D
Администратор
Грешките на prijateli.com.mk (лично увидување)
Ок, социјалните мрежи не се ништо ново.... бум направи Xanga и MySpace.com, потоа дојдоа многу копии, ама една од најинтересните и од оние кои навистина постигнаа нешто е facebook.com.
Трендот нормално дојде и во Македонија... по неколку "неуспешни" dating сајтови (на кои им мина времето?!) настана и сајтот prijateli.com.mk ( Developed by: aSymbio Technologies and HAOS.MULTIMEDIA Macedonia.)
Како почна се` (според мене)
Според тоа што можев да увидам, момците и девојките (?) започнаа добро, т.е. бета верзијата на сајтот беше на македонски, солиден дизајн, без многу реклами... и одговорот на луѓето беше исто така позитивен... започнаа да отвараат профили, да се навикнуваат како што каде, да оставаат коментари, да се оценуваат и сл.
Целиот сајт беше видно регулиран, односно сите непристојни слики и коментари навремено ќе беа избришани, корисниците предупредени или банирани и сл.
Btw, сајтот исто така беше овозможен на членови од Бугарија, Србија и др. соседи на МКД од кои немаше баш голема реакција. Можеби затоа што содржините беа на македонски јазик.
Како е сега (пак, според мои видувања)
Не го користам сајтот затоа што не сакам од лични причини да користам социјални мрежи и сајтови... но морам да кажам дека активно ги следам случувањата со истиот.
По некое време во бета верзија, сајтот помина во "финална" верзија, со нов дизајн кој мене не ми е баш солиден како претходниот... и тогаш почна ХАОС Мултимедија и аСимбо Тех. да грешат (повторно, целиов пост е според лични видувања).
Каде почнаа да грешат?
1. Го направија сајтот на Англиски.
- Зошто е ова грешка?
Затоа што веќе постојат "милиони" сајтови во стил на социјални мрежи на Интернет кои се на Англиски и го овозможуваат тоа што prijateli.com.mk го овозможува на многу подобри начини.
Но веројатно се` си има причина, па така изгледа дека причината да го направат на Англиски јазик беше да овозможи и да охрабри членови од Србија, Бугарија и др. (Ова мене ми личи на "алчност" за повеќе членови).
2. Почнаа со зголемено ниво на реклами.
- Зошто е ова грешка?
Сајтот почна да имплементира реклами и разно разни affz кои почнаа да пречат на членовите, но сепак некако се трпеа.
3. Серверите се оптеретија
- Серверите кои ги користат изгледа станаа премногу оптеретени и сајтот почна да се отвара навистина споро (се прашувате дали можеби е мојот или Вашиот Интернет...хммм... testmy.net мене ми вика: 10434 Kbps or 10.4 Mbps (1274 kB/s))Веќе подолго време сајтот се отвора навистина споро... очигледно ништо не е преземено за тоа да се подобри... сигурно бидејќи се бара инвестирање во подобар хостинг и др.
4. Почнаа ненормално со реклами
- Зошто е ова грешка и добра лекција за е-маркетинг?
Сајтот почнува да pop-up прозорчиња со оние праисториски е-реклами "Освоивте милион долари бла бла" и други од тој тип. Исто така при претражување на некој профил, одвреме навреме (не знам точно на колку одредени кликови) сајтот Ве носи на сајт со URL pickica.net* на кој се наоѓаат разни, несоодветни за сајт како prijateli.com.mk реклами.
Ова навистниа почна да ги иритира членовите и почнаа да си го прават своето.
Никој не сака да трпи досадни реклами само затоа што сопствениците сакаат да дојдат до некој денар.
Како ќе заврши
Доколку не се вразумат сопствениците, кои btw заради огромниот број веќе губат контрола врз навремено бришење на непристојни содржини, и ги отстранат рекламите и почнат со подобрени начини за остварување профит, моите очекувања се дека членовите полека ќе почнат да се нервираат и да користат други социјални сајтови. Таа акција ќе биде убрзана доколку брзината на отворањето на сајтот не биде исто така подобрена.
Моето мислење е дека има многу подобри начини за остварување профит, Prijateli.com.mk по се` ми изгледа дека е највеќе за тоа (ок, сите работиме за да добиеме, но нели е подобро кога има соодветен квалитет за корисниците (или такво нешто не постои во МК??))
Едноставно, сајтот prijateli.com.mk мислам дека ќе направи многу подобро доколку содржината е на македонски и бидат отсранети непотребните реклами. Друг пат ќе напишам за начини за успешен е-маркетинг (ко оној на facebook.com и MySpace.com).
*Registrant: GoceBonev
02/000000
Pickica doo
Skopje
Skopje,Skopje,MK 1000