• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Туторијал Групирање на tab-ови во Google Chrome

Дали ВИЕ сметате дека опцијата е корисна?

  • Вкупно гласале
    9
  • Ја почнал/а темата
  • #1
27 јуни 2019
12
19
Од компанијата Google воведоа нова опција, воедно и доста корисна, за еден од најпознатите и најкористени веб прелистувачи - Google Chrome. Опцијата е групирање на tab-ови. Сите сме се нашле на тоа место каде веб прелистувачот нѝ е преполнет со tab-ови, и не можеме да се снајдеме. Со верзијата на Google Chrome 81.x сега можете да ги организирате tab-овите во прелистувачот. Прашањето кое сигурно си го поставувате е како?

Чекор 1: Првиот чекор е проверка на вашата верзија од прелистувачот
Важно е да вашиот прелистувач биде up-to-date, а тоа може да го проверите (или направите доколку прелистувачот е out-of-date) на следниов начин:
Во вашиот address bar ја внесувате следнава адреса chrome://settings/help -> Прелистувачот автоматски ќе провери за нова верзија и доколку истата е достапна ќе почне со преземање. -> После преземањето на новата верзија потребно е да направите Relaunch на прелистувачот односно да го исклучите и повторно вклучите (овој дел го прескокнувате доколку сте up-to-date и верзијата е 81.x)

Чекор 2: По завршувањето на првиот чекор, потребно е да направите измени во знаменцата (flags) на прелистувачот, а до нив пристапувате на следнава адреса chrome://flags/ и во делот за пребарување внесувате tab groups (прикажано на фотографијата)
upload_2020-4-15_12-27-58.png

Чекор 3: Од паѓачкото мени за Tab Groups, Default го променувате во Enabled и кликнувате Relaunch
upload_2020-4-15_12-30-9.png

Чекор 4: По завршувањето на третиот чекор, сега можете да ги групирате вашите tab-ови со десен клик на еден од tab-овите со кој сакате да го започнете групирањето и одбирате Add to new group
upload_2020-4-15_12-38-36.png

Чекор 5: Со кликнување на обоениот круг (прикажано на слика 5.1), се здобивате со можноста за внесување на име на групата, боја на групата, одгрупирање, затворање на групата (со ова се затвораат сите tab-ови во групата) и давање на повратни информации. За да додадете повеќе tab-ови во групата само правите drag&drop до кругчето.
upload_2020-4-15_12-40-36.png 5.1
upload_2020-4-15_12-40-55.png 5.2

Тоа е сѐ. Се надевам дека туторијалот го пронајдовте корисен, а може и да одговорите на анкетата и да го дадете вашето мислење за „Дали ВИЕ сметате дека опцијата е корисна?“
 
Последна промена:

Pulse

Practice makes perfect
26 октомври 2014
1,370
1,456
127.0.0.1
petrov.mk
Според мене некорисна, секако сум мозила фан :)
Ова му доаѓа како да сакаш во чаша од пола литар да собереш литар. :D
Си имаш фино лепо опција за пинување па реди си ги вакви колку сакаш, ги препознаваш по фавиконот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Мило ми е што сподели свое мислење :) Но, нема штета од повеќе опции, за секој да одговара по нешто, нели? ;)
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,894
3,261
Многу корисна опција, редовно ја користам. Додуше не во Хром, туку во Вивалди каде одамна ја има без овие гимнастики за овозможување, а и со повеќе можности.
Ако добро се сеќавам Опера прва воведе групирање на табови (откако и табовите прва ги воведе) пред можеби десетина години. Добро е што хромот мрда по малку со воведување нови работи.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

Фала што го сподели своето искуство :)
Малку доцнат од Google, тоа е... :D
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
2,894
3,261
Полека полека ќе почнат да ги "крадат" корисните опции од Вивалдито, арно им текна фала богу. :suprised:
Не е до текнување, таква им е определбата. Ако некој има ресурси и можности да развие браузер, тоа е гугл. Ама ете со години е истиот, со минимален број на можности што според нив се доволни за мнозинството корисници. Во тој дел се бетер и од Епл.

А од корисни опции, старата Опера има уште еден куп опции што чекаат некој да ги „украде“. Вивалди од сите е на најдобар пат да ги преземе, не велам украде затоа што и онака повеќето се нивни. Во меѓувреме додаваат и оригинални.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

Точно... Колку време Picture-in-picture режимот за видеа го има во Opera, па ете, го воведоа и од Google, но му недостасуваат доста опции споредено со Opera (чисто како пример). Како компанија Google се оригинални по доста идеи, но паралелно со тоа доста копираат и од останатите, а потоа за копираното прават толку добра промоција што мислиш дека никој друг го нема направено тоа претходно. Истото го практикуваат и од Apple, како што споменавте, со промоцијата на можностите на своите уреди, но не се единствени. Има и многу други...
 
NanoCell

Gaining Experience
10 октомври 2011
355
408
Не ја користам опцијата, но секоја додатна можност е добродојдена. Јас лично немам потреба од истово, но сигурно ќе биде користно за многумина. Тоа што ме интересира е дали има можност табовите во групата да остануваат зачувани после затварање на Chrome и сите табови ќе бидат отворени веднаш со повикување на групата ?

Btw фала за туторијалот.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Мило ми е што ти се допадна туторијалот :) Што се однесува до твоето прашање, ќе го одговорам на следниот начин: Откако ќе ја направиш групата на табови во прелистувачот и потоа го затвориш, при следното негово вклучување користејќи Ctrl+Shift+T за повикување на последната сесија од табови, групата ќе се врати како што била поддесена, но заедно со неа (но не да станат дел од неа) ќе се вратат и сите табови кои не биле групирани, а биле дел од твојата последна сесија во прелистувачот.
Sorry ако звучи комплицирано, сепак, се надевам помогнав ;)
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,984
Мислења
854,218
Членови
29,623
Најнов член
Vaporizer
На врв Дно