1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Home Assistant aka Hass.io

Дискусија во форумот 'Oстанати' започната од smole, 17 Март 2019.

  1. smole

    smole
    Unstoppable

    3,107
    3,586
    18 Април 2007
    Home assistant е OS за домашна автоматизација.

    Hass.io е дистрибуцијата за Raspberry Pi.

    Јас го инсталирав на raspberry pi 3 но после х рестартирања не сака да се покрене web ui (неколку пати реинсталирав hassio), додека може да се пристапи кон Samba share-от. Каде е проблемот не знам.

    Втор проблем на кој наидувам е следниот:

    Го следам ова упатство за weather card и system info card, но на крај ем некои параметри не се прикажуваат ем има switch, а на упатството нема свич. И ова не знам како се случува и дали се гаси.

    Слика од мојот hass.io

    moj screen.jpg

    Сликава е од VM бидејќи ми дојде преку глава на секои 3 саати да го реинсталирам hass.io.

    Рестарт на RPi трае ~2 мин што е доста споро,

    На интернет се фалат како HA е врвот и слично, но судејќи по досегашното искуство јас не би ја доверил домашната автоматизација на ваква комплицирана и неиспеглана платформа.

    Ќе продолжам да го проучувам уште некое време, ако продолжи да го ме зеза ќе се прешалтам на openhab.
     
    Psycore, Tomislav96, bxxxn и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. smole

    smole
    Unstoppable

    3,107
    3,586
    18 Април 2007
    Entity not available се средува така што треба да се водиш според сензорите од странава .
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  3. smole

    smole
    Unstoppable

    3,107
    3,586
    18 Април 2007
    Ова се моите иницијални импресии:

    1. Платформава е многу моќна но треба навикнување.

    Принципот е:

    a.Инсталираш hassio, прв addon кој го додаваш е Configurator, кај него во текстуалната конфигурација мора да додадеш password за да можеш да го стартуваш, идеш на WEB UI
    б. Во config.yaml додаваш сензор
    в. Во customizе.yaml му назначуваш friendly name - како сакаш во front end да се вика сензорот, под него ако сакаш да ставиш некаква икона icon: mdi:ime-na-ikona името се наоѓа од списокот на mdi икони
    г. Горе десно на ... > Configure UI > нешто ќе ќења првиот пат стискаш Take control и после си додаваш табови (на пр. System, Network, Weather или некој друг по потреба). После во табовите на + додаваш cards - има избор од многу видови, Entities е една од основните и во неа додваш сензори, од десно ти дава preview
    д. За DarkSky weather треба да се регистрираш и ќе добиеш API код кој го ставаш или во config.yaml или во secrets.yaml

    2. Snapshots (Hass.io таб > Snapshots) ти е најдобриот другар. Инстант бекап и лесно се прави restore ако нешто заебеш и сакаш да се вратиш на состојба каде системот работел како што треба.

    3. Најубаво е да се вежба на VMware виртуелна машина

    4. Подоле се некои мои почетни параметри. Ако некој сака да ги проба нека ми пиша пп ќе му ги дадам кодовите.

    System2.jpg
    Vreme2.jpg
     
    Последна промена: 29 Март 2019
    Psycore, moongose и на shooter им се допаѓа ова.
  4. moongose

    moongose
    Unstoppable

    2,114
    2,375
    19 Јули 2013
    Премногу комплицирано за да упалиш светло... :)
     
  5. smole

    smole
    Unstoppable

    3,107
    3,586
    18 Април 2007
    Моментално ова го гледам повеќе како начин на мониторирање на разни варијабли (сервер, мрежни уреди, интернет конекција, температура во соба, времето е ставено а може и да го нема).

    Во план ми е да го интегрирам Shelly-то првенствено како можност далечински да се пали/гаси светло кое инаку се пали на прекидач, а понатаму палењето/гасењето на светлото да биде само по тајмер зависно од разденување/стемнување.

    П.С. Shelly-то има свој софтвер кој може да се користи за палење/гасење/распоред ама од ФБ групата гледам дека често им паѓаат серверите. HA е локална работа, ако сакаш remote да му пристапиш можеш но и не мораш а основно е што не си зависен од интернет конекција.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Vavo

    Vavo
    Intern

    270
    14
    20 oктомври 2007
    Машко
    @smole Добро е, продолжи само напред. Прво се почува со прибирање податоци потоа со управување ако сакаш да имаш паметен дом кој сам ќе се управува. Инаку ќе имаш само далечинско во раката ако се треба рачно да правиш
     
    На smole и Psycore им се допаѓа ова.
  7. smole

    smole
    Unstoppable

    3,107
    3,586
    18 Април 2007
    Да дадам апдејт:

    Home assistant-от го чепкав on and off еве веќе некое време па да споделам впечатоци:

    1. Update-и искачаат многу брзо – некогаш и на пар денови
    2. Системот е скроз стабилен
    3. Нагодувањата си бараат читање по нет, но тоа за некој што го интересира не е тешко, freck и еден мексиканец со бркови имаат одлични видеа кои се лесни за пратење.

    Моменталниот систем е Intel NUC KIT NUC6CAYH со Intel Celeron J3455, 4Gb ram, 256GB SSD, Ubuntu Server 18.04.3 LTS и docker во кој е HASSIO. Системот работи многу побрзо отколку кога беше HASSIO-то на RPi3, единствено што е споро е правењето на snapshots, знае да потрае 10-15 мин, иако во меѓувреме сите процеси и целиот HASSIO си работи.

    Инсталирани addons:
    1. File editor
    2. Glances
    3. Grafana
    4. IDE
    5. InfluxDB
    6. Samba share
    7. WireGuard – фантастичен VPN addon кој е неверојатно лесен за конфигурирање и многу стабилен.

    [​IMG]

    [​IMG]

    Од слика 2 се гледа состојбата на LAN мрежата (сите уреди се Микротик) ROS верзија, uptime и температура (ако тие информации се достапни) - и состојба на WAN мрежата – download, upload и ping. Чудна работа е што од друга локација со динамичка IP од Неотел WAN IP ми ја дава, а од фиксна IP од Телекабел не ја дава.

    Следен чекор е да програмирам RPi3 да ги прикажува сите информации за UPS-от преку Network UPS Tools, нормално UPS-от ќе биде приклучен на RPi3, ако тоа работи би пробал преку ubuntu-то да го направам тоа за да немам потреба од RPi3.

    [​IMG]

    Слика 3 е самообјаснувачка.

    [​IMG]

    Слика 4 е нешто за кое се надевам што ќе нема потреба многу брзо, а и информациите каснат барем еден ден од другите страни кои се поажурни за истите.

    Сеуште немам прикачено ниедно Shelly (H&T, One) на HASSIO.

    Имам наместено и Телеграм бот да ми праќа информации од страна 1 и 2 на секој час.

    Ако има некој друг Home Assistant би сакал да го видам сетапот.
     
    На Oktar и shooter им се допаѓа ова.
  8. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    739
    161
    10 Јуни 2007
    Не секогаш е стабилен после голем update. Затоа пуштаат брзо после тоа мали закрпи, па идат на скоро секој ден.
    Не ги пуштај одма update-тите, остави им малку време, прочитај на нет да не има некој баг.

    Check Home Assistant configuration - адонот, ис јор френд.
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  9. smole

    smole
    Unstoppable

    3,107
    3,586
    18 Април 2007
    Јас до сега на NUC-от сум немал проблем со апдејт, на RPi3 да.

    Друга работа што заборавив да ја напишам е дека кај RPi3 ако зезнеш нешто многу лесно можеш да направиш snapshot restore, кај мојот сегашен сетап не е баш така лесно иако за среќа не сум имал потреба за тоа до сега.
     
  10. Delicon

    Delicon
    Gaining Experience

    739
    161
    10 Јуни 2007
    Немаш многу интеграции, затоа. ;)
     

Сподели

Вчитување...