• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Google интерактивно креира favicons

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Google веќе е толку моќен и распространет, што дури и најмалите ситници кои ќе ги направи на интренет се шират како „breaking news".



Станува збор за промена на иконата која се прикажува во favorites (favicon), мала икона која се јавува во вашиот браузер веднаш од URL или во листата на bookmarks секој пат кога ќе ја посетите страницата на Google.

Причината за ваквата промена, која доаѓа по цели 8,5 години е во обидот на компанијата да го прилагоди ова иконче за платформите кои ги користат мобилните телефони.

„Сакавме да направиме сет на икони кои се подобро забележливи и видливи во некои нови платформи како што се онаа на iPhone и на некои други мобилни телефони. Новата „ favicon“ е само една од новата група на икони, базирани на лого, кои се поставени заедно, но се уште се недовршени“, се вели во соопштението од компанијата.



Во оптек биле околу 300 икони со нивни пермутации, поради што изборот на соодветната икона бил многу потежок.

„Беше многу потешко отколку што мислевме. Сакавме да направиме препознатлив и забележлив „favicon“, па затоа се одлучивме за тренспарентност и полутранспарентност. На тој начин сликата ќе има позабележлив облик. Сакавме нешто што ќе вклучува колоритноста на логото, а сепак нема да биде симбол кој ќе значи Google, па затоа се одлучивме да си играме со буквите кои веќе се наоѓаат во името“, се вели во соопштението.

Она што сега може да се забележи како „favicon“, според компанијата, е само прв чекор кон серијата унифицирани икони кои Google ќе ги произведе. Со цел да постигне поголема интеракција со своите корисници, компанијата ги повикува да се вклучат во процесот на креирање на новите икони и да дадат свои идеи и замисли, кои можеби нив не им паднале на памет, а би биле одлично решение.

Извор: ИДИВИДИ
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
Хмммз.. Некако последниве 2 месеци во секој муабет во врска со ИТ се спомнува google.. До кај стаса таа сила ..
Замислете го google после 10 години..
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Мислам дева веќе го сруши мајкрософт... Иначе браво за гугл, секој ден нешто ново измислуваат
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
не знам зошто ги споредувате овие 2 гиганта
Microsoft произведува оперативен систем и негови алатки додека Google е светски веб пребарувач (нешто што сите го знаете)

како да ги споредуваш Жито Вардар и Топилницата од Велес
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
И да го купи Microsoft Yahoo, на почетокот можи да биди "тешко".
Ама јас мислам дека Google на крајот ќе се извлечи.

btw Интересни логоата.
 

_BurneR_

Intern
26 април 2007
114
3
www.baltazar.com.mk
Google е јака фирма но и Microsoft не е слаба и двете се многу доминантни на пазарот и Google може да го надмине Microsoft само кога ќе креира OS доволно добар и едноставен да може да се му се спротистави на Windows па тогаш ќе има интересна бикта за купувачи :rolleyes:
 

sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Во денешно време најбитна е информација, а гугл ги има сите информации, што е актуелно во моментов и сл. Затоа мислам дека сега за сега google „вреди“ повеќе од M$.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,517
Мислења
822,419
Членови
28,049
Најнов член
Mandej
На врв Дно