1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

графичка карта за Linux

Дискусија во форумот 'GNU/Linux' започната од bokiscout, 5 Јули 2018.

  1. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Темава е за да го споделам искуството со nVidia и AMD гарфичките карти во однос на Linux дистрибуциите.

    Користев nVidia GTX 560 од 2011.
    - Open source драјверите, Nouveau, бркаат работа колку да видиш слика на екранот и толку. Проблеми со vsync, проблеми со "специјални ефекти", сецкаа и крешуваа и на десктоп. За видео игри нејкам ни да праам муабет. Лоши се. Не е криво comunity-то, со reverse engineering и ова е супер. Ама впечатокот е дека не се добри за секојдневна употреба.

    - Proprietery драјверите од друга страна работат супер во видео игри, OpenCl, хардверска акселерација итн... Одлични се кога треба да ја оптеретиш графичката, ама не чинат додека си на desktop, без оптеретување. Премногу долго ја држат ниско работната фрекфенција и не прават burst кога ти е потребен, туку после половина секунда (од приика, не сум мерел). Во меѓувреме може да се примети и сецкање, не често ама го има. Од верзија до верзија има разлики меѓутоа генералниот впечаток е тој. Имаат маана, не се butter smoot.

    Ја сменив со AMD R7 260X прошлиов викенд и никогаш до сега не сум видел толку мазен десктоп.
    - Тестирав и со старите radeon драјвери, тестиарв и со новите amdgpu (open soruce драјверите, без pro, аmdgpuPRO се proprietery, не ме интересираат) драјвери и впечатокот е ист. Немам ниту една замерка.
    - Хардверска акселерација = 10/10
    - Видео игри = 10/10
    - Лагови на десктоп = нема, 10/10
    - Поддршка за wayland = 10/10

    Буквално како препороден сум. Не дека до сега не чинело со nVidia графичката, ама AMD во моментов имаат многу подобри драјвери. Ако планирате да користите Linux топло препорачувам да си земете PC со графичка од AMD.

    Да напоменам дека и intel не се лоши. На работа до скоро користев PC со интегрирана графичка од intel и тврдам дека работат по мазно од nVidia на десктоп ама ни приближно мазно како amd.

    Заклучок:
    AMD > intel > nVidia
     
    На Oktar, martin17, Multipass и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. bxxxn

    bxxxn
    Practice makes perfect

    960
    1,094
    11 Март 2011
    Инаку и Apple користат AMD и доста ги критикуваа што не користат NVidia. Не сум некој познавач на графички, но вака од искуства на други, ќе излезе дека Apple се во право :)
     
  3. boriseto

    boriseto
    Gaining Experience

    227
    199
    7 Јули 2013
    Машко
    Работата е шо nVidia одат на испеглани драјвери on release day и појака моќ од старт. АМД некако добро стареат и со тоа шо се open source за многу работи, подобро ги оптимизираат со текот на времето.
    А моменталната ситуација со RadeonSI и AMD-GPU-PRO драјверите на Линукс дека се каде каде подобри од fglrx шо беше на времето, тоа е друга приказна. :)
     
    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Isak Keyten

    Isak Keyten
    Practice makes perfect

    1,130
    1,272
    25 ноември 2014
    Ја сум со 280х
    Safe to say its been super shitty experience
    Нема апдејтирани proprietary drivers
    Опен сорсот имаат screen tear на сите композитори освен КДЕ (пак има ама малце) и Гном3 (шо го мразам).
    И така, си седам моментално на XFCE и док глеам видеа линии ми претрчуваат, у позадина ми се симиња макос хај сиера пошо не знам кој ѓаол ме натера да го исформатирам после 1 година користење. Ми се отвори дизна за гејмање и шлапнав 10ка тогаш и зажалив во рок од 5 мин кога после свежа инсталација 10ката не бутираше :)

    Тотално не контрибутирам на темава - морав да се олеснам

    /rant-off
     
  5. bokiscout

    bokiscout
    Practice makes perfect

    1,699
    1,998
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Ама compositorot на xfce не поддржува vsync... Таков е. Некои го менуваат со compiz за да имаат vsync.
     
  6. Enquito

    Enquito
    On your way to fame

    959
    584
    8 Август 2017
    Машко
    Се е работа на оптимизација, Аппле и конзолите се практички целиот пазар на АМД (и мајнерите од скоро). Па мораат да посветат повеќе внимание, кој користел Хакингтош со АМД карта во Фајнал Кат про знае за што пишувам, 480/580 појаки перформанси од 1080Ти и Титан Х заедно, за Адобе Премиер е друга прича. А сега од поново Free sync станува индустри стандард, ќе гледаме се повеќе телевизори со фри синк, а секако и монитори, ќе мора и Нвидина да се помачи со g sync.
     
    На bxxxn и zlatko. им се допаѓа ова.
  7. krema

    krema
    Professor

    8,618
    8,363
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кај мене дали има надеж да се инсталират соодветни драјвери за графичката!? (во потпис)
    Инаку моментално користи некои генерички драјвери од самиот линукс. :) --> AMD® Pitcairn <-- Вака ми ја пријавува.
     

Сподели

Вчитување...