1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Графички таблет Huion NEW 1060 plus

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од FLEGMA, 21 Мај 2019.

  1. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,213
    12,214
    2 Август 2012
    Машко
    Некаде околу 15 април разгледувајќи што има ново на Amazon односно на today deals налетав на навистина примамлива понуда за графички таблет кој со својата големина и спецификации, барем на хартија, е директен конкурент на Wacom Intuos Pro M.

    Навистина немав време за размислување во врска со порачката. Набрзина ги разгледав коментарите од купувачите, спецификациите и го порачав за 60 евра (намален од 78)
    Во Македонија ми пристигна некаде околу 2-3 мај но се досега заради обврски немав време да напишам збор-два за таблетот.

    Пакување
    2.jpg
    Со оглед на тоа што претежно имав (лоши) предрасуди за волку евтин производ и со оглед на тоа што ист ваков производ од Wacom чини околу 350 евра, најпрво ме изненади цврстината (и тежината) на самиот пакет. Надворешно ништо посебно. Цврста кутија, приказ на таблетот напред и QR кодови со неколку „дисклејмери“ на задната страна.
    1.jpg 3.jpg


    Внатрешност и опрема
    Како што кажав кутијата остави допар почетен впечаток но и внатре немаше незгодни изненадувања. Капакот од кутијата од горната страна беше обложен со црн сунгер при што таблетот беше сместен во свое лежиште со една "Thank you" картичка на него.
    Од левата страна беа сместени стајлусот, држачот со 8 резервни врвови и „алатче“ за извлекување на истите, кабелот со кој се полни стајлусот и USB > Micro USB кабел под агол за приклучување на компјутер.
    4.jpg 5.jpg

    Таблетот на Амазон беше рекламиран дека доаѓа со подарок футрола/торбичка за носење и нараквица за цртање кои исто така беа внатре.
    6.jpg

    Надворешност
    10.jpg 9.jpg 8.jpg

    Таблетот, без претерување, е феноменално изработен. Завршната обработка е перфектна. Изработен од пластика која не смрди (како што е обичај кај евтини кинески производи и нема ни најмали знаци на крцкање и слични звуци.
    Од левата (или десната, како сакате) страна има 12 дугмиња кои можат да се мапираат по желба и потреба а работната површина е со мимикрија на текстура од хартија.
    На горниот дел од работната површина има 16, ајде така да ги наречеме, софтверски дугмиња кои исто така можат да се мапираат по желба.
    На самата ивица од таблетот има отвор за micro SD картичка во кој веќе имаше една од 8GB на која беа сместени драјверите.
    Ова е замислено за „ад хок“ чување на фајлови на кои работите. Јас нема да ја користтам оваа опција но сепак.. убав гест од страна на Huion.
    DSC_1576.jpg
    Стајлусот исто така е одлично изработен со „гумен“ премаз и две дугмиња за мапирање. Има потреба од полнење кое според производителот би требало да трае околу 500 часа.
    Овој податок не е никаде објавен туку го прочитав на нивната Фејсбук фан страна.

    Софтвер
    Како што кажав погоре таблетот доаѓа со вметната SD картичка на која има (застарен) драјвер кој веднаш го игнорирав и симнав најнов од страната на Huion. Инсталацијата и препознавањето од страна на Photoshop минаа во најдобар ред освен една ситница.
    Имено опцијата Enable Windows Ink која е иритантна во секојдневна употреба со Windows (се уклучуват сра*а од типот на запишување на белешки и сл.) не може да биде исклучена затоа што се губи можноста за препознавање на притисок во Photoshop.
    Workaround за ова е додавање на фајл во фолдерот на Photoshop кој го игнорира ова (UseSystemStylus 0) и работата се одвива непречено. Може и со оваа опција но мене ми смета наметнувањето на Windows-от кој мисли дека сакам да го користам таблетот во секојдневна употреба.

    Драјверот односно интерфејсот на истиот е едноставен со no nonsense опции. UI-то е чисто и интуитивно. Поделено на групи имаме дел за мапирање на физичките и софтверските дугмиња, дел за мапирање на дугмињата од стајлусот и подесување на силата на притисок, дел во кој се подесува големината и ориентацијата на работната површина и опциите Mouse mode (релативно версус апсолутно позиционирање на курсорот) и Game mode (ова не знам што е и не ме интересира се додека се најдува на уред од овој тип)
    1.png 2.png 3.png


    Првични импресии и “искуства“
    Веднаш да ви кажам. До сега сум немал никакво искуство со графички таблети. Ако не се рачуна краткотрајното искуство со позајмен Wacom Intuos Art (вака се викаше ми се чини) моето искуство е ..нула.
    Ми требаше неколку дена да се навикнам на работата на пенкалцето во однос на површината на таблетот и потоа моите движења станаа далеку попрецизни.
    Сеуште експериментирам со програми односно допрва откривам што би ми одговарало највеќе и од масата испробани програми досега на прво место ми се:
    1. Krita
    2. PaintTool SAI
    3. Autodesk SketchBook

    Ова не значи дека Photoshop е помалку “надарен“ за работа со таблет но ете, овие програми како да се повеќе на ТИ со таблет и додека “хемијате“ со подесување на четките во Photoshop овдека се ви е спремно за работа.


    Евентуални мани & недостатоци
    Овдека доаѓаме до откритието зошто овие таблети се поевтини од Wacom. На прво место тука е потребата од користење на кабел за поврзување со компјутерот. Кај Wacom Intuos Pro линијата на таблети ова го добивате Out of box.
    На друго место е потребата од полнење на стајлусот со посебен proprietary USB кабел и..
    На трето место е немањето на профили за одредени програми (ова кај Wacom е далеку поелегантно изведено)

    Но да ви кажам! После двонеделно експериментирање со таблетов и разно-разни мапирања сепак раката сама ми се движи кон тастатурата така да ова за мене не преставува проблем.
    Најбитните мапирања се општи за грото од графичките програми и оние кои најчесто ми требаат веќе ми се мапирани како што се hand tool, zoom и подесување на големината на четката со [ ]

    Предности
    1. Цена
    2. Изработка
    3. Едноставност на употреба
    4. Прецизност при употреба на притисок
    5. Многу ретки лагирања и тоа само во случај ако се користат ненормални вредности за smoothing во самите програми
    6. Цена
    7. Едноставен драјвер и вонсериски support од страна на Huion во врска со се и сешто.
    8. Редовно ажурирање на драјверите.
    9. Бесплатни врвови за пенкалцето
    10. Вклучена нараквица и навлака
    11. Површината за работа/активната површина е мазна но не и лизгава и е многу пријатна при работа.



    Технички карактеристики

    Technical Specifications
    Pressure sensitivity:- 8192 Levels.
    Resolution – 5080
    Report Rate: 233 RPS.
    12 Express Keys
    16 Soft Keys
    Works with many drawing programs, as well as photo-editing ones.
    Comes with a 8 GB micro SD card.
    Supported operating systems:- Windows 7 or later, or Mac OS 10.11 or later.
    Tablet Technology:- Electromagnetic Digitizer
    Active Area:- 10″ x 6.25″
    Resolution:- 5080 LPI(Line Per Inch)
    Report Rate:- 233 RPS
    Reading Distance:- 10mm
    Dimensions/piece:- 360*240*10mm
    USB Cable Length:- 150CM
    Doesn’t support touch or wireless connectivity.

    Линк до производителот
    Huion Official Store: Drawing Tablets, Pen Tablets, Pen Display, Led Light Pad

    Линк до продавачот
    https://www.amazon.de/gp/product/B07312ZQC4/ref=ppx_yo_dt_b_asin_title_o01_s00?ie=UTF8&psc=1
     

    Прикачени датотеки:

    • 6.jpg
      6.jpg
      Големина:
      113.9 KB
      Прегледи:
      37
    На Маша, psyside, JunkieMKD и уште 20 други им се допаѓа ова.
  2. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    695
    267
    5 Јуни 2007
    Машко
    Одличен ривју. Веднаш пробав да го нарачам, ама This item can not be delivered to Macedonia. Како што гледам тебе ти има стигнато во Македонија. Совет?
     
  3. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,213
    12,214
    2 Август 2012
    Машко
    Имам брат кој живее во Аустрија па работите од Амазон најпрво одат таму па потоа ми ги праќа наваму по автобус или слично.
     
Слични теми
  1. npoptomov
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    699
  2. Mr.Ivo
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    690
  3. MasteR_#0
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    677
  4. Banjifiko
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    270
  5. gOJDO
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    1,259
Вчитување...

Сподели

Вчитување...