1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

High End CRT ретро монитор - Viewsonic PT775 (vcdts21397)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од Lazarko, 28 Февруари 2018.

  1. Lazarko

    Lazarko
    On your way to fame

    225
    720
    28 ноември 2017
    Машко
    Како ретро фанатик, а сепак како човек со ограничен простор дома, веќе повеќе време барав „High-End“ CRT монитор,a да биде максимум 17".
    Во игра беа повеќе монитори (Nokia 477xPro, Mitsibushi Pro 700, Eizo TX-C7, Sony 200), но повеќето ќе морав да ги нарачувам од E-bay, што ќе чинеше премногу, дури и за ентузијаст како мене.
    За среќа, пред неколку дена, еден фин момак - графички дизајнер ми се јави со добра понуда за монитор - Viewsonic PT775 - Professional Series.

    [​IMG]

    Viewsonic PT775 е монитор претставен на пазарот во 1998 година, и е производ на Viewsonic со нивен „спин“ на тринитрон технологијата на Sony. Наменет бил за професионална употреба (Autocad, Photoshop), со 16 инчна видилива дијагонала и со исклучително прецизни и богати бои. Квалитетот на изработка е феноменален, а деловите вградени во него, од екранот, до најмалиот кондензатор се од исклучителен квалитет. Еден пријател кој поправа електроника го гледаше вчера и се чудеше на квалитетот и на вниманието кои производителите го употребувале во тие години, а денес се поретко го гледаме.

    Инаку, мониторот е фантазија во 4:3 формат. Многу подобар, посветол од оној што го користев од сега за игри понови од 1998 - Lg Flatron F700p.

    Често луѓето прашуваат: зошто црт за ретро гејминг? Затоа што модерните монитори едноставно не можат(ниту се направени) да репродуцираат таков тип на слика како во крајот на 80-тите и 90-тите се до 2002/03-та. Друго е чувството кога се игра на CRT монитор, едноставно не е тоа - тоа на модерен IPS монитор.

    Еве извадок од една рецензија направена за мониторот во 1999:

    [​IMG]
    Технички спецификации на мониторот:

    • Vertically flat aperture grille screen
    • 77Hz refresh rate at 1,600 x 1,200 resolution (Јас терам 1024x768@100hz)
    • 0.25mm aperture grille (Кај тринитрон мониторите ова е еквивалент на DPI)
    • Super Contrast Screen
    • ARAG® screen treatment
    • OnView® controls
      [​IMG]
    • Plug & Play+
    • TCO, MPR-II and Energy Star® compliant
    • PC and Mac® compatible
    Мониторот во акција (игрите изгледаат прекрасно):

    [​IMG]

    [​IMG]


    [​IMG]

    Треба да се најде еден BNC to VGA кабел:

    [​IMG]

    [​IMG]

    За крај, тие прекрасни CRT „scanlines“:

    [​IMG]

    Поздрав и благодарам што одвоивте време да прочитате и споделите ретро-радости со мене.
     
    На b.a, bLaCk AnArChY, Necromancer и уште 30 други им се допаѓа ова.
  2. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    1,975
    3,222
    7 ноември 2014
    Машко
    Lazarko, not the hero FORUM.IT deserves, but the hero it needs!

    Браво, ќе побарам дома деновиве, се што имам дома од 1995-2000 ти давам гратис. :)
     
    На b.a, psyside, AleksandarCaki и уште 6 други им се допаѓа ова.
  3. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    975
    1,008
    6 Декември 2016
    Машко
    [​IMG]
     
    На tomaso, NecrotoX, psyside и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,318
    10,002
    13 Јуни 2009
    Lazarko морам да кажам дека успешно ме врати во времето и некои мои драги спомени од ИТ. Сакам да го имам овој монитор. Навистина ниту еден LCD не може да понуди тоа што го може квалитетен CRT. Штета што повеќе ги нема ваквите производи на пазарот.
     
    На psyside и Lazarko им се допаѓа ова.
  5. Lazarko

    Lazarko
    On your way to fame

    225
    720
    28 ноември 2017
    Машко
    Ако си мераклија, ако најдам нешто ќе ти дадам. Јас имам сега 2 - 17 и 15 инчен. Доста ми се :)
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,318
    10,002
    13 Јуни 2009
    Ти благодарам многу. Мераклија сум ите како. За жал сум ограничен во простор. Одамна се ослободнив од постар хардвер само заради тоа. Мака ми е ама начинот на живеење си го прави своето.

    Уште еднаш секоја чест на ентузијазмот и за што споделуваш со нас.
     
    На Lazarko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Molec

    Molec
    Unstoppable

    1,346
    2,135
    18 Мај 2011
    Машко
    Све ме занима
    Имав 19ка CRT на времето...Viewsonic Perfect FLAT 19" нешто така беше, со филтер со све. Браво за евоцирање спомени. :)
     
    На Lazarko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Balanar

    Balanar
    Баниран/a

    975
    1,008
    6 Декември 2016
    Машко
    Јас имав Belinea 15", па после Mag Innovision 17" со тоа кружното тркалце за контролите ццццц
     
    На Lazarko му/ѝ се допаѓа ова.
  9. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,044
    2,919
    2 Септември 2012
    Машко
    Пред околу 11 години го поклонивме на еден пријател ист ваков, стариот мој работеше во Coreldraw на истиот монитор. :)
    Го заменивме од како земавме лцд-а.
    Е кога ќе ми текне како сум ја цепал Сан Андреас на тој монитор, спиев на него се убивав од играње. :p
     
    На Lazarko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,625
    24,607
    4 Септември 2008
    Ќе зборам со @Fatal1ty_ , за custom титула за тебе, неверојатно! :inlove:

    Мој пријател го имаше мониторов, на времето само Sony, NEC и Eizo беа над Viewsonic :D

    П.С. И оваа иде важна.
     
    На kirev и Lazarko им се допаѓа ова.
  11. Lazarko

    Lazarko
    On your way to fame

    225
    720
    28 ноември 2017
    Машко
    Какви монитори беа Белинеа? Како се викаше фирмата што ги носеше во 90тите?
     
  12. Lazarko

    Lazarko
    On your way to fame

    225
    720
    28 ноември 2017
    Машко
    Можеби има уште надеж дека ќе се најде уште еден ваков тогаш за другиве членови од форумот. Nice!
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  13. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,044
    2,919
    2 Септември 2012
    Машко
    Незнам дали сеуште го има да не го фрлил, срам ми е да го прашам. :D
     
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,876
    3,173
    18 Април 2007
    А да му отворите RETRO sub forum на @Lazarko ?
     
    Tomislav96, IcePick, Costigan_Jr и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...