• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Гробот на светулките - трогателен аниме класик за децата во војната

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Петок, 16 Мај, 20 часот. Културен центар Точка.

Втората светска војна имаше и друга страна.
И освојувачите имаа цивили.
И во тие цивили имаше вистински деца, кои вистински страдаа.

Гробот на светулките е филм кој ќе ви ги покаже тие деца.
Ќе ја оголи пред вас суштината на таа војна со симболичката моќ на анимираниот јапонски филм.




Овој филм ќе ви ги разниша предрасудите и ќе ви ја покаже опачината на ослободителната војна, особено на онаа на Американците, која се одвиваше на јапонска територија.

Топла, интимна и болна приказна за остатокот од едно семејство во разрушената поствоена Јапонија. Брат и сестра кои невино го прифаќаат страдањето и не забораваат да ја живеат убавината на животот со полни гради. Ни пренесуваат една хармонична и мудра порака во хаосот на ужасниот апсурд на војната.



Оваа недела во петок на 16 ти Мај, во 20 часот, Јапанорама ви го претставува аниме класикот „Гробот на Светулките".
Филм кој не ги остави рамнодушни ни најголемите критичари веќе дваесет години.
Еден од нив е и големиот Роџер Еберт, чиј детален осврт на филмот може да го погледнете тука: [ame]http://www.youtube.com/watch?v=J3AAIWyak94&feature=relate[/ame]

Тука погледнете го трејлерот:

[ame]http://www.youtube.com/watch?v=oB-oEmlw_gE&NR=1[/ame]

Тука рејтингот на IMDB

Филмот трае 89 мин

Овозможено од [email protected] во соработка со К.Ц. Точка и поддржано од Метаморфозис.

Веста на Кајмакот
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ye.. Класика е, и јас го имам гледано на Македонска телевизија :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,671
Мислења
862,036
Членови
30,032
Најнов член
musicenthusiast
На врв Дно