1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Графички Дизајн Плата Во Македонија?

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од kristijan_p, 20 Август 2019.

  1. kristijan_p

    kristijan_p
    Intern

    2
    0
    4 oктомври 2018
    Машко
    Здраво,

    Дали некој има искуство со Браинстер Академијата за Графички Дизајн? Дали е добара?

    Исто така сакам да ве прашам колку се платени Графичките Дизајнери во Македонија?
     
  2. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,294
    917
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Академијата незнам, ама предавачите се топ, со дел од нив сум работел заедно, а повеќето се топ дизајнери од Македонија.
    Платата зависи од тебе, колку ќе си добар во тоа што ќе го работиш. Почетна плата не очекувај голема, а не ни барај многу. Најбитно е да почнеш да работиш, по можност во некоја поголема фирма каде што ќе имаш од кога да научиш и усовршуваш своето знаење. Со годините ќе дојдеш во ситуација каде ти ќе си ја бараш и диктираш платата... Па ќе можеш да продолжиш и со работа од дома или странство или.... како што ќе си посакаш.
     
    На Astro и Маша им се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    142
    166
    3 Јануари 2019
    Машко
    Лично мислам дека на ДОБРИ дизајнери не им се исплати да работат по наши фирми, но тоа е моето мислење. Платата од прилика се движи од 15.000 па нагоре. Во добрите агенции и фирми (McCann, Алкалоид) иде и до 40.000 денари па нагоре. Но, не очекувај повеќе од 18.000 првите неколку години.

    Еве ти типичен пример за искуство со позната Македонска фирма. Бев на интервју за пракса во маркетинг агенцијата "Еден на Еден". Се беше ОК, додека не ми кажаа дека како практикант сум требал да седам кај нив цело работно време, да си носам мој лаптоп бидејќи немале слободен компјутер, 4 месеци ќе ми траела праксата, а за сето тоа ќе сум бил платен 3000 денари месечно. Згора на тоа, додека траеше интервјуто, газдата на агенцијата се дереше како ненормален на вработените.

    Би ти препорачал да се фокусираш на UI/UX, затоа што all-around графички дизајнери што се искочени од академиите ги има во изобилие. Па затоа и платите се многу ниски, па и поисплатливо е да се бавиш со фриленсерство.
     
  4. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    48
    69
    5 Јули 2007
    Искусен Дизајнер за 40К :) .... не се наоѓа.
    1000че па нагоре, просек би рекол 1500-600.
    Ова од мое лично искуство (10+ години у ИТ во МК).
    Само ИТ ти е спас у МК.

    Поздрав
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,236
    2,930
    24 Септември 2012
    Испод 2000евра не се наоѓа ни кафекуварка добра. Од 5000евра па нагоре дизајнер.


    Ако зборуваме за Швајцарија се разбира. За кај нас една нула помалку.
     
    На gOJDO, Molec, StalkeR и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    142
    166
    3 Јануари 2019
    Машко
    Да, ама на рака се бројат фирмите што даваат добра плата на дизајнери. Повеќето "креативни агенции", што ги има на секој чекор плаќаат по 15.000, максимум до 21.000 да речеме. За да дојдеш до плата од 40К ти треба години искуство.
     
    GGTT1, mdeni и на Oktar им се допаѓа ова.
  7. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    650
    2,185
    27 Јануари 2014
    Машко
    А, многу битен дел... за да стигне до плата од 40.000 треба да оди во фирма што е креативна и ќе може да напредува, а не некоја генеричка агенција што ќе му дава таскови за да му убијат креативност, а такви ги има многу во Македонија да не речам скоро сите.
     
    StalkeR, mrkela2009, Маша и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. martinmax

    martinmax
    Intern

    50
    27
    1 Март 2013
    Машко
    Муабетите со 2000 евра можеби се така ама за фриленс, реалноста за во локална фирма е како што спомнаа погоре 18-40к
     
    На Speedster и mdeni им се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,236
    2,930
    24 Септември 2012
    Фриленс еден месец 2000, другиот 0, третиот 40, петтиот 800...
     
    Astro, Speedster и на martinmax им се допаѓа ова.
  10. martinmax

    martinmax
    Intern

    50
    27
    1 Март 2013
    Машко
    И после ќе ти дојдат со муабетот, брат што се заебаваш земи работи фриленс, оној ти текнуе по 2к месечно заработувал.
     
    Astro, mdeni и на Speedster им се допаѓа ова.
  11. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    650
    2,185
    27 Јануари 2014
    Машко
    Тој што е сериозен со фриленс никогаш нема да ти го направи овој муабет. Најчесто такви муабети пуштаат новопечени фриленсери и дошле до првите евра па дигаат галама. Точно е дека со фриленс работата не е сигурна и дека може да се случи денес 2000, нареден месец 0, ама исто може и месецов да земеш 300 евра, а нареден фирмата да ти каже фала за услугите ама сега немаме потреба од толку голем тим ќе мора да те отпуштиме.

    За фриленс и редовна работа може да се оправаме до утре, се си има предност и маана. Јас до скоро работев од 9 до 5, а еве веќе година дена сум фул тајм фриленс. Предноста на фриленс не е дека ќе направиш 2000 евра, додека со редовна 40.000 денари. И да, фриленс не е за секого, поготово не за некој што нема никакво искуство, ниту пак за некој што не знае што е посветеност, редовност, и одговорност.

    Тој што ќе ти каже брат фриленсер сум ја си работам коа сакам, уствари врска нема како функционира фриленс бизнисот.
     
    На Futurelakimens, Astro, DonFrozex и уште 5 други им се допаѓа ова.
  12. martinmax

    martinmax
    Intern

    50
    27
    1 Март 2013
    Машко
    Јасно, се слагам. Јас зборам за рекла казала муабети кој што се често misleading. Секако дека си има фриленсери кој што си имаат стабилни месечни примања, но за тоа си треба искуство, конекции и веќе изградено портфолио.
     
  13. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    48
    69
    5 Јули 2007
    Freelance e зезнато, не многу луѓе цепаат така, треба одредени квалитети и карактерни способности.
    За платите од 1500-1600 до 2000 :), се реални ,но во странските фирми, како што и се повеќето во Скопје.
    Од такви агенции шо нудат 300-400еур бегај воопшто не ни аплицирај.
     
    На Sherminator му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    142
    166
    3 Јануари 2019
    Машко
    Од странските фирми, Cognism ме контактираа и ме прашаа колку плата би барал. Кога им реков 40.000 денари, ги снема, иако претходно ме контактираа неколку пати, па ми се јавија по телефон, па мејлови итн. ;) Сепак и странците доаѓаат овде за да заштедат. Додека за developers е друго, доста боље плати имаат од обични дизајнери.

    Види, UI/UX е поплатено него графички дизајн. Па можеби и затоа имаш таква проценка за платите.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    48
    69
    5 Јули 2007
    Зборам за дизајнер искусен.
    Да знае да дизајнира веб комплет од старт до финиш, до HTML, со примери за најголем број од ситуациите дадени на девелоперите.
    Да знае Android/iOS апп да издизајнира, зборам за слики и за самите Layout-i во Android Studio и XCode.
    Да знае анимации да збрца кај шо треба како треба, responsive да биде се шо ќе дизајнира итн итн.
     
  16. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    142
    166
    3 Јануари 2019
    Машко
    Добро, за тоа реално и 1000 евра е мала плата. Но, тоа што наведи горе не е работа на графички дизјанер.

    1. Тоа е веб дизајнер.
    2. Тоа е UI/UX дизајнер.
    3. Тоа е motion дизајнер.

    Според мене работата на графички дизајнер, или поточно за тоа што праша OP-to е човек кои се занимава со дизајн на лого, брендинг, дизајни за принт и останато. Генерално гледано, за да бидеш добар веб дизајнер или нешто од областите што ги спомна, треба добро да ги познаваш концептите на графичкиот дизајн.

    Искусен дизајнер може и да е специјализиран само за корици за книги. Не мора да биде човек кој се работи се можно од областа на дизајн. Друг искусен дизајнер може е добар за лого и брендинг, но не за дизајн на корици итн.
     
    На MadBuldog и Sherminator им се допаѓа ова.
  17. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    63
    112
    6 Мај 2019
    Женско
    Точно да работата на дизајнер не е воопшто едноставна, треба спој од креативност со техничка подготвеност, плус способност за работа со луѓе, што би го сместила за најтешкиот дел, но мислам дека врз цената влијае и фактот што постојат доста сервиси како Canva кои се бесплатни, и можеш било што да направиш самиот брзо и лесно.
     
    Astro, TheMarshal и на Sherminator им се допаѓа ова.
  18. boban984

    boban984
    Gaining Experience

    48
    69
    5 Јули 2007
    Само Брендинг да ... дури 40че е многу, околу 500еур би бил само за брендинг и такви слични таскови
     
  19. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    72
    103
    24 Април 2007
    Женско
    Од километар се познава дали нешто сработил дизајнер или на газдата синот. Canava проаѓа само за банерче на ФБ, во веќе предосадните кампањи (ако воопшто може така да се наречат) "стиснете лајк и шер".

    Озбилни фирми во нормални држави плаќаат и само палета на бои да им одредиш за на веб или брошура, не па за озбилни продукти и маркетинг кампањи.

    Тука што нашле па зашле и експлоатираат е друга работа. Ама така ќе тераат дур има дизајнери што прифаќаат плата од 15К.

    *зборот дизајнер е употребен за некој што или е едуциран или точно знае што и зошто прави, освен да спои две слики во фотошот и да искуца текст.
     
    На gOJDO и mdeni им се допаѓа ова.
  20. Astro

    Astro
    Guru

    6,098
    8,280
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Да не заборавиме дека кај повеќето странски фирми кај нас се работи на проекти. Зависно од буџетот на проектот и од нарачателот, во иста фирма двајца со исти квалификации кои работат горе/доле иста работа не земаат иста плата. Едниот зема 1500 евра, другиот 1000 евра, само заради буџетот на проектот. Некои проекти траат кратко, некои подолго, па изгледа дека платата е договорена, но често пати во договорите за вработување стои дека вработениот е вработен и платен согласно условите во проектот.
     
  21. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    63
    112
    6 Мај 2019
    Женско
    Па секој гледа да заштеди, не е тоа ништо чудно. Дали ќе користи Canva, или ќе плати 5 до 15 долари на Fiverr, тоа си е прашање на избор. Има фирми кои немаат ни вработено дизајнери, туку користат повремени freelance услуги.
    Е сега, конкуренцијата си го прави своето. Кога има поголема понуда од побарувачка, цените паѓаат. Тоа е основна пазарна економија, без разлика дали некому му се допаѓа тоа или не. И секако дека не само во МК, туку и на целиот Балкан цените се пониски за работна рака, бидејќи целото поднебје ни е такво. Не велам дека е ОК, но е реална фактичка состојба.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    72
    103
    24 Април 2007
    Женско
    Штеди на краток рок, губи на долг. Дизајнот има многу конкретна и прецизна цел. Бренд не се гради со сличе од 5 долари. Добро позициониран бренд носи приход итн итн. спиралата се врти ;)
     
    Oktar, mdeni и на Astro им се допаѓа ова.
  23. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    63
    112
    6 Мај 2019
    Женско
    Кажи им го тоа на ВИП-овци :D
     
    На Astro и Маша им се допаѓа ова.
  24. coNNectMKD

    coNNectMKD
    Gaining Experience

    192
    118
    13 Март 2017
    Машко
    Преку 70% од фирмите во Македонија, ако не и повеќе, што не се во ИТ секторот или горе долу блиски до ИТ секторот, не плаќаат т.е немаат никакви дизајнери. А и поголемиот дел неможеш да им докажеш или убедиш дека човек за таа позиција треба да се плати и цени.

    Како што кај братучед ми во фирма сметаат дека еден човек, може(=треба) да го прави вебот, да прави и објавува постови, а и сите останати дизајни како постери, банери, флаери, визитки, промо слики, темплети итн итн. Иди ти сега објасни му на директорот дека за оваа работа, треба да го плаќаш вработениот минимум 30/35к.
     
    Futurelakimens, mdeni и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  25. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    650
    2,185
    27 Јануари 2014
    Машко
    Еве една странска компанија во Македонија како функционираше. Нема да спомнувам имиња. Фирмата постои 3 години во Македонија, објавуваат огласи за Видео едитор со искуство баш на ит.мк/кариера. Се пријавувам со CV и портфолио, добивам мејл и повик во рок од 30 минути од аплицирање. Одам на интервју, фирмата закон! Кул луѓе, канцелариите екстра средени, со тренер секое сабајле разгибавање, платен ручек, пинг понг масичка, афтер ворк секоја недела. Платата нема да ја спомнам ама за Македонски услови беше солидна нешто под 500че.

    Од видео едитор т.е. од мене се бараше да имам познавање од видео анимирање, морфинг, колор грејдинг, графички дизајн, да бидам достапен 24/6, да водам состаноци со клиенти, да ангажирам фриленсери што ќе снимаат настаните (се работеше за клиенти од цел свет, претежно Америка и Азија, останатото од Австралија), да разговарам со фриленсери и да доделувам таскови.

    Класична фирма составена од Маркетинг тим, Продажба, и ИТ. Во ИТ имаше дечко што се пријави на оглас за UI/UX, а работеше се освен тоа, програмерот беше нинџа, и нема што не знаеше да сработи.
    Газдата живееше во Нов Зеланд и работниот ден на мене и дечките од ИТ се состоеше вака некако:

    8:00 - вежбање со тренер
    8:30 - доручек
    9:00 - разговор на скајп со газдата
    9:30 - разгледување на таскови за тековниот ден
    10:00 - доделување на таскови на фриленсери од странство
    10:30 - разговор на скајп со газдата
    12:00 - ручек
    13:00 - работа на проект (да, дури во 1 јас почнував да работам за тоа што сум аплицирал)
    13:30 - разговор со газдата
    15:00 - разговор со клиентите и состаноци
    16:00 - разговор со газдата
    16:30 - разговор со фриленсерите да дадат фидбек до кај се со проектите
    17:00 - разговор со газдата да му пренесам до кај се проектите.

    Е ваков беше секој работен ден од 9 до 5. Човекот досаѓаше на секој 30 минути да му се дава извештај што и како се работи, а меѓувремено не ни имаш време нешто да сработиш. Газдата сакаше да биде маркетинг, продажба, видео едитинг, дизајнер и програмер. Отвори фирма во Македонија, а секој можен проект му правевме outsource и го дававме на фриленсери од странство. Јас како видео едитор, договарав буџети со клиентите. Еве не знам може е до мене ама ваков таск не верувам дека е за мене, иако на состанокот имаше луѓе од sales.
    Го добиваме Кока Кола како клиент во Тајланд. Треба да оддржат настан на кој ќе има преку 30 видео билборди и за секој да иде различно видео од 9 секунди + live conference од 2 саати. Буџетот беше нешто околу 30.000 евра. Газдата не сака да чуе дека треба да се потроши повеќе од 5000 на луѓе и опрема. На таков клиент сакаше да заштеди. Муабетот ми е на волку голем клиент проба да штеди, не сакам ни да зборам за малите клиенти какви цигански работи правеше.
    Маркетинг тимот и продажба се состоеше од 1 искусен и останатите практиканти што ги држи по 7-8 месеци па менува друг тим.
    Фирмата постои 3 години во Македонија, а сменети се повеќе од 7 видео едитори, 3 дизајнери и 4ца програмери. Еве фала богу, сите што ги запознав се во успешни фирми веќе, а некои и во странство заминаа, а фирмата не постои.

    Не сум некој што сака да кажува што и како било и да ширам информации или да нарушам изглед на некоја фирма, ама едноставно сум алергичен на тие мали агенции, поготово ако се странски или коа ќе ти кажат дека нудат топ услови.
    Немаш простор за учење, ниту надградување, креативноста ти е убиена у поим, идеш дома нервозен и знаеш дека ништо не си постигнал. Ова и беше одлучувачки за мене да прејдам фул тајм фриленс ама веќе имав искуство и со фриленс после работно време така што не беше нешто ново за мене.

    Пред фирмава работев во друга фирма 5 години, и секој ден напредував и стигнав до супер плата. Сакам да кажам дека не треба одма да трчате по најголемата плата. Работете, почнете од негде ама нека има работна средина каде што ќе напредувате, ќе научите нешто од самата работа, а и од колегите. Од вакви посрани агенции што ветуваат се и сешто, подалеку. Ова академииве нешто станаа популарни па сите сакаат да завршат нешто дизајн/ит и да сменат професија, што до мене е океј ако не си среќен со моменталната работа. Ама нека не биде првото прашање колкави се платите. Платата како и во секоја професија варира, колку си спремен да се посветиш на работата и колку имаш познавање. Мене лично платата не ми правеше кејф, иако денот го поминував претежно на телефон, ама секојдневно тонев и со знаење и психички. А, не се лажете дека другите агенции се нешто поарни. У Скопјево на прсти се бројат квалитетните фирми.
     
    На tonidn, TheMarshal, ТАТА_МАТА и уште 6 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...