- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139

Интернет пребарувачот Гугл (Google) започнува нов проект, он-лајн енциклопедија Knol, која ќе се разликува од Википедија по тоа што ќе има по неколку статии од една тема, а авторите ќе бидат потпишани.
Корисниците ќе имаат можност да учествуваат во формирањето на новата енциклопедија, со тоа што ќе испраќаат свои мислења или предлози за промена во содржината.
Секој читател ќе може да ги коментира и оценува статиите, но и да му поставува прашања на авторот. Целосна контрола врз статиите ќе има само авторот.
Во моментот енциклопедијата Knol е само на англиски јазик, но се предвидува услугата наскоро да стане достапна на 14 јазици.
Извор: А1 IT.com.mk