1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

HD мобилни телефони!

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од AMD_fan, 8 Јануари 2008.

  1. AMD_fan

    AMD_fan
    Certified IT Addict

    3,646
    138
    10 ноември 2007
    Машко
    Мобилните телефони секојдневно носат нови технологии, но за две години се планира револуција во мобилната технологија. Тоа значи дека за најниска граница на резолуција за HD видео на мобилен телефон ќе се смета 1.280 x 720.

    Имено, мобилните телефони не само што ќе бидат способни да вршат репродукција на HD материјали, туку ќе имаат можност и за снимање на вакви видеа, најави првиот човек на технолошкиот оддел на Nokia, Теро Ојанпера.

    Ојанпера напомена дека технологијата е доволно силна за кодирање на видео запис во реално време и во висока дефиниција, и дека за две години ќе се најде во практична примена.

    Главниот предизвик при имплементирањето на HD кај мобилните телефони претставува зголемувањето на хардверските перформанси, бидејќи HD форматот може да завзема и по 10 MB по минута, а ќе мора да се има во предвид и зголемувањето на капацитетот на батериите.

    Извор:најдивреме.ком
     
  2. drown

    drown
    Master

    1,454
    208
    8 Март 2007
    Машко
    Нинџа
    Некако далеку ми изгледа ова, 2 години се премалку. И да ги решат сите проблеми кои би се појавиле, како хардверски така и софтверски, таков телефон би бил прескап - што за мене не е практична примена.
     
  3. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,231
    3,591
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ехеее брат ние сега у 4К гледаме на телефони и снимаме!

    Хаха, закон се стариве „слични“ теми!
     
    На NecrotoX, Sukhoi, DarkEnchanter и уште 7 други им се допаѓа ова.
  4. filipkir

    filipkir
    Practice makes perfect

    1,065
    1,375
    17 Јуни 2009
    Машко
    Добро си предвидел. Навистина 2 години беа премалце. Ако добро се сеќавам првите HD телефони се појавија на крајот од 2011 (можеби почеток на 2012)

    Во 2008 HD резолуција на мобилен телефон ми делуваше како вонземска технологија а сега во 2017 Full HD на мобилен ми е.... мех :)
     
    На Sukhoi и drown им се допаѓа ова.
  5. drown

    drown
    Master

    1,454
    208
    8 Март 2007
    Машко
    Нинџа

Сподели

Вчитување...