- Ја почнал/а темата
- #1
Aleks
Gaining Experience
- 18 мај 2007
- 5,748
- 288
Снаоѓање и работа во UNIX CLI средина.
Содржина:
1. I/O редирекција
2. Користење на pipeline (‘|’)
Е вака, ова го пишувам ако имате желба да се одвикнете од вашиот десктоп и да ја почуствувате вистинската МОЌ на оперативниот систем GNU/Linux.
Туторијалов ќе го организирам така да за неколку команди и проби ќе постирам минимално еден screenshot.
Објаснување, CLI е скратеница од Command Line Interface
Ајде да почнеме
Според мене најдоброто нешто во врска со CLI на Linux-от е можноста за редирекција (пренасочување) на влезот и излезот. Што значи тоа, епа ако на пример некоја команда дава премногу информации и сите тие информации не може да ги собере на мониторот може излезот да го редиректираме во некој фајл и подоцна да го прочитаме. Сватете ја редирекцијата како начин за управување на излезот од некоја команда.
Влезно редиректирање
Ова најлесно се објаснува со пример и така и ќе направам. Еве го случајот, во linux постои команда wc која служи за информации за некој текст фајл т.е. бројот на зборовите, бројот на линиите и бројот на употребени карактери. Доколку се уклучи сама по себе не прави ништо туку чека корисникот да внесе некој текст, да притисне CTRL+D и таа ќе му ги даде информациите за бројот на линии/зборови/карактери. Сега доколку го поставиме влезот да биде од некој веќе создаден фајл ќе добиеме многу моќна комбинација.
Синтаксата за редиректиранње на влезот е:
Команда < влез
Еве screenshot од горенаведеното.
Излезно редиректирање
Ова е сега спротивно од влезното. Значи ако сакате излезот на некоја команда да го редиректирате на друго место а не на мониторот тогаш ќе ја користите следнава синтакса:
Команда > Излезна локација
Еве еден практичен пример, командата dmesg (Оваа служи за преглед на пораките создадени од кернелот при boot up на системот), оваа команда има многу голем излез, т.е. покажува многу информации и често тие информации неможат да се сместат на целиот екран кое во некој случај е лоша работа оти немате преглед на целите информации. Значи во овој случај ние ќе ја употребеме комбинацијата на овие наредби:
dmesg > izlez.na.dmesg
И подоцна можеме фајлот izlez.na.dmesg да го отвориме со некој текст едитор (vi, pico, nano …) и притоа ќе добиеме многу подетален и подобар приказ на излезот од dmesg. Еве screenshot:
Сега мора да напоменам за излез со дополнување. Што значи тоа? Епа вака, доколку направиме на следното уклучување повторно dmesg како во горенаведениот пример, претходните информации во фајлот ќе бидат избришани и заменети со новите. За да не дојде до ова ние ќе користиме синтакса за append или за допишување. Синтаксата е:
Команда >> Фајл
Разликата е само до >>. Еве пример, направив 2 фајлови со посебен текст, ќе ја употребам командата cat за да пробам она напишаното да го внесам во еден единствен. Еве screenshot:
Значи прво текстот од едниот фајл го ставив во фајлот spoeno а потоа тесктот од вториот фајл го ставив во spoeno ама така да ја искористив синтаксата што е горе наведена.
Значи, вежбајте со овие едноставни работи, мене снаоѓањето ми го прават многу полесно.