1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Голем проблем со достапувањето до веб сајтови

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од Ron0n, 21 ноември 2010.

  1. Ron0n

    Ron0n
    Gaining Experience

    103
    194
    18 ноември 2010
    Машко
    Datacenter Engineer
    Здраво уште еднаш на сите форумџии и ви благодарам за пријателскиот дочек.

    Пред околу 1 недела ми се појави еден огромен проблем со (во недостаток на подобар израз) достапувањето до одредени веб сајтови.

    Некои сајтови кои секојдневно ги посетував одлично работеа претходно, ама поради некоја Х причина веќе не можам да ги достапам.

    До некаде проблемот се реши со инсталирање на no script адонот за фајрфокс и изолирав дека во некои случаи , скрпитата на facebook.net ми оневозможува да достапам до некој сајт бидејќи го прекинува вчитувањето на страната до целост (се вчитува loading барот речиси до крај и така стој - ништо не излегува). Ај да не должам мислам ме разбравте за што мислам.

    Е сега, работите кои ги пробав и заклучив се:
    - од четири машини кои работат под Windows не се достапуваат страните, од машините кои ги имам под Linux, без проблем работи се на истата мрежа.

    - од овие исти машини под windows на друга интернет конекција (на работа со лаптопот) сајтовите си работат

    -рутерот не е чепкан и неможе да има проблем а и го ресетирав неколку пати

    -програми не се инсталирани никакви на компјутерите

    -проверив да не прават проблем firewall-от и антивирусот ама и тоа не ми успеа

    Навистина не знам што да правам веќе и сум страшно исфрустриран (летаат тастатури). Некогаш се случува пола сајт да работи а пола од елементите не и ова е лудило.
     
  2. Nakolce

    Nakolce
    Gaining Experience

    941
    87
    18 Септември 2009
    од телеком да не ти е интернетот???
     
  3. Ron0n

    Ron0n
    Gaining Experience

    103
    194
    18 ноември 2010
    Машко
    Datacenter Engineer
    Max adsl pro 120gb. на друга конекција со max adsl интернет нема ваков проблем.
     
  4. Aleks

    Aleks
    Gaining Experience

    5,753
    289
    18 Мај 2007
    Пробај да ги подесеш DNS серверите да ти се 8.8.8.8 и 4.2.2.2
     
  5. Ron0n

    Ron0n
    Gaining Experience

    103
    194
    18 ноември 2010
    Машко
    Datacenter Engineer
    Е да заборав да спомнам дека и тоа пробав да го направам. Сеедно, пробав сега уште еднаш со серверите кој ми ги препорача, но повторно без успех.

    ПС. истото се случува и на жичана и на wi-fi конекција. А чудното е што на линукс се работи
     
  6. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,835
    823
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Дали проба како се однесува dns под firewall? Имено, пред некоја недела ме мачеше сличен проблем. Целата збрка ми ја правеше непознат Rootkit. Менував днс, но кога и да добиев интернет пристап, автоматски го менуваше. Дури неможев ни со dns cleanup( или како точно и да се викаше ) опцијата од SmitFraudFix да го средам. Проблемот го селектирав и го отстранив со COMODO firewall.
    Доколку не го користиш ово firewallј тогаш ти препорачувам да го преземиш. Моменталниот избриши го, и инсталирај COMODO . При инсталиање имаш опција за Secure DNS, Чекирај ја. После тоа пробај да отвориш,

    Мислам дека вака ќе успееш, но и доколку не, барем го ј оттргниме потенцијалниот днс проблем.
     
  7. Ron0n

    Ron0n
    Gaining Experience

    103
    194
    18 ноември 2010
    Машко
    Datacenter Engineer
    За жал и ова не ми успеа. Изгледа дека ДНС-от е во ред. Иначе истото се случува и на brand new лаптоп (купен пред 5 дена) со windows.
     
  8. Ron0n

    Ron0n
    Gaining Experience

    103
    194
    18 ноември 2010
    Машко
    Datacenter Engineer
    Ќе пробам да сменам антивирус бидејќи лиценцата ми е и онака истечена скоро па ќе пишам што сум направил. Во меѓувреме цел сум уши за совети.
     
  9. Ron0n

    Ron0n
    Gaining Experience

    103
    194
    18 ноември 2010
    Машко
    Datacenter Engineer
    И планот со антивирусот не успеа.

    НО,

    Успеав да го решам проблемот со менување на рутерот. Изгледа проблемот сепак бил во него поради тоа што неодамна е подесуван за VoIP конекција, VPN и слично. Да не ја должам работата, успат татко ми нешто превидел.

    Само ставив нов wifi рутер и си живна нетот :D

    Благодарам на сите за помошта и темава може да се затвори.
     
  10. krema

    krema
    Professor

    9,500
    9,197
    24 Јуни 2009
    Машко
    каков рутер сега користиш?
     
  11. Ron0n

    Ron0n
    Gaining Experience

    103
    194
    18 ноември 2010
    Машко
    Datacenter Engineer
    Некој тиња Асус рутер.

    Liksys-от ќе го поправам (изгледа со open wrt е проблемот и ќе го вратам назад).
     

Сподели

Вчитување...