• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Google AdSense - од А до Ш

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Alucard

Шериф
22 октомври 2012
1,935
1,862
Скопје
Бидејќи пребарувањето на форумов сеуште не работи, а Google дава некои стари постови, и не успеав да најдам ваква тема целосно посветена на Google AdSense, дали има некој јунак на форумов што може детално да објасни што-како-зошто околу целата процедурата за отворање и одобрување на Google AdSense, т.е. дали мора да имаш сајт или YouTube канал пред да аплицираш, како оди верификацијата, каква сметка треба да имаш во банка, дали со моменталнава ситуација писмото за верификација ептен заглавува со стигање, дали доколку не се примани девизи претходно треба нешто да се среди со банката, зошто стига мала сума на банкарска сметка за верификација, дали македонски државјанин воопшто може да има Google AdSense, или ќе треба да се прават „финти“ како со PayPal, како оди менување на чекот во пари, која банка е најдобра, на што друго треба да се посвети внимание, и слично...
 
vision

Intern
17 април 2010
43
21
hybridhosting.mk
Можеш да имаш како Македонец без никакви финти :)
Сајт или Youtube зависи од тебе. (Што имаш?)

За сајт - треба да е добро присреден, со јасно Мени, Услови, GDPR и да имаш редовно минимален трафик на него
Google’s Official AdSense Eligibility Requirements
1. You Must Be Over 18 Years of Age
2. You Must Own and Control Your Site
3. Your Site Must Have Unique and Interesting Content
4. Your Site Must Have Clear Navigation
5. You Must Not Circulate Fake Traffic
6. Your Content Must Comply with Google Content Policies
7. You Cannot Circulate Copyrighted Content
8. You Must Use a Supported Language
9. Your Site Must Not Have an Abusive Experience
Unofficial AdSense Eligibility Requirements
10. You Should Have Technical Pages
11. Your Site Should Be At Least Six Months Old
12. You Need Sufficient Traffic

На сајтот се поставува КОД од Гоогле (ќе го има во дашбордот на гоогле, после 1-2 недели ќе ти кажат дали си одобрен)
Писмото е за верификација за примање на заработката, стасува за 1-2 недели.
Банка која сум ја користел - Комерцијална (Екстра)
Првиот прилив го пријавуваш, дека очекуваш средства од Гоогле, дека ти се од Интернет Заработка, си ги пријавуваш во УЈП си плаќаш персонален
Никако Чек, само WireTransfer

- За Youtube
Follow all the YouTube monetization policies. ...
Live in a country or region where the YouTube Partner Program is available.
Have more than 4,000 valid public watch hours in the last 12 months.
Have more than 1,000 subscribers.
Have a linked AdSense account.
Немам големо искуство со Youtube (ова го изгуглав)

За сајт ќе треба да размислиш добро што ќе таргетираш, во која нишка ќе работиш.
Мине и Copyright содржина, зависи која ти е целта, краткорочно брзи големи пари (инвестиции во Fan пејџови, социјачни мрежи, спамање и сл), долгорочно константен прилив со бавен раст (SEO во комбинација со социјални мрежи и оригинална содржина)
 
Canibalot

Gaining Experience
29 јуни 2016
74
93
дали мора да имаш сајт или YouTube канал пред да аплицираш? - за креирање не, за верификација ти треба payment threshold од 70 евра која може да се префрли на сметка, а која е заработена од Веб или Јутуб.
Како оди верификацијата, каква сметка треба да имаш во банка? Користам Виза од Нлб Тутунска, ќе си побараш ибан и свифт код за твојата сметка, и кога ќе ти пристигне странски прилив ќе добиеш известување од банка и ќе потпишеш генерално полномошно дека парите ќе ти ги процецира преку твојата банка, да не те умараат и чекаш секој пат кога ќе имаш прилив.
Дали со моменталнава ситуација писмото за верификација ептен заглавува со стигање? За оваа ситуација незнам, лично искуство 2-3 недели.
Дали доколку не се примани девизи претходно треба нешто да се среди со банката? Не, Секој странски прилив од различма фирма се средува во банка со поединечно потпишување на полномошно за секоја фирма(пр: за гоогле едно, за прилив од друга фирма друго) едноставен и краток процес, тоа се средува откако ке добиеш прилив на сметка.
Дали македонски државјанин воопшто може да има Google AdSense? Да
Како оди менување на чекот во пари, која банка е најдобра, Нема чекови, имаш wireless трансфер, парите ти ги ипслаќаат на сметка во Евра од google Ireland.

Процесот не е комплициран,
Среќно
AdSense Help
 
coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
428
342
Skopje
Све ти кажаа погоре, само да се надоврзам: Ако планираш да градиш веб или јутуб канал, кој нема да има над 50/60% публика од држави како Америка(клучно), скандинавски регион, Германија и слични вакви „скапи“ држави, ќе ти треба доста долг период и огромна посетеност да стигнеш до некоја прифатлива сума (за мене прифатлива е 300/400 еур месечно).

Не дека сум негативен, но во моментов тоа е реалноста со адсенс, многу слаба заработка има. До пред 6/7 години се правеше па можеби и 200/300% повеќе од сега.
 
wiwux

Intern
3 април 2020
24
4
Дали се плаќа за да ти го испратат пинот за верификација до дома, бидејќи гледам дека во другите земји се плаќа
 
Dead Brain

Intern
19 февруари 2018
26
17
Дали се плаќа за да ти го испратат пинот за верификација до дома, бидејќи гледам дека во другите земји се плаќа
" When earnings reach the verification threshold, we mail a Personal Identification Number (PIN) to your payment address "
Мора да имаш пари заработено пари за да ти го пратат така да небитно дали зимаат.

ПРАШАЊЕ: Под кој основ ги пријавувате парите во банка коа ви стигаат на девизна сметка ?
 
pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,413
1,035
ibiz.mk
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Kingston SSDNow UV400 120GB 2.5
RAM
4.00GB Single-Channel DDR3
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Дали се плаќа за да ти го испратат пинот за верификација до дома, бидејќи гледам дека во другите земји се плаќа
Не, ќе ти го испратат од Гугл на твоја адреса (треба да биде точна) и треба да го вметнеш, откако ќе го вметнеш ќе ти ги исплатат парите во предвидениот рок за исплата.

ПРАШАЊЕ: Под кој основ ги пријавувате парите во банка коа ви стигаат на девизна сметка ?
НЛБ знам на прв прилив ќе треба да потпишеш дека ќе добиваш во иднина средства од оваа банка, за автоматски да ти ги авторизираат средствата и да ти стигнуваат на сметка. Таму може да се пише нешто као:

“Пишување веб статии“, „Новинарски услуги“ итн..

За УЈП си се под точката за странски приливи....
 
metahuman

Intern
23 септември 2019
23
14
НЛБ знам на прв прилив ќе треба да потпишеш дека ќе добиваш во иднина средства од оваа банка, за автоматски да ти ги авторизираат средствата и да ти стигнуваат на сметка. Таму може да се пише нешто као:

“Пишување веб статии“, „Новинарски услуги“ итн..

За УЈП си се под точката за странски приливи....
Во која категорија за плаќање данок влегуваат парите од AdSense т.е колку се плаќа данок на тие пари? 15% фиксно?
 
Dead Brain

Intern
19 февруари 2018
26
17
15% фиксо може да видите во закон за личен доход точка 11 поточка 11.2
 
Еве го законот од 2019 декември тогаш мислам последен пат се смени..
 
Атачменти

Dead Brain

Intern
19 февруари 2018
26
17
Дали некој до сега има поврзано Adsense со payoneer ?
Adsense бара банка во држава во која си резидент тоа може лесно да се среди да си од USA или некоја друга земја за која Adsense го подржува payoneer.
За верификација дали работат Virtual PO box ?
И дали овој е пристап функционира односно дали некој го користи ?
Не би сакал да ризикувам да ми биде блокиран аденсот во случај да не работи.
 
pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,413
1,035
ibiz.mk
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Kingston SSDNow UV400 120GB 2.5
RAM
4.00GB Single-Channel DDR3
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Дали некој до сега има поврзано Adsense со payoneer ?
Adsense бара банка во држава во која си резидент тоа може лесно да се среди да си од USA или некоја друга земја за која Adsense го подржува payoneer.
За верификација дали работат Virtual PO box ?
И дали овој е пристап функционира односно дали некој го користи ?
Не би сакал да ризикувам да ми биде блокиран аденсот во случај да не работи.
Berlin, Germany | Clevver земи го првиот пакет нека испратат писмото на таа адреса што ќе ти ја дадат, стави го пинот и тоа е тоа. Користиш EUR опцијата на Payo за приливи.

ПС: Види дали уште соработуваат со Wirecard со последните промени можеби ќе треба да се оди на друга локација. Ама од тоа што знам мислам дека уште ги имаат како опција.
 
Dead Brain

Intern
19 февруари 2018
26
17
Стариот акаунт ке треба да го деактивирам или ќе може парарелно да ги терам двата акаунти од две различни IP адреси ипак податоците се различни освен името и презимето ?
И дали ке може мк ип на тој што е верификуван од германија ?

Ова со Wirecard не те разбрав. Payoneer EUR како што видов сеа се Wirecard Bank AG ако мислиш на адсенсе дали работи уште со нив после оние блокирања на сметки немам идеја како да проверам ?
 
pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,413
1,035
ibiz.mk
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Kingston SSDNow UV400 120GB 2.5
RAM
4.00GB Single-Channel DDR3
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Стариот акаунт ке треба да го деактивирам или ќе може парарелно да ги терам двата акаунти од две различни IP адреси ипак податоците се различни освен името и презимето ?
И дали ке може мк ип на тој што е верификуван од германија ?

Ова со Wirecard не те разбрав. Payoneer EUR како што видов сеа се Wirecard Bank AG ако мислиш на адсенсе дали работи уште со нив после оние блокирања на сметки немам идеја како да проверам ?
Делумно можеш да имаш два акаунти ако едниот акаунт после некое време сам се „деактивира“, истовремено 2 акаунти со исто име и презиме е big NO! Доколку можеш да прекинеш активност (не мора да го деактивираш) тогаш тоа е најдобро. IP нема врска се додека не оставаш footprints (за секој случај) каде што ги отвараш 2та акаунти од исти уред.

Види на Payoneer податоците кои ќе треба да ги внесеш, дали ги има сите потребни податоци, мислам дека нема да имаш тука проблем. Проблем (можеби) би бил доколку ти верификуваш адреса од Германија, а Пејонир за 1 месец прекинат соработка со таа банка (ланец на банки) која е од Германија, ама за ова не сум сигурен дека би се случило.
 
Двата акаунти би немале никаков footprint што ќе покаже дека се некако поврзани ниту пак ќе бидат користени за иста работа како што напоменав само ќе бидат исти името и презимето. Иако на адсенсе најверојатно веќе има некој акаунт со моето име и презиме на некоја друга адреса логички според мене не би требало да биде некој проблем кога се во прашање само име и презиме - само претпоставка. Неможам да ги паузирам приливите а искрено незнам ни дали можам. Во payoneer ги има сите инфо што треба да се внесат во адсенсе така да тоа би требало да е ок.
Ќе прогуглам уште ако можам да ископам некое инфо за овие што продаваат верификувани адсенсе акаунти ме интересира како ги користат ги "банираат" и пак купуваат нови и пак работат....
Payoneer го немам користено 2-3 години откако го направив ни пак сум имал пари на сметка сега сигурно едвај чекаат да префрлам само пари да наплатат за се :LOL:
 
pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,413
1,035
ibiz.mk
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Kingston SSDNow UV400 120GB 2.5
RAM
4.00GB Single-Channel DDR3
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Двата акаунти би немале никаков footprint што ќе покаже дека се некако поврзани ниту пак ќе бидат користени за иста работа како што напоменав само ќе бидат исти името и презимето. Иако на адсенсе најверојатно веќе има некој акаунт со моето име и презиме на некоја друга адреса логички според мене не би требало да биде некој проблем кога се во прашање само име и презиме
Нема да имаш проблем, нека ти стигнат парите што се на стариот и нека мирува.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,596
Мислења
821,473
Членови
28,250
Најнов член
Tomaz
На врв Дно