1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Gigabyte GTX 780 WindForce 3X OC

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од The_Witch_Hunter, 30 Јуни 2013.

  1. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    798
    1,647
    23 Мај 2012
    Вчера се подновив со GTX 780, поточно Gigabyte WindForce 3X OC моделот, па ќе пробам да направам една мини рецензија за картата.

    [ПАКУВАЊЕ]

    [​IMG]

    Картата доаѓа во стандардната кутија во која Gigabyte ги пакуваат своите графички карти. На предната страна е испечатено големото око кое е заштитен знак на Gigabyte картите, додека на задната страна има испечатено еден куп текст на повеќе јазици за спецификациите на картата и WindForce 3X ладилникот.

    Внатре во кутијата се наоѓа секако графичката карта, инсталациониот диск, упатството за употреба, еден Molex-to-8pin PCI-E кабел и еден Molex-to-6pin PCI-E кабел. Доста сиромашен избор на додатоци, ги нема стандардните HDMI кабел, SLI мост, DVI-to-VGA конектор, па дури и една најобична налепница за на куќиште што е срамота кога станува збор за една графичка карта од рангот на GTX 780 (shame on you Gigabyte :p).

    [ПОГЛЕД ОДБЛИСКУ]

    [​IMG]

    Gigabyte WindForce 3X OC картата е со висина од два слота или 4 сантиметри, ширина од 13 сантиметри и должина од 29 сантиметри.

    [​IMG]

    Gigabyte одлучиле да ја употребат референтната NVIDIA плоча за WindForce OC моделот, истата како и кај GTX TITAN картите.

    [​IMG]

    За беспрекорна работа на GTX 780 и е потребен еден осум и еден шест пински PCI-E конектор.

    [​IMG]

    Графичката ги има стандардните видео конектори, еден DVI-I, еден DVI-D, еден DisplayPort и еден HDMI на кои можат да се поврзат до четири монитори.

    [​IMG]

    WindForce 3X ладилникот е направен од метал и за одстранување на топлината користи две осум-милиметарски и шест четири-милиметарски бакарни разладни цевки кои се ладат од три вентилатори. Ладилникот е способен да одстрани 450W топлинска енергија од графичкиот чип.

    [СПЕЦИФИКАЦИИ]

    [​IMG]

    GTX 780 има 2304 CUDA Cores, 48 ROPs, 192 TMUs и 384-bit Memory Interface.

    Картата доаѓа фабрички оверклокувана на фреквенција од 954 мегахерци, односно 91 мегахерц повеќе од референтната NVIDIA изведба и boost фреквенција од 1006 мегахерци или 106 повеќе од сандардниот NVIDIA boost за оваа карта. Меморијата e со големина од 3072 мегабајти GDDR5 и работи на фреквенција од 1502, односно 6008 мегахерци QDR.

    Максималната специфицирана температура за оваа карта е 95 степени, додека TDP-то e 250W. За картата се препорачува напојување со моќност од 600W.

    [ПЕРФОРМАНСИ]

    Следува според мене најважниот дел, односно мерењето на перформансите на картата. За таа цел се послужив со 3DMark 11 и Fire Strike, Unigine Heaven и Valley и Metro Last Light.

    3DMark 11:

    [​IMG]

    3DMark не пропушти да ме извести дека резултатот се наоѓа помеѓу најдобрите 10% :D.

    [​IMG]

    Fire Strike:

    [​IMG]

    Fire Strike (Extreme):

    [​IMG]

    Unigine Heaven:

    [​IMG]

    Unigine Valley:

    [​IMG]

    Metro Last Light (PhisyX – Disabled, SSAA – Off):

    [​IMG]

    Metro Last Light (PhisyX – Enabled, SSAA – Off):

    [​IMG]

    Metro Last Light (PhisyX – Enabled, SSAA – On):

    [​IMG]


    За време на тестирањата максималанта регистрирана температура беше 67 степени.
     
    На xhktw, Boldozer, Aleksandar! и уште 26 други им се допаѓа ова.
  2. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Wow Скоро дупло подобри перформанси од 7970 на Veryhigh tesselation,ОДЛИЧНО,картава е звер за DX11 игри
     
  3. lamja

    lamja
    Gaining Experience

    424
    181
    1 oктомври 2008
    Машко
    bravo +1 duri izneduvaat brojkive
     
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,816
    9,521
    15 Јануари 2011
    Машко
    Ај пробај клокни ја ако не те мрзи да видиш колку ќе извади стабилно - ја фалат картава како солиден клокер. Одличен избор патем, создравје да ја служиш.
     
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,574
    11,356
    23 Јануари 2008
    Манга
    Создравје да ја служиш и подобри да си купам.
     
    StalkeR, dejan_str и на psyside им се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,391
    10,199
    13 Јуни 2009
    Ајде аирлија нека е. Ете ја најдобрата картица на форумов.

    Баш ми е мерак што е нвидиа а не некоја АМД тула за цврста градба. :devil:
     
    На Ceco му/ѝ се допаѓа ова.
  7. shifty

    shifty
    Модератор

    983
    1,278
    5 Септември 2009
    Не се лажи да го ставаш графичка со Windforce crossfire/sli ... горната графичка оди во таван со температури (и тоа на stock, проверено).
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bozter

    Bozter
    Баниран/a

    1,399
    660
    24 oктомври 2011
    Машко
    Одлично ривју. Перформансите беа очекувани од таков ѕвер. Со здравје да си ја користиш и поубава да си купиш во иднина :D
     
  9. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Aх ќе ме натераш и јас да купам една :D
     
  10. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,238
    2,933
    24 Септември 2012
    Солидно делува, дали има поддршка или бенефит при употреба на Photoshop? Можеби е паметно да се изведе некаков fresh-air-ducting за неа.
     
  11. Borsa

    Borsa
    On your way to fame

    883
    561
    10 oктомври 2011
    Машко
    Машински дизајн
    Јака картица :D
     
  12. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,401
    2,000
    12 Август 2009
    Машко
    Ако не ти е проблем пушти и OpenGL тест на Valley. Или уште подобро ако го имаш SPECviewperf тестот
     
  13. JimmyHoFFa

    JimmyHoFFa
    Gaining Experience

    273
    180
    6 Март 2012
    Машко
    Тоа е тоа, одлична рецензија и одлична карта со здравје да ја користиш....
     
  14. smdprint

    smdprint
    Gaining Experience

    378
    170
    6 Март 2010
    Машко
    Графички дизајн, ситопечат, дигитален печат...
    Добра рецензија. Создравје да си ја користиш, догодина поуба.
     
  15. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,665
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Не сум фан на Гигабајт кога се во прашање графички, ама самата карта е ЅВЕР, честито, и со среќа играње :).
     
  16. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,827
    5,008
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    О боже, колку е добра. Unigine valley бенчмаркот е x2 буквално од (default) gtx 660 ti. А, исто така ако се прави споредба на скорот со црвените е колку crossfire 7970 (со макс оверклок) , прибидејќи со default е 2300 :eek:
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  17. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,230
    4 Септември 2008
    Up, Ај ако не ти е тешко дај оверклок резултати, ме интерсира температура на VRM/јадро при максимално оптеретување во некој захтевен бенчмарк, стај све на максимум па макар и 5 фрема да вади, исто така немој да заборавиш скрин од GPU-Z со температури на јадро/меморија/vrm :)

    Стај го фенот на ~ 70% за време на тестовите...

    Фала.
     
  18. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    798
    1,647
    23 Мај 2012
    Нема сензор за температура напонскиот контролер. Со оверклок на 1084 (бустот е мислам 1136) јадрото во игри варира околу 55-60c, фенот ми е подесен да работи на 40-60% зависно од температурата.
    Немам ништо моментално инсталирано од игри ќе снимам после Metro: LL и Tomb Raider, евентуално и Dirt: Showdown. Ако ти текнува некоја друга позахтевна игра со интегриран бенчмарк пиши за да ја симнам.
    Еве од Fire Strike Extreme и Valley Extreme резултати во друга тема што ги постирав:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Во двата теста јадрото е на 1084MHz (+130MHz од сток), меморијата во Fire Strike е на 1603MHz во Valley на 1753MHz. Максимална температура во Fire Strike 60c, во Valley стига до 67c и останува таму дури и по неколку круга.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,230
    4 Септември 2008
    Колку ти е макс стабилно јадро/меморија? и ако не ти е тешко постави еден Valley на ист сетинг, ама на сток, и на макс оверклок :)

    Фала ти. И да, стај фен на 70% мануелно, и остај да врти 10-на минути, извини што ти досаѓам :)

    П.С. какви мемории имаш на картата? и до колку идат?
     
  20. The_Witch_Hunter

    The_Witch_Hunter
    Practice makes perfect

    798
    1,647
    23 Мај 2012
    Немам уште откриено кој е максимум на картава, нејќам да си играм со напонот заради што нема VRM сензор. Во Valley сток е околу 65 fps со последниот драјвер. Меморијата е Samsung, лимит и е 7000MHz.
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,230
    4 Септември 2008

    Чим иде до 7K, добро е, фала на инфо.
     
  22. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Да ја спуштат на 28-30К ке биде добра карта,малку послаба од 290X ама барем не е бучна и жешка како 290X.
     
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,230
    4 Септември 2008

    Какви 30K, не смее да биде над 25K...
     
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  24. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,734
    4,478
    8 Април 2011
    Машко
    Е сега кај нас нема да е баш така розево.кај нас по 28-30К ке се продава.Потака може да падне до 26К а подолу не верувам во брзо време.Не заборавај се рабопти за Македонија+нвидиа :D
     
  25. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,988
    25,230
    4 Септември 2008

    Нека си ја продваат за таа цена, не сум со испран мозок ја.
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...