goodboy
Intern
- 12 јануари 2008
- 849
- 21
Во текот на наредните денови Google ќе претстави нова алатка за Google Docs, која на своите корисници ќе им овозможи пристап до своите документи и offline, односно за пристап до нив нема да има потреба од интернет врска. Надоградениот Google Docs ќе ја има имплементирано можноста Google Gears, односно алатка која овозможува синхронизација на онлајн датотеките со датотеките кои се сместени на хард дискот. Некои, како фановите на Google Docs го поздравуваат овој процес, додека пак други се скептични и сметаат дека кога се во прашање озбилни компании, ваквите онлајн апликации не би можеле да ги заменат традиционалните онлајн апикации за обработка на текст. Уште една битна работа врзана во врска со Google Docs е и сигурноста, бидејќи до документите може да се има пристап од било кој компјутер во светот, со што ја зголемува можноста истите да паднат во погрешни раце. Ако се остават на страна овие недостатоци, станува збор за одлична опција која ќе ги развесели оние кои го ја користа оваа алтка за обработка на текст.
........prevzemeno
........prevzemeno