• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Home automation (Домашна автоматизација)

fuzzjaw

Unstoppable
13 јануари 2014
1,725
2,997
Во Логинг имаш и од Nedis нешто избор, имаат и сијалици, и шуко приклучоци и други работи. Цените се пристојни, а јас можам да ти потврдам дека работат со Google Assistant и Google Home.
 
gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,751
1,249
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Прашањето е дали работат без туѓ cloud сервис
 
Steff_92

Gaining Experience
28 јули 2017
173
101
Куманово
Дали некој користи ваков монитор за температура и зошто не? :)

Купив 2 вакви за проба и се све само не смарт :D. Работат засебно, се конектираат на апликација MiHome и може да ги гледаш секој посебно со history.

Што е тоа што очекував?
Да мери температура, влажност и преку bluetooth да прикажува на телефон, да добивам нотификации, да имам widgets, да се поврзе со Alexa, ама јок.

Нотификации на телефон не стигаат никогаш.
Widget ставаш и не го ажурира, односно си стојат 0 вредности.
Со Alexa се регистрираш на Mi Account и ништо, не ги наоѓа.
На Apple Watch исто така не ги наоѓа иако си логиран во апликација.
 
Маша

Practice makes perfect
24 април 2007
541
1,341

Ти треба bluetooth gateway device за да можеш да си играш преку телефон.
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
5,901
9,400
Скопје
Што е тоа што очекував?
Да мери температура, влажност и преку bluetooth да прикажува на телефон, да добивам нотификации, да имам widgets, да се поврзе со Alexa, ама јок.
Уште нешто да очекуваше за 8 евра?
 
Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,377
1,501
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Јас имам такво и си работи океј како што се рекламира. Нотификации нема ама брзо се врзува кога влагаш преку апликацијата и гледаш температура/влага и history. Толку :)
 
davidandko

Intern
9 февруари 2021
9
3
Здраво,
предложете добри smarthome системи. Нека бидат на 2.4 GHz Wi-Fi. Ми треба само за прекидачи и штекери. Дополнително би сакал да додадам и ring ѕвонче/камера и nest термостат.
И ако може да ме информирате дали треба да спроведам некој дополнителен кабел за струја (идеално не би сакал).

Фала!
 
Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,401
1,472
127.0.0.1
petrov.mk
Здраво,
предложете добри smarthome системи. Нека бидат на 2.4 GHz Wi-Fi. Ми треба само за прекидачи и штекери. Дополнително би сакал да додадам и ring ѕвонче/камера и nest термостат.
И ако може да ме информирате дали треба да спроведам некој дополнителен кабел за струја (идеално не би сакал).

Фала!
Скоро местев смарт прекидачи и штекери, едно е најбитно, повеќето бараат заземјување (бар тие што ги имав). Единствено тоа што би ти требало, дека обично електричарите (постарите) за обичен прекидач пуштале 2пати 1ипол, а тебе ти требаат 3х1.5. Кај мене морав да правам одново канали само за заземјувањето, па на крај фино се тоа се покри со фасадата и белењето.
 
OctaneMK

Intern
14 април 2015
27
25
shelly.cloud се најдобри а и се произведуваат во Бугарија и имаат и опција за без неутрала да ги врзеш. Ги користам со години од кога се појави фирмата и буквално ги закопа и кинезите за ефтин а стабилен смартхоме. Сите се компатибилни со Google и Alexa a и апликацијата им е добра. Кај мене се инкорпорирани со homeassistant ама и сами по себе се со многу опции. Буквално го имам секој производ од нив
 
OctaneMK

Intern
14 април 2015
27
25
shelly.cloud се најдобри а и се произведуваат во Бугарија и имаат и опција за без неутрала да ги врзеш. Ги користам со години од кога се појави фирмата и буквално ги закопа и кинезите за ефтин а стабилен смартхоме. Сите се компатибилни со Google и Alexa a и апликацијата им е добра. Кај мене се инкорпорирани со homeassistant ама и сами по себе се со многу опции. Буквално го имам секој производ од нив.
 
Psycore

On your way to fame
12 ноември 2013
641
665
Скопје
Shelly 2.5 мислам беше. Поврзани во лабораторија за тестирање, на лед светло
Страшно.

Јас користам неколку години по дома Sonoff најобичните купени по $4-5 долари онлајн. Сега за сега сум задоволен од нив. Користам и лед траки со Wifi Controller. Се ми е поврзано на Google Home.
Прашањето е дали работат без туѓ cloud сервис
Сите горенаведени работат со Home Assistant . Сега дали директно или некои мора сепак низ нивни сервер да поминат, зависи од производот.

Еdit: Како што имав читано на Reddit и по темиве, не е паметно директно да врзуваш болјер на ваков смарт релеј туку
Смарт Релеј -> Обичен соодветен old school релеј -> Бојлер.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: BEST

beta-7

Intern
27 мај 2019
7
3
Да не има некој информации околу моторизирани надворешни пвц ролетни? Понекогаш кога затвараат ролетни во некој од поновите станови премногу мазно "лизгаат" ролетните за да бидат рачни. (не ги затвараат ролетните ради мене). Претпоставувам тоа е само некој мотор што се инсталира и после тој го тегне јажето (лентата?) што ја крева/спушта ролетната. Ме интересира што цена оди само моторот заедно со сите помошни делови за тоа и дали може да се направи ретрофит на обични ролетни.
 
FLEGMA

Epic
2 август 2012
9,693
14,754
Ме интересира што цена оди само моторот заедно со сите помошни делови за тоа и дали може да се направи ретрофит на обични ролетни.
Може да се направи ретрофит. На Алиекспрес имаш еден куп модели.
Во основа се менува „сукалото“ на кое е намотана ролетната и се става исто такво, моторизирано.
 
beta-7

Intern
27 мај 2019
7
3
Ги користам WIFI прекидачите на Лонсонхо од Али. До сега не сум имал проблем со нив (иако физички не ги користам многу, највеќе за автоматизации ги користам). 19.94€ 35% OFF|Lonsonho Tuya Smart Life Zigbee Smart Switch With / No Neutral EU UK 220V Wireless Button Light Switch Works Alexa Zigbee2MQTT| | - AliExpress

Оригинално ја корустат туја апликацијата што не е лоша, ама можеш да инсталираш и алтернативен фирмвер на нив.

Истиот проблем го имав и јас како Пулс, ама за среќа на кинезите им текнало, па можеш и без нула да имаш прекинувач што троши струја (само што ќе треба паралелно на една од сијалиците да наместиш кондензатор што доаѓа во пакет... како работи точно појма немам, ама ако некој има идеа би го замолил да ја сподели)
 
Не е кондензатор туку е отпорник кој глуми лажен потрошач за да се движи струјата и без нула. Истото некогаш се користи ако ги користиш за прекинување на лед со мала потрошувачка. Tuya не ги сакам затоа што не ми е фино да ми оди до кинески сервер се дома, а последните верзии не може да се флешуваат а почнаа и да користат свои чипови за да не се менува софтверот. А и на Shelly има за без неутрала а и поевтини се и моќе само локално да ги користиш без сервери
 
View: https://www.youtube.com/watch?v=VNYcD7MEp4A
на видеово детално е објаснето како работи прекидачот. Инаку тоа за туја во право си, за среќа можеш самиот да ги замениш со есп8266-12 зошто истиот футпринт се користи. Какви прекинувачи користиш со шели? Јас се двоумев меѓу шели/соноф мини, ама на крај се одлучив за горниот зошто не можев да најдам 2 моментарни прекинувачи на една дозна.
 
Vavo

Intern
20 октомври 2007
273
17
Skopje
Еј имало уште некој што го прати типов од SuperHouse. Ако некој сака да научи нешто, гледајте му ги видеата.
 
OctaneMK

Intern
14 април 2015
27
25
View: https://www.youtube.com/watch?v=VNYcD7MEp4A
на видеово детално е објаснето како работи прекидачот. Инаку тоа за туја во право си, за среќа можеш самиот да ги замениш со есп8266-12 зошто истиот футпринт се користи. Какви прекинувачи користиш со шели? Јас се двоумев меѓу шели/соноф мини, ама на крај се одлучив за горниот зошто не можев да најдам 2 моментарни прекинувачи на една дозна.
Kаде што имам димери најдов на една дозна со два прекидачи ( барај прекидач за електрични ролетни) ама шели има опција и за со еден прекидач и така го имам приклучено. Двојно стискање уклучува, држење појачува, ако запреш и пак држиш намалува итн.
 
Буквално вчера го мислев ова. Шели димер 2 со таков прекидач за контрола на јачината на светлото. Штета кај мене сите прекидачи се од обичните, а тие за мотор се од модуларните.
 
OctaneMK

Intern
14 април 2015
27
25
Буквално вчера го мислев ова. Шели димер 2 со таков прекидач за контрола на јачината на светлото. Штета кај мене сите прекидачи се од обичните, а тие за мотор се од модуларните.
Пластичарска му е мајката 20210918_120442.jpg
 
Afrikanche

Intern
16 септември 2021
23
14

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,698
Мислења
862,549
Членови
30,046
Најнов член
Basket
На врв Дно