Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Графичка карта која не троши многу стуја

bristlebac

On your way to fame
21 декември 2020
270
768
Skopje
Другари би ве замолил за ваше мислење да ми помогнете при избор на GPU докај 20 - 25к.
Имам NVIDIA GeForce GTX 1070 - задоволен сум од неа, но би ја сменил ако стварно ќе ми се намали потрошувачката на струја.
Имам монитор 2к, CPU Ryzen 7 2700 и 16.0GB рам. Од форумов од некои членови читав дека rx6700 не трошела многу стуја?
Некои викаат дека било до вентилаторите (3 вентилатори или 2) но мислам дека не е така, знам дека вие најдобро знаете.
Однапред сум ви благодарен :love:
 
The_Witch_Hunter

Unstoppable
23 мај 2012
1.323
3.052
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D | ROG Ryuo III 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade 2TB | Samsung 970 EVO 1TB | WD Purple™ WD20PURX 2x2TB
PSU
Corsair HXi Series™ HX1000i
RAM
Kingston FURY™ Renegade DDR5 32GB 6400MT/s
Video card
ASUS TUF Gaming GeForce RTX® 4090 OC Edition 24GB GDDR6X
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
ASUS ROG Claymore
Audio
Creative A250 | ROG Strix GO Core
Monitor
Dell AW3821DW
OS
Windows 11 Pro
Чувај си ја. Новиве се поефикасни само ако споредуваш перформанси по ват. Во сурова потрошња, таа што ја гледаш ти е тука некаде со твојата.
 
Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
2.084
3.089
Струмица
Имам Gigabyte 1070 G1 и вентилаторите се палат само по потреба, дуваат 2-3 минути и се гасат. Не гејмам ама кога користам Adobe apps знае да дигне темп над 50Ц, и само тогаш се уклучуваат.
Поарно напрај еден undervolt отколку да си комплицираш животот баш овој период.

ARMac

Epic
2 октомври 2010
9.261
12.098
Скопје
androgaming.com
Другари би ве замолил за ваше мислење да ми помогнете при избор на GPU докај 20 - 25к.
Имам NVIDIA GeForce GTX 1070 - задоволен сум од неа, но би ја сменил ако стварно ќе ми се намали потрошувачката на струја.
Имам монитор 2к, CPU Ryzen 7 2700 и 16.0GB рам. Од форумов од некои членови читав дека rx6700 не трошела многу стуја?
Некои викаат дека било до вентилаторите (3 вентилатори или 2) но мислам дека не е така, знам дека вие најдобро знаете.
Однапред сум ви благодарен :love:

Колку струја месечно мислиш дека ти одат на компјутерот?
 
wolverine

Practice makes perfect
27 јуни 2012
1.252
1.469
Голема Македонија
wolverine's setup  
Processor & Cooler
Intel i5-13600K / Arctic Liquid Freezer II 360
Motherboard
Gigabyte Z790 GAMING X AX
Storage
2TB Samsung 980 Pro | 2x Samsung 980 PRO 500GB | 1TB MX500
PSU
NZXT C750
RAM
2x32GB G.Skill TridentZ 6400
Video card
ASUS 7800 XT 16G
Case
Phanteks Eclipse P600s
Mouse
Logitech G502
Keyboard
FL ESPORTS F12 - Kailh Box White Switch
Monitor
2x Dell 27" S2721DGFA 166Hz
OS
Ubuntu / Windows
Не постои графичка за таа резолуција што троши малце струја. Ако навистина сакаш да заштедиш, земи 1660 Ti и врати се на 1080p.
 
The_Witch_Hunter

Unstoppable
23 мај 2012
1.323
3.052
The_Witch_Hunter's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen™ 9 7950X3D | ROG Ryuo III 360 ARGB
Motherboard
ROG Crosshair X670E Hero
Storage
Kingston FURY™ Renegade 2TB | Samsung 970 EVO 1TB | WD Purple™ WD20PURX 2x2TB
PSU
Corsair HXi Series™ HX1000i
RAM
Kingston FURY™ Renegade DDR5 32GB 6400MT/s
Video card
ASUS TUF Gaming GeForce RTX® 4090 OC Edition 24GB GDDR6X
Case
be quiet! Dark Base Pro 901
Mouse
Razer Basilisk V3 Pro
Keyboard
ASUS ROG Claymore
Audio
Creative A250 | ROG Strix GO Core
Monitor
Dell AW3821DW
OS
Windows 11 Pro
Колку струја месечно мислиш дека ти одат на компјутерот?
Зависи колку игра на него. Вака од око, монитор 60-80W, конфигурација 200-250W. Да заокружиме 300W. 2 сати гејминг дневно, тоа би било 18 киловати месечно. Ајдл 4 сати да речеме по 100W е 12 киловати, вкупно 30 во месец. Околу 250 денари?
 
supergamer

Gaining Experience
1 октомври 2022
157
187
Пробај undervolt да направиш на графичката. Сигурно може да се намалат напоните на процесор и меморија. А со тоа и температурите ќе паднат за неколку степени.
Ќе намалиш некој процент од потрошувачката.
 
StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
727
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Не трпи многу undervolt 1070, имав иста сега брат ми ја користи, немаш бенефит. Фабрички е прилично добра, и да успејш да напрајш undervolt ако имаш добар примерок, мал ќар ќе видиш. Не се како новите 3000ки. Искрено не знам оти мислиш дека ти троши многу. Ако памтам убо на full load и синтетички бенчмарци до кај 160-170w гледав, иначе седеше негде 130-150 на игри? Убо ти пишаја и другите членој, освен ако не играш по цел ден, секој ден, најмногу ќе заштедиш 200-300 денари? Не вреди да ја менваш дефинитивно, поќе ќе потрошиш на нова графичка него шо можиш ќар да видиш следните 3 години за да ти излези цената. Ако веќе земаш нова, 3060 или 3060ti не трошат премногу и трпат андерволт, исто како и 6650XT.

И дефинитивно нема врска со вентилаторите за потрошувачка. Самите вентилатори тргаат негде 6-8W МАКСИМУМ, значи и цел ден да ти работат, за 24 сати ќе потрошат 144W, т.е. во превод 2 денари денот. Јас намерно ги оставам да работат цело време на 30% за да намалам 5-10 степени idle температура.

Гледам постара тема е од пред недела дена, ама се надевам членот ја доби информацијата шо ја бараше. Крај краева, и да звучи смешно, поарно ти е една сијалица или две да ги изгасниш и да не ги забораваш пуштени оти по 60W од сијалица, 2 ти се 120W, или во превод поќе од пола цел систем шо ти трга.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.374
7.302
Скопје
www.facebook.com

Cel sistem trga pri gejming 320w so taa grafick i so ryzen 3600 cpu.
Barem pred oci mi e potrosuvackata. Napojuvanjeto ima vgraden wattmeter.
 
StefanPetrov

On your way to fame
5 април 2016
466
727
StefanPetrov's setup  
Processor & Cooler
12700F / Arctic Liquid Freezer II 240
Motherboard
MSI PRO Z690-A DDR4
Storage
1TB Firecuda 520 SSD / 500GB Kioxia Exceria SSD / 1TB WD HDD
PSU
Asus ROG STRIX 750W
RAM
32GB G.Skill Aegis 3200 MHz
Video card
EVGA 3080 FTW3 Ultra 10GB
Case
Modecom Volcano Amirani White
Mouse
Razer Deathadder V2
Keyboard
Cooler Master MK730 Brown Switches
Monitor
LG 32" 165Hz QHD
OS
Windows 10 / Ubuntu
Cel sistem trga pri gejming 320w so taa grafick i so ryzen 3600 cpu.
Barem pred oci mi e potrosuvackata. Napojuvanjeto ima vgraden wattmeter.
И 300 да е, муабето ми беше дека нема да добие ништо со андерволт. Ќе намали 10-20W можи, ако воопшто трпи. Мојата 1070ка ни 30-40mv андерволт не трпеше. Не ми текнува колку беше цел систем ко го имав, не ме фаќај за збор точно.
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.374
7.302
Скопје
www.facebook.com
И 300 да е, муабето ми беше дека нема да добие ништо со андерволт. Ќе намали 10-20W можи, ако воопшто трпи. Мојата 1070ка ни 30-40mv андерволт не трпеше. Не ми текнува колку беше цел систем ко го имав, не ме фаќај за збор точно.
Да точно. Барем 5-6 графички што имам ставено досеа од 1060, 1070, 1080ти , 3060ки на истата игра со истиот процесор потрошувачка горе доле 300-320w
 
supergamer

Gaining Experience
1 октомври 2022
157
187
Ама ако успее да намали 100mV како што гледам некои успеале, ќе намали можеби 30W, а тоа е 10% од потрошувачката на системот.
Нема есап од менување графичка.
А никој не игра игри 24/7 така да незнам колку сето тоа би се одразило на севкупната месечна потрошувачка на компјутерот.
Некој мерач на потрошувачка стави па гледај како се движи.
 
Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.127
Мислења
975.156
Членови
35.434
Најнов член
Ljupce Boshkov
На врв Дно