• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Голема искористеност на процесор на Wordpress страни

  • Ја почнал/а темата
  • #1

offshore

Intern
16 октомври 2011
14
0
Здраво, ме интересира дали некој знае и може да ми помогне и да ми каже што да направам со моите Wordpress страни кои што користат премногу процесор и ми го заглавуваат целиот сервер искористеноста варира нон стоп некогаш е 20% некогаш 60, 70, 80, 90, 100%. Ќе ви бидам благодарен доколку некој знае како да го решам ова, имам инсталирано WP Fastest Cache пробав и со W3 Total Cache но резултат нема :/
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

offshore

Intern
16 октомври 2011
14
0
Cервер од OVH:
Intel Xeon D
D 1520 4c/8t
2,2 / 2,6 GHz 32 GB of RAM
DDR4 ECC 2133 MHz 2x480GB SSD
Значи на прсти се бројат проблематичните страни и истите прават проблеми, јас мислам дека затоа што се креирани во Artisteer по читањето од форуми затоа што Artisteer не се надоградува повеќе и во scan results кога скенирам со Wordfence кажува дека темата е стара
Scanning for old themes, plugins and core files
Problems found.
А за ова не верувам дека има лек освен да се смени дизајн од искусен веб дизајнер. :/
 

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,485
1,116
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Имаш трафик многу? Сигурно е некој плагин, дали проба да ги исклучиш сите плагини и да видиш дали ќе има голема искористеност?

Доколку имаш Wordfence исклучи го, или доколку не сакаш исклучи го само Real Time Traffic-от.

W3 Total Cache исклучи го и на негово место остави го само WP Fastest Cache. Имав сличен проблем со страна која имаше 30-40.000 realtime посети и w3tc правеше нонстоп проблем, и се појавуваше проблем со конекцијата на датабазата, додека пак WP Fastest Cache е по lightweight и едноставен.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

offshore

Intern
16 октомври 2011
14
0
Имаш трафик многу? Сигурно е некој плагин, дали проба да ги исклучиш сите плагини и да видиш дали ќе има голема искористеност?

Доколку имаш Wordfence исклучи го, или доколку не сакаш исклучи го само Real Time Traffic-от.

W3 Total Cache исклучи го и на негово место остави го само WP Fastest Cache. Имав сличен проблем со страна која имаше 30-40.000 realtime посети и w3tc правеше нонстоп проблем, и се појавуваше проблем со конекцијата на датабазата, додека пак WP Fastest Cache е по lightweight и едноставен.
Нема врска посетеноста затоа што само што ќе наместам тема ништо нема постирано на страната ниту еден пост а процесорот рипа на 60-70% :/ јас пак викам до темите е :/ само изгледа нема решение за тоа освен нова тема.
 

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,485
1,116
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Нема врска посетеноста затоа што само што ќе наместам тема ништо нема постирано на страната ниту еден пост а процесорот рипа на 60-70% :/ јас пак викам до темите е :/ само изгледа нема решение за тоа освен нова тема.
Да не имаш проблем со xmlrpc? да пробаше да го блокираш во .htaccess?
Код:
<Files "xmlrpc.php">
Order Allow,Deny
deny from all
</Files>
Што тема користиш? Можеш да ми пишеш и ПП.
 

cbm64

Intern
25 февруари 2015
29
12
Пробај да користиш CDN (MAXCDN, Cloudflare или сл.). На тој начин значително ќе го намалиш оптоварувањето на серверот.

Ако користиш Apache, инсталирај nginx.

Провери ја PHP верзијата што е инсталирана, инсталирај PHP 7.1.x ако таа верзија ја подржуваат темата и плагините.

Оптимизирај ја базата итн.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

offshore

Intern
16 октомври 2011
14
0
Да не имаш проблем со xmlrpc? да пробаше да го блокираш во .htaccess?
Код:
<Files "xmlrpc.php">
Order Allow,Deny
deny from all
</Files>
Што тема користиш? Можеш да ми пишеш и ПП.
Испробано е се ова и ништо не сака да запали :) темата е креирана во Artisteer.
 

DeeJayZone

Gaining Experience
3 ноември 2008
147
88
deejay.blog.hr
Колку веб страни има на серверот?

Дали серверот го користиш само ти / твои клиенти (dedicated server), или на него има веб страни и од други лица / компании?
 

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,485
1,116
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Ова Artisteer читам на нивниот форум ко да имаат кренато раце, се ажурира чудото? Да не е outdated? Со темите од вордпрес не ти прави проблем?

Некако малце инфо имаме, нагаѓаме само што може да е...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

offshore

Intern
16 октомври 2011
14
0
Серверот има 140 страни и е лично мој Dedicated од OVH купен ми е но најинтересната работа е што само неколку страни ми прават проблем со overload тие се уникат иначе сите други страни работат како што треба и 90% се креирани со Artisteer и како што кажа @pipelin имаат кренато раце од него и не се ажурира, но чудно ми е зошто само на некоја од страните се јавува овај проблем а не на сите, посетата нема врска значи дали има 1000 дневно посети или 10 проблемот е ист.
 

DeeJayZone

Gaining Experience
3 ноември 2008
147
88
deejay.blog.hr
Проблемот може да е со ВордПрес тема или плагин, но...

Понекогаш, некоја веб страна може да е под постојани напади.
Во текот на денот можат да бидат од 10-тина до неколку илјади.

Мој совет:
- забележи ги сомнителните веб страни
- во cPanel или друга хостинг работна околина - за секоја од издвоените / проблематични страни анализирај ги посетите (IP адреси / location, држава, дали истите посети се повторуваат, дали целат на одреден дел од страната (страница, слика, др. документ), и слично...)
- ако посетите најчесто се од Украина, Русија, Полска, па и Бразил, САД, Турција - можеби тие се причините за проблемот
- анализирај ги сомнителните IP адреси преку некоја од онлајн базите кои содржат инфо за злонамерни IP локации
- ако утврдиш дека можеби навистина се работи за злонамерни посетители, блокирај ги нивните IP адреси преку cPanel-от

Исто така, причината за проблемот можеби е и - hotlinking.
Ако терминот не ти е познат - проучи го.
Ваква појава има кај сите веб страни, но особено кај блоговите.

Се надевам дека брзо ќе го отстраниш проблемот со дел од хостираните веб страни.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,035
Мислења
854,889
Членови
29,642
Најнов член
cut011983
На врв Дно