1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог High end конфигурација

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Tehnologiva, 21 oктомври 2019.

  1. Tehnologiva

    Tehnologiva
    Practice makes perfect

    1,361
    1,116
    9 Јули 2013
    Машко
    Најпрво поздрав до сите форумџии, после долго време пауза и апстиненција од пц светот решив повторно да се вратам во истиот, да не должам многу, потребни ми се совети и идеи од вас членовите овде, сакам да склопам конфигурација која ке ја користам за работа со 3D поточно Maya, Zbrush, Subspainter, Photoshop,рендирање, едитирање и се разбира за играње по некој добар наслов.
    Буџетот е од 3000-3200евра само за куќиште монитор останати тракатанци посебно до некои додатни ~1000евра.
    Благодарам однапред, секој совет и предлог е добредојден.
    пц -то поточно компонентите мора да бидат од некои од германските продавници или онлине страници.
     
    Последна промена: 21 oктомври 2019
    На steelseries, Speedster, dejan_str и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    На Tehnologiva и gOJDO им се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,072
    12,638
    23 Јануари 2008
    Манга
    Добре ни се подврати.

    Конфигурацијата треба да го има следново:
    Ryzen 9 3900X, профи X470 матична плоча, 4x16GB DDR4-3200, 1TB NVMe Samsung 970 EVO Plus SSD, 1TB 860 QVO или слично SATA SSD, 2x4TB HDD, RTX 2080Ti, саглам GOLD напојување и саглам куќиште со провев.
     
    На MadBuldog, Draynor, cgfreak и уште 13 други им се допаѓа ова.
  4. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,072
    24 Септември 2012
    Системата може да буксува с тази бавна памет.
     
  5. Tehnologiva

    Tehnologiva
    Practice makes perfect

    1,361
    1,116
    9 Јули 2013
    Машко
    Разгледував и интел и амд варијанти, според моите потреби 3900х би ми бил подобар избор од еквивалентот во цена i9 9900k, прашање зошто х470, а не х570? исто видов дека амд имаат и pci-e 4.0 на кое може да се користи и максималната брзина од новите ссда на pcie, во обзир го земав 970 ево плус и 970 про, а исто така и Corsair force series MP600 1TB како што пишав е pcie 4.0.. прашањето е на кое да идам од тие три. И да за графичката без компромис ке ја земам 2080ti.
     
  6. Tehnologiva

    Tehnologiva
    Practice makes perfect

    1,361
    1,116
    9 Јули 2013
    Машко
    Давајте и предлог за добар монитор ценовен ранг 700-750евра, пошто ке работам на него може да биде и ultrawide и да е од 100hz па нагоре да не се враќам на стандардните 60hz.
     
  7. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,998
    4,703
    8 Април 2011
    Машко
    Е вака се прајт конфигурација,не ко мене со 1000 евра :(. Ја со толку пари за пц што ке се користи и за 3д едитирања и моделирања би зел амс тредрипер и rtx 2080ti a за другите делови што ти е мерак. И обавезно еден добар дел хај гамут монитор .
     
    На Tehnologiva му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,027
    886
    4 Февруари 2014
    Машко
    Ако одиш на толку хај енд дефинитивно земи добар рам, sweet spot е 3600mhz 16CL со добри сабтајминзи. Иначе од B-Die моделов од ripjaws имаше во нексио ама коштаат рака и нога за 2x16gb.
     
  9. Tehnologiva

    Tehnologiva
    Practice makes perfect

    1,361
    1,116
    9 Јули 2013
    Машко
    Го гледам Corsair Dominator Platinum RGB c15 3200mhz 4x8gb мислев дека е добра средина, сакам gskill trident Z ама ке размислам пошто Corsair ми прави повеќе кејф.
     
  10. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,072
    12,638
    23 Јануари 2008
    Манга
    Затоа што ќе заштедиш 100+ евра за буквално еквивалентна плоча со идентични фичри, квалитет на изработка и слично. Покрај тоа X470 ќе нема дополнително глупо вентилаторче кое ќе брчи (се погласно за некое време кога ќе се насобере со прашина), како и што грее и троши драстично помалку од X570.

    Во моментов и во блиска и подалечна иднина нема да имаш буквално никаков бенефит од PCI-e 4.0. Значи ни 0.1% нема да добиеш подобри перформанси во нешто (графичка, ссд и се останато).

    Добар дизајнерски монитор со 100Hz чини 1700-1750 евра па нагоре.
    За 700-750 евра би ти препорачал Benq Designer 32" 4K IPS 60Hz за работа. За гејминг купи уште еден од 330 евра Dell Alienware 25" 240Hz.

    Разликата во перформанси меѓу 4x16GB 3200MHz и 4x16GB 3600МHz RAM е помала од 1% во просек, а разликата во цена е практично двојна.
     
    Последна промена: 21 oктомври 2019
    На MadBuldog, Draynor, Rukfash и уште 5 други им се допаѓа ова.
  11. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,480
    1,674
    25 Март 2013
    Машко
    Ако не ти играат парите улога- Go for it. Само имај на ум декa од конфигурација од 1200 евра до конфигурација од 2400 евра има 30 до 40% разлика во перформанси а 100% разлика во цена
     
  12. steelseries

    steelseries
    On your way to fame

    785
    501
    20 Декември 2015
    Машко
    Кога ќе го споиш чудовиштево постирај слики од самиот сетап и некои бенчмарци направи. Со среќа!
     
    На Tehnologiva му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Tehnologiva

    Tehnologiva
    Practice makes perfect

    1,361
    1,116
    9 Јули 2013
    Машко
    Се разбира дека ке постирам овде и да ќе ми треба среќа со компонентиве се надевам дека нема да чекам со денови или недели за испорака на истите.
    @gOJDO Ќе го погледнам мониторот ти ја разбирам поентата со 4к резолуција, повеќе простор за работа на иста или слична големина на екран т.е инчи само сум скептичен во врска со скејлингот на 4к во виндоус и општо во програмите.
     
  14. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,921
    5,829
    21 Јануари 2009
    Ова е "sweet spot"?
    Што би било подобро од sweet spot, нешто што ќе биде overkill?
    Линк до таков рам.
     
  15. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,027
    886
    4 Февруари 2014
    Машко
  16. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,072
    12,638
    23 Јануари 2008
    Манга
  17. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,027
    886
    4 Февруари 2014
    Машко
    F4-3600C16Q-64GTZNC со шипинг+царина максимум 400 евра. Другиов модел е 200 евра поскап со 16-16-16-36.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    1,027
    886
    4 Февруари 2014
    Машко
    Ако OP не планира да има RBG рам, ова е следно најдобро F4-3200C14D-32GVK , B-Die за одлична цена.
     
    На Tehnologiva му/ѝ се допаѓа ова.
  19. cgfreak

    cgfreak
    Gaining Experience

    259
    237
    1 oктомври 2010
    CG Artist
    За тоа што ти треба тебе би ти препорачал два монитори. Ultrawide е ok seemless опција ама пак ти крати од прилика 1/4 од работната површина што би ја имал со два монитори. За наведената сума според мене добар избор ти е 2х Dell U2518D, мада лично преферирам 16:10 формат, само не сум сигурен дека ќе најдеш резолуција над 1920х1200.
    Е сега за 100те Херци немам искуство, па тука не ти се мешам :)
     
    Последна промена: 21 oктомври 2019
    На Tehnologiva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    198
    257
    3 Јануари 2019
    Машко
    Не е толку лош, како што бил пред некоја година. Во апликациите на Adobe, Davinci Resolve и Blender sacling-от е супер.

    Јас го користам овој монитор:
    Dell UltraSharp 27 4K Monitor: U2718Q | Dell USA

    Што мислам дека е одличен за цената од 500Е.
     
    На Tehnologiva му/ѝ се допаѓа ова.
  21. toplel

    toplel
    On your way to fame

    551
    587
    18 Август 2016
    Машко
    Добри предлози за харверот. Од неодамна сум во Германија и доста често следам како стојат работиве па да се најдам во муабетов.

    Од мене имаш предлог два монитори што имаат 99% идентични спецификации, а тој поефтиниот го имам пробано и сум апсолутно изненаден од боите, перформаснот и цената. Има FreeSync и работи со Nvidia графички како G-Sync што е новитет оваа година. Не знам, јас не можам да најдам што вреди 500 евра повеќе на XB3 моделот. Мислам дека се солиден избор доколку преферираш сетап со еден монитор.
    1. Acer Predator XB3 - 1,214 евра
    2. Acer Nitro XV3 - 730 евра
    Што и да слопиш за тие пари ќе сигурно ќе ти врши работа и ќе е подобро од 99% од корисниците.
     
    На Tehnologiva му/ѝ се допаѓа ова.
  22. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,072
    12,638
    23 Јануари 2008
    Манга
    4K резолуција на монитор помал од 32" е глупости. Одговорно тврдам дека на 27" монитор неможе да се забележи разликата помеѓу UHD и QHD резолуција.
     
    На Rukfash, omegaRED, Tehnologiva и уште 6 други им се допаѓа ова.
  23. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,364
    3,072
    24 Септември 2012
    Напротив, може да се забележи ама кон полошо. Зошто ќе има ужасни артефакти од скалирањето и намалени перформанси со 4к. Многу подобро е 29-32 1440п за реална употреба. А 1440п нема потреба да се скалира и ќе е идеална сликата.
     
    Rukfash, omegaRED, Tehnologiva и на уште 1 им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. SwIPE
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,662
  2. fuUuUzZzZy
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,276
  3. Logic
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    762
  4. ImTheDude
    Одговори:
    23
    Прегледи:
    1,273
  5. th3wh0

    High end router

    th3wh0, 4 Јули 2015, Во форумот: Wi-Fi
    Одговори:
    38
    Прегледи:
    4,731
Вчитување...

Сподели

Вчитување...