GSM Терминација

Дискусија во форумот 'VoIP' започната од macko1502, 27 Мај 2018.

Тагови:
  1. macko1502

    macko1502
    Intern

    2
    0
    27 Мај 2018
    Машко
    Здраво.
    Ме интересира дали некој пробал и работи со ГСМ терминација во Македонија. Дали е исплатлива инвестиција и дали има повраток на средствата. Дали траат СИМ картичките.

    Поздрав.
     
  2. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Покрај вибер, скајп и други апликации, бесплатни меѓународни минути од оператори итн., не гледам пазар за ова во мк.

    Башка не е легално комерцијално да нудиш услуги ако немаш лиценца.

    На црно, незнам треба добра реклама. Не по огласници и слично, него стварно реклама, што се коси само по себе.

    Колку би вложил во опрема? Сим боксови, гејтвеј и фиксни месечни трошоци. И да тргне после некој месец во загуба, те затвара пазарна или некоја друга инспекција со 5000 евра казна.
     
    Astro, Oktar, yasho и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. macko1502

    macko1502
    Intern

    2
    0
    27 Мај 2018
    Машко
    Фала на одговорот.
    Само си мислев има неколку сервиси кои нудат софтверски решенија со кои неможе да се откријат СИМ картичките. Antrax i GoAntiFraud Кои нудат софтвер за прикривање а исто така првите обезбедуваат и сообраќај кон твоите СИМ картички гарантирано. Најлошото што можат е да ти ги блокираат картиците.
    Чисто како размислување затоа што сумите кои ги презентираат како можна заработка се солидни.
     
  4. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    400
    460
    11 Јануари 2014
    Машко
    Како што ти рече и Armac погоре, ем не се некои огромни профити, како што беа пред доста години, ем е нелегално, освен ако не си нотифициран во АЕК како оператор и имаш интерконекциски договори со операторите каде ќе терминираш.
    СИМ бокс се детектира одма во денешно време, картиците ќе престанат да работат многу брзо, веројатно уште првиот ден.
    Башка зезање со закон, пријави, запленување на опрема... не би се зезал со тоа да сум на твое место...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,892
    7,532
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ова е како ептен нелегално и лесно се открива. Има по два-три пати годишно на вести вакви ликови. Сериозно лоша идеја.
     
  6. FiC DoGG

    FiC DoGG
    On your way to fame

    761
    624
    17 Април 2007
    Машко
    3D Artist
    Прогуглав малку за темава, и секој артикал што го прочитав уште во првиот пасус нагласуваше дека е тотално легално, поента што упорно ја повторуваа во текстот надоле, што е huge red flag. Ако некој упорно пробува да те убеди дека е легално, тогаш е дефинитивно спротивно од тоа.
    Во време на интернет, она старото нема леб без мотика е се порелевенатно и порелевантно.
     
    На xenon и Oktar им се допаѓа ова.
  7. Oktar

    Oktar
    Guru

    2,892
    7,532
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не спомињај мотика следно прашање на членот ке биде за копање коини :D
     
    igor_xxxx, bxxxn и на FiC DoGG им се допаѓа ова.
  8. krema

    krema
    Professor

    6,552
    6,126
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кај @Pane24 у Мариово има за копање колку ти душа сака.
     
  9. Pane24

    Pane24
    Practice makes perfect

    3,189
    1,966
    31 oктомври 2012
    Машко
    Невработен
    I posle i mene da mi ja zaplenat motikata? Ne fala.
     
    Astro, borcep и на bxxxn им се допаѓа ова.
  10. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    427
    99
    15 Мај 2012
    Машко
    Може да се избегне блокирање со доволен број на сим картички и добар договор со лицето со кое ќе го склучуваш договорот. Доколку одиш на опција да користиш како телемаркетинг и да му кажеш дека ќе имаш голем број на повици поголема е цената, доколку се правиш на 3 и пол и одиш со обични бројчина како да не нудиш теле-услуги (телешоп) може да се соочиш со блокирање. Околу АЕК и казни мислам дека оператор треба да те пријави. Како и да е, има ризик, има пазар ама и веќе има луѓе на тој пазар кои делат опомени доколку земеш поголем залак. Околу легално, сиво е не е ни црно не е ни бело, зависи какви договори склучуваш а околу откривање на локација е премногу лесно така да не размислувај дека ќе скриеш со тоа што наведе.
     
  11. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    400
    460
    11 Јануари 2014
    Машко
    Сите оператори имаат платформи што вршат автоматска детекција и суспендирање на ваквите појави, и за една и за 1000 картици, сеедно. Не дека седи човек, па во морето од корисници/повиси еден по еден да ги бара, па да го зезнеш...
    Не е баш легално, спротивно е на договорот/ општите услови кои АЕК ги пропишува. Дека ќе те пријави операторот кога ќе те детектира, можеш да се кладиш на тоа, со заплена на опрема, со пријави, со све.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    427
    99
    15 Мај 2012
    Машко
    Верувај дека може да се лажира фрот.... Околу АЕК се согласувам а околу договор со оператор, делумно, зошто оператор не се замара како ти ќе ги користиш картиците битно му е да се потпишиш на договорот дека ќе ги користиш (нели, има бонус лицето за продажба) како што е наведено во него а следното останува на фрот, аек, камионче, автомобилче.... Мислам дека се споменува она ,, не слушај гаталец, слушај паталец..."
     
    На yasho му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,695
    4,781
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ок и да речеме е изводливо во сива зона.

    Ме интересира која би била потенцијална клиентела за ова кај нас? И тоа малку фирми што останаа, не би си играле играчки со ова. Поединци ли? Ако да ондак што е предноста наспроти бесплатните алтернативи?
     
  14. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    400
    460
    11 Јануари 2014
    Машко
    Ако некој ме праша на улица, на темава не би се опишал себеси како гаталец, ама ај :)

    И те како му е битно на операторот како ги гористиш картиците што ги земаш од него. Тоа фрот, е уствари fraud... и (ин)директно му го смалува приходот, затоа му е битно.

    Башка, за “фрот” никој не користи постпејд, јер таму точно се знае кој е корисник, т.е.кој потпишал /прекршил договор и кого да тужат. Нема бонус за продавачот, нема потпис, не е тоа причина.

    За припејд нема таков договор, ќе ја регистрираш било како и ќе си ја ставиш картицата во СимБокс да прави “фрот” и фураш, додека не те фатат. Пак ќе речам, едно време имаше смисла таков “бизнис” сега не баш, ризикот за загуба/кривични е поголем од порано, а детекцијата и суспензијата е побрза... тоа е.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    977
    946
    24 Февруари 2008
    Еве едно туторијалче, тука можеш да видиш каква опрема ти е потребна.

     
    Pilsator, yasho, bxxxn и на уште 1 им се допаѓа ова.
  16. bxxxn

    bxxxn
    On your way to fame

    748
    868
    11 Март 2011
    Да свртиш на ленд лајн во САД со Скајп Оут чини 2,3 УСД центи за минута.

    Не гледам која е поентата на целиот тој силен хардвер и нетранспарентен бизнис и дали истиот може да ја победи цената од 2 центи?

    И обратно од страна на клиент не гледам зошто некој би влегувал во таква зделка наместо да стави 5 долари на Скајп?
     
  17. Pilsator

    Pilsator
    Gaining Experience

    427
    99
    15 Мај 2012
    Машко
    на припејд и немаш баш некои страшни понуди за неограничени минути а пост пејд на фирма е добра зделка доколку не гледаме на последиците. На операторот му е битно и затоа има развиено системи за детекција но на продавачот никој нема да му каже дека планира да прави терминација. Сепак се е до варијанта и до математика кој што планира да прави и што му е подобро. Ризик во секој случај постои.
     
    На yasho му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Astro

    Astro
    Guru

    5,313
    6,742
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Пушти реклама како атентатор, исто така е нелегално а мислам профитите би требало да се бајаги повисоки.
    Јебем ли га, ако пробуеш нешто нелегално нек биде за добра зума, па шибај ондак Венецуела.
     
    На yasho му/ѝ се допаѓа ова.
  19. yasho

    yasho
    Gaining Experience

    400
    460
    11 Јануари 2014
    Машко
    I rest my case...
     

Сподели

Вчитување...