Ground Noise - Condenser Microphone

Дискусија во форумот 'Видео и аудио продукција' започната од Whisky Vishera, 4 Февруари 2018.

  1. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гост

    Ајде аудиофили и студио манијаци малце помош. Користам Tannoy TM1 кондензаторски микрофон поврзан со Focusrite Scarlett 2i2 аудио усб интерфејс.

    Имам многу голем Ground Noise или White Noise кога е приклучен микрофонот, дури и на 50% gain вадам снимка што неможе да се користи поради шумот. Пробав динамички и рибон микрофон и го немаат тој проблем.

    Дали можеби треба да користам mic preamp или друг уреџај за да го нормализирам шумот? Или можеби е проблем со самиот микрофон?
     
  2. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,303
    4,123
    2 oктомври 2010
    Машко
    Ако сакаш да го пробаме микрофонот директно на миксета, можам утре околу 8 вечер (Скопје центар). Ако ништо друго да го елиминираш него како проблем.

    Focusrite Scarlett 2i2 не сум запознаен со ова. Тој микрофон си бара чист фантом power.
     
  3. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гост

    еве noise output на gain 0 - 100. пробав со динамичен микрофон со гитарски приклучок и ова не се појавува.

    noise tannoy tm1 + scarlett 2i2 - Clyp
     
  4. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,363
    1,960
    12 Август 2009
    Машко
    ако не си пробал, пробај со 48V копчето :)
     
  5. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гост

    барав по-експертско мислење, за копчето ми е све јасно, 15 години се занимавам со музичка продукција :)
     
  6. ARMac

    ARMac
    Unbeatable

    4,303
    4,123
    2 oктомври 2010
    Машко
    Или уредот ти снабдува лоша струја или XLR кабелот не ти чини или микрофонот ти е расипан.

    Затоа ти реков, ако сакаш земи се со тебе дојди ќе ставиме и друг кондензаторски микрофон на твојот уред а ќе го ставиме и танојот на yamaha со чиста 48в линија. Па и кабел друг ќе пробаме.

    На колку сака gain нека е, добар кондензаторски мик. ќе спие со шум на неприметно ниво.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гост

  8. Whisky Vishera

    Whisky Vishera
    Гост

    Проблемот е решен, го заменив за друг микрофон - овој фаличен.
    Во артист на лице место го пробавме и микрофонот имаше невероватен шум и на слаб геин.
    Го заменив за Rode NT1-A - стакло панчево.

    Case closed.
     
    На krema му/ѝ се допаѓа ова.
  9. krema

    krema
    Professor

    5,516
    4,799
    24 Јуни 2009
    Машко
    Се чудев на огромниот шум, но ете да се знае дека понекогаш и самиот микрофон може да биде фаличен.
    Добро е што Артист излегле во пресрет и го замениле, претпоставувам дека бил под гаранција.
     

Сподели