1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Girls in Tech Macedonia сака да има повеќе девојки во ИТ индустријата

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од IT.mk postBot, 2 Јули 2015.

  1. IT.mk postBot

    IT.mk postBot
    Вести од Портал

    1,543
    1,462
    5 Декември 2011
    Girls in Tech Macedonia е нова локална организација, дел од глобална мрежа, која сака да мотивира повеќе девојки и жени да се вклучат во ИТ индустријата. Се повеќе жени играат клучни улоги во големи ИТ гиганти, мали стартапи и се покажуваат како вистински креативци, иако до успех мора да стигнат со поголем напор бидејќи се во индустрија каде традиционално доминираат мажите.



    13 Powerful Women Running Today's Biggest #Startups http://t.co/XBRLCwMhNi

    — GIT Macedonia (@GITMacedonia) April 2, 2015


    Girls in Tech сака тоа да го смени, и затоа се фокусира да ангажира, образува и поттикне жени да се вклучат во развој на технологијата и претприемаштвото. Целта се сите, и млади девојки и жени кои можат да бидат пример за помладите.


    „Ова произлезе од потребата за мотивациски но и ресурсен центар за жени на различни возрасти кои се инволвирани во технолошката индустрија во земјата. Во еден бавно растечки стартап и ИТ бизнис екосистем како македонскиот, појавувањето на Girls in Tech делува како совршен склоп во прилог на тоа движење“.

    Првата кампања на локалната организација ќе биде Local Ambassadors Hunt со која ќе се регрутираат повеќе членови од Македонија, кои ќе ја шират идејата дека има место за жени во ИТ индустријата. Целта е да се формира мрежа на ИТ девојки и жени кои ќе дадат поддршка за сите други. За амбасадор на организацијата може да аплицирате на официјалниот сајт.



    LADIES: Need funding? Here are some great funding resources for loans, grants, venture capital, and more, for women…

    Posted by Girls In Tech Macedonia on Friday, June 5, 2015

    Оригинален текст http://it.com.mk/girls-in-tech-macedonia-saka-da-ima-povek-e-devojki-vo-it-industrijata/
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...