1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Gospell Set Top Box

Дискусија во форумот 'Радио, телевизија, радио-телевизиски сигнал и него' започната од filipsis, 18 Март 2019.

  1. filipsis

    filipsis
    Intern

    3
    5
    18 Март 2019
    Машко
    Здраво, имам проблем со ресивер од операторот ВИП кој можеби е лесно решлив за човек кој се разбира во овие работи или е добар дијагностичар. За жал, јас досега сè што знаев и мислев пробав, но не успеав да го решам.

    Gospell Set Top Box GK7500F е моделот и пишува дека поддржува MPEG-4 - H.264 преку УСБ и точно, поддржува (.mkv, .avi и .mp4) фајлови, но имам проблем со преводите. Најчесто, како и кај телевизорите, .srt фајлот го чита само доколку е со исто име како и филмот, доколку е поразлично, воопшто не го дава ко фајл.

    Во тие (ретки) случаи кога одлучува да го прочита преводот и автоматски да го залепи, целосно ги чита само преводите кои се на англиски јазик, оние од Балканов како српски или хрватски (Латиница) ги дава половично, без деловите во кои ги има буквите ко „Ч, Џ, Ш“, практично сè што е со надреден знак.

    Дали има решение, да се надмине проблемот и да ги чита целосно овие карактери, букви од балканскиве јазици со што ќе може да го прикажува цел превод без да ги изоставува тие делови?

    Знам дека има и други решенија како ПЦ или лаптоп со HDMI кабел, ама за жал немам таква можност засега и се насочувам да го решам вака проблемот пред да преземам други мерки. Благодарам однапред. :)
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Симни го Notepad++
    Отвори го SRT фајлот
    Од менито горе избери convert to UTF-8
    Сејвни го и пробај

    И секако на компјутер на филмот стисни F2 за едит на името, CTRL+C за копи, па на преводот F2, CTRL+V за пејст. Така секогаш ќе ти бидат со исто име.
     
    Astro, farkizz и на filipsis им се допаѓа ова.
  3. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,818
    2,051
    19 Јули 2013
    И обичен Notepad ќе заврши работа, не мора да симнува ++.
     
    На filipsis му/ѝ се допаѓа ова.
  4. filipsis

    filipsis
    Intern

    3
    5
    18 Март 2019
    Машко
    Го направив тоа, и сега, за разлика од претходно ги прикажува редовите, деловите (претходно воопшто не ги ни покажуваше) во кои има такви букви (š,č), но ги изоставува буквите во зборот. Пример, „(š)ta“ и изоставено е (š) и оди само „ta“.

    Потенцијално решение за ова? :)
     
  5. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    Немаат софтверска подршка тие боксови за exYu титлови ниту пак за кирилица.
     
    Последна промена: 18 Март 2019
    farkizz, filipsis и на DrMTR им се допаѓа ова.
  6. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Андроид бокс. Толку му е. Изгледа нема подршка за ceнtral european карактери од нашево подрачје.

    Решение секако има, да ги печеш титловите во самиот видео фајл. Handbrake го прави ова. Зависно од компјутерот што го имаш ќе ти треба од 1 до 12 саати да го изренда. Неисплатливо.
     
    На farkizz и filipsis им се допаѓа ова.
  7. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,818
    2,051
    19 Јули 2013
    Во notepad ги дава како што треба? Ако да, тогаш нема поддршка за надвор од латиница (ANSI).
    Тогаш ти преостанува само да ги „конвертираш“ тие букви со надредени знаци во обични š>s, č>c итн.
    Наједноставно тука Slovo Majstor -- Ispravljanje ošišane (ćelave) latinice. со копи-пејст.
    Или š>sh, č>ch со find/replace.
     
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. filipsis

    filipsis
    Intern

    3
    5
    18 Март 2019
    Машко
    Ова со конвертирањето во UTF-8 и рачното менување на буквите во Notepad е дефинитивно единствената опција да функционира, сè друго е преголемо замарање. Ова е остварливо за 10 минути бидејќи не се премногу букви, а едноставно е.

    Благодарам на сите за советите, го решивме проблемот. :)
     
    Astro, moongose, ARMac и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    За еден до два филма да изгледаш во ред е постапката, ама ако си гледаш повеќе филмови и серии тогаш ова е заморно секогаш да се прави.
     
    На filipsis му/ѝ се допаѓа ова.
  10. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,818
    2,051
    19 Јули 2013
    Кога ќе се замори, ќе побара начин да го автоматизира тоа, па ќе му дадеме предлози и во таа насока.
     
  11. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    Најдобро еден андроид бокс и решен проблем.


    Sent from my ипхоне using Tapatalk
     
Слични теми
  1. Antonio Vasilevski
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    3,211
Вчитување...

Сподели

Вчитување...