама сепак);
    - Остатокот од средствата искористи го за останати влезни уреди.

    R5 2600 = +3.000, 8GB->16GB RAM = +3.000, GPU = +3.000, или дополнителни ~9.000 ден. кои може да се искористат во периферија/монитор/софтвер итн.
     
    На SmartGuru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,112
    596
    12 Април 2017
    Машко
    Би сменил процесор со 2400G затоа што има графичка, и рам би ставил 8ГБ. Матичната нема потребад да биде Б450, може да биде А320М.
     
  14. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,596
    1,822
    25 Март 2013
    Машко
    @gOJDO @Tajson во право сте. Ги знам G процесорите, но мислев дека за ова сценарио не треба ни интегрирана графичка, но сега читам дека системот само со Ryzen 5 2600 нема воопшто да се стартува. Така да во овој случај би одел со некој G процесор од тие што горе беа споменати.
     
  15. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    962
    391
    17 Јуни 2008
    Премногу ви се скапи компјутериве за Office. G1820 со 8 гига рам е доволен за сите намени кои ги има наведено членот, за период од најмалце уште четири-пет години.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,250
    8,649
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Точно. Ryzen 2600 за офис конфигурација?
    Па вие не сте токму, сте полуделе ко пчелине што ги снемуе.
     
    На SmartGuru му/ѝ се допаѓа ова.
  17. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,306
    4,523
    18 Септември 2013
    Машко
    Athlon 3000G + најевтина AM4 плоча (A320m или слично), 8 гига рам, евтино SSD, евтино куќиште, солидно напајање од океј производител (немојте аман да штедите на напајање).

    AMD Athlon-200GE 3.20GHz 4MB Box

    Asrock A320M-DVS R4.0
     
    Последна промена: 25 ноември 2019
    PC_GAMER, SmartGuru и на TATA_MATA им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...