• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Google - piraterija?

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Northeastern University и компанијата Jarg Corp која е основана од еден професор од овој универзитет ја поседуваат ексклузивната лиценца за пребарувачката технологија која е патентирана во 1997 година, уште пред да биде основан Google.

Портпаролот на Google изјави дека и тие спровеле интерна истрага, отфрлајќи ја тужбата како неоснована. Но, во тужбата се спомнува дека Google никогаш не побарал некое легално мислење дали со своето делување го крши американскиот патент број 5,694,593 на Кенет Беклавски, професор на Northeastern University, кој својата метода на пронаоѓање информации од големи бази на датотеки првпат ја објавил уште во 1994 година.

Тој тврди дека Google ја користи неговата технологија во пребарувачот и дека од нив не бара ништо повеќе од тоа што легално му припаѓа - а тоа е финансиска оштета, која во случај на негова победа би се мерела во милијарди долари.



И, што ќе кажете на ова?
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Не ми се верува дека е можно Google да се базира на таква основа. Ако беше така тогаш тој професорот Кенет Беклавски 100 пати ќе го тужеше Google и мислам ако тој беше во право ќе го добиеше спорот. Сведоци бевме пред некое време кога Microsoft го изгуби спорот за кршење на некои одредби и за монопол нешто беше ама не ме држете за збор, пред не знам точно кој суд и мораше да плати оштета во милијарди долари. Кога станува збор за Европските држави и САД, таму судовите немаат милост за никого и секој ќе си ја добие правдата. Така да не сум сигурен за тврдењата на тој професор. :zbunet2:
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
mosh e tochno a mosh i ne .. na nas samo ni ostanuva da cekame i da vidime sto kje ispadne na kraj ..

PS: I`l on google`s side :)
 
M

Mr.Alien

Гостин
Каде што има чад, има и оган (најчесто).
Не верувам дека Google е плагијат, но од друга страна не би се кладел и дека професорот е некој шарлатан желен за слава, кој за таа цел се експонира во јавноста со неодмерени изјави.
Баш ме интересира што ќе произлезе од сево ова!
 

Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
а професоров спиел до сега, па се разбудил и му текнало дека имал он напишано некаков алгоритам за пребарување? Ништо не е 100% оригинал, некаква идеја постои или дури е документирана..само треба да го убедиш судот дека двојата е само 1% слична на тоа а 99% твој изум..и тоа е тоа ...
 
D

DimitarMK

Гостин
Можно е, идејата да ја зеле од тој професорот, а како што кажа "Vavo" сега ли му текна тој да обвинува? =)

Aleks, I'm on Google side too :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Можеби чекал до сега кога Google стана најмоќен пребарувач, "најтежок" од сите.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,607
Мислења
821,594
Членови
28,258
Најнов член
mimoza.stoilova
На врв Дно