• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Грешка при инсталација на XP на Fujitsu-Siemens лаптоп

Статус
Затворена за нови мислења.

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Пробав да инсталирам свежа копија на Виндовс на лаптоп. Се си помина во најдобар ред, се исформатира, се ископираа системските фајлови, рестарт и кога ќе почне она визардот од Мајкрософт и одбројувањето на време до крај на инсталацијата ми јавува грешка:

Instalation Failed: E:\I386\asms. Error Message: The parametar is incorrect

После ова има океј и се рестартира компјутерот. Е е CD-rom драјвот. Пробав и со ново ЦД. Изрежав нова копија на Windows-от. Не би требало да е до верзијата на виндовс пошто оваа сум ја инсталирал барем едно 20 пати на различни компјутери и немало никогаш проблем.

Некој чаре да не има?

Фала
 

marv

Unbeatable
5 октомври 2007
4.564
4.052
Пошто сум го имал овој проблем (поготово на лаптопи) еве две решенија што упалиле за мене.

1. Најлесно ако можеш пробај да го ископираш ХП цд-то на дискот и пушти инсталација од тамуи.

2. Сними верзија на ХП-то на ново цд ама на најмала можна брзина да речеме 2х или 4х максимум

Мене ми се решиле проблемите.
 

neW1

Gaining Experience
10 мај 2007
679
126
Скриена партиција има најверојатно направена за бек ап.
Разгледај низ manual -от на лап топот мора да пишува нешто за ова или побарај на нет кој шорткат ја повикува оваа партиција (алт+ф10 кај некои е).
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Решено!

Прво помина неговата инсталација (XP Home edition со SP1), па пошто хардот беше поделен на две партиции, на другата го преснимав CD-то и од таму го стартав и направив Upgrade.

Благодарам за помошта!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.891
Мислења
912.339
Членови
32.612
Огласи
840
Најнов член
yeyeyeye
На врв Дно