- Ја почнал/а темата
- #1
SaleSk
Arzt
- 20 април 2007
- 4,605
- 5,157
До сега имавме можност да тестираме многу телефони во таканаречената буџет класа, но за првпат можеме да кажеме со сигурност дека Gigabyte GSmart Guru G1 моделот остави комплетно позитивен впечатокна нас. Благодарејќи на Анхоч, го добивме овој топ модел од Gigabyte на тест.
Спецификациите кои се дадени за овој модел на прв поглед изгледаат впечатливо и доста моќно. 4 јадрен процесор, 2 гигабајти работна меморија со која одскокнува од своите конкуренти и 32 гигабајти внатрешна меморија го сместува овој телефон во висока класа, гледано во однос на хардверот, а згора на тоа опремен со 5” IPS екран. Но да видиме дали тоа навистина е така.
- Оперативен систем: Android 4.2 (Jelly Bean)
- CPU: 1.5GHz Quad-Core
- Дисплеј: 5" IPS, 1920 x 1080 pixels (Full HD) 480dpi
- Димензии:147 x 72.1 x 7.2 mm / 158gвклучувајќи ја и батеријата
- Батерија: LiPolymer 2500mAh
- Меморија: ROM 32GB/ RAM 2GB
- Надворешна меморија: Не е поддржана
- Wi-Fi: 802.11 b/g/n
- Bluetooth: Bluetooth 4.0
- Мрежа: HSPA+/ WCDMA/ EDGE/ GPRS/ GSM
- GPS: GPS, AGPS
- Видео Формати: MP4/ 3GPP/ H.264
- Камера: 13MP со AF & LED FlashLight
- Предна камера: 5MP
- Сензори: LightSensor, ProximitySensor, G-sensor, E-Compass
- Останато: FM радио, SMS, MMS, E-mail




Што има во кутијата?

Со телефонот во пакет ни доаѓа полнач, USB кабел, слушалки, упатство за употреба, гарантен лист, заштитна фолија за екранот и игличка која ќе ни послужи за ставање на SIM картичката. За разлика од останатите телефони кај кој ставањето на SIM картичката оди класично, прво со вадење на задниот поклопец на телефонот, кај G1 тоа не е случај. Имено кај G1 ставањето на картичката наликува на iPhone. И уште еден момент каде што не можеме да ја вадиме или ставаме батеријата, односно со еден збор корисникот нема можност да ја менува сам. Од друга страна ова ни влева одредена доверба на сигурност, дека уредот е квалитетно изработен со тоа што нема да има потреба да се интервенира на него, односно најчесто тоа е замена на батерија заради нејзин квалитет.
На прв поглед можеме да забележиме дека предниот дел на телефонот изгледа доста елегантно. Црната сјајна рамка и квалитетниот дисплеј кој не двои со својата боја од предното стакло ни го привлекува вниманието и ни кажува дека се работи за доста квалитетен уред. Во средината на горниот дел се наоѓа звучничето, десно од него се наоѓа предната камера од 5MPix.


Кога ке го погледнеме телефонот од задната страна можеме да ги забележиме задната 13Mpix камера, LED блицот, а во долниот дел и звучникот од телефонот. Алуминиумските детали од куќиштето зборуваат за квалитетот на изработка. При нормална употреба не забележавме никакви необични звуци на крцкање на пластика. Со еден збор, надворешно телефонот е одлично изработен без никаква замерка,можеби и најдобро во неговата класа во која што припаѓа.


Со своите 7,2мм дебелина, G1 се сврстува во најтенките телефони на пазарот а тоа му дава голема елеганција. И покрај големиот 5” екран, кој на еден начин е крајна граница за смартфоните, одлично лежи во дланка. Единствено како мала замерка може да му се додели должината од 147мм. Делува малку предолг.

Од левата страна на куќиштето се сместени основните копчиња за глас (+, -) а одма под нив е сместено и копчето за вклучување и исклучување. Првично малку чудно делува поставеноста на копчињата и при користење може да ви прави одредени проблеми, се додека не ја навикнете нивната местоположба.

Од десната страна се наоѓа слотот за SIM картичка, кој со помош на алатката (иглицата) која доаѓа во пакетот ја вадите надвор. Веројатно и заради поставеноста на лежиштето за сим, копчето за вклучување и исклучување е поставено од другата страна.

На горниот дел се наоѓаат 3,5мм џек за слушалки и микроUSB конекторот.

Да видиме дали вградениот хардвер во ова компактно и квалитетно куќиште ќе ги задоволи потребите на корисниците. Како што веќе рековме за работата и брзината се грижи четворојадрениот процесор МТ6589Т со 4 Cortex-A7 јадра кои работат на 1,5 GHz. Задолжението за опслужување на игрите му е доделено на графичкиот чип PowerVR SGX544, а 2Gb меморијата му овозможува без никаков проблем да се справува со мултитаскингот. Веќе при првото вклучување се забележува квалитетот на вградениот IPSFull HD дисплеј, приказот на боите и аголот на гледање.


Работата на самиот телефон ке ви причинува вистинско задоволство. Почнувајќи од големиот и квалитетен 5” екран, брзината на вчитување на апликациите, сурфањето, играњето и гледањето на видеа. При работењето нема да приметите никакво сецкање, никакво кочење или лагирање.Екранот на допир реагираше прецизно и со одличен одзив за цело време на тестирањето. Дури и вчитувањето и репродукцијата на големи фајлови со висок квалитет како што се *.avi и *.mkv нема да му претставуваат и ќе бидат извршени без никаков проблем. Како што беше и претходно спомнато, аголот на гледање е 178/178 степени. Ова е една од карактеристиките на IPS панелите покрај квалитетниот приказ на боите.

За да бидеме 100% сигурни во квалитетот, а и за да се увериме во она што го рековме за вградениот дисплеј на самиот почеток, решивме да видиме каков ке биде приказот на дневна и на директна сончева светлина, баш таму каде што и најголемите и најсупериорните брендови потклекнуваат. Заклучокот ке ве оставиме да го донесете сами гледајќи ги фотографиите.


При гледање на филмови нема да бидеме запоставени ниту со звукот. Звучникот кој е поставен на задниот дел од телефонот дава солиден звук, за разлика од телефоните кои се во негов ранг. Доколку сакаме стерео звук, ке ги искористиме слушалките кои доаѓаат во пакет со телефонот.
На располагање имаме и вградена меморија, декларирана како 32 гигабајти, но расположливи околу 25, во кои може да сместиме мп3 музика, филмови, игри, слики итн.
Како чест проблем кај телефоните од оваа класа може да се јават проблеми при телефонирањето. Кај G1 тоа не е случај. Звукот од соговорникот при телефонските разговори е јасен, чист како при минимална така и при максимална јачина. Ова е еден од побитните податоци кои мене како потенцијален купувач на некој телефонски апарат би ме интересирале.
Не смееме а да не го спомнеме и вградениот GPS приемник. За големо изненадување, брзината на пронаоѓање и конектирање на сателити е за не повеќе од 5 до 10 секунди. Од тука можеме да заклучиме дека е вграден квалитетен приемник и добра GPS антена. Немојте да заборавите дека користењето на GPS навигацијата забрзано ја троши батеријата на телефонот. Затоа е добро да имате можност за полнење во вашиот автомобил, и покрај тоа што телефонот е опремен со 2500mAh батерија.
Во нормален режим на работа батеријата трае задоволително. Со нормални телефонски разговори во времетраење од 1 час, сурфање на 3G и Wi-Fi, батеријата може да издржи без никаков проблем 36 часа.
Доколку сте љубител на игри и поинтензивно сурфање, вашиот миленик ке треба да го ставите на полнач во вечерните часови. Сепак станува збор за уред кој има 5” дисплеј. За цело време на тестирањето сигналот на приемот на Wi-Fi беше стабилен без никакви падови, варијации и проблеми, за разлика од некој други тестирани модели во исти услови.
Ако телефонот го користите за ало ало и по некој СМС, полначот ке го користите на 3 и повеќе денови. Претпоставувам дека тимот на Gigabyte добро поработел на Sleep модот на уредот кога нема никакви активности освен тоа што е поврзан на мрежа и многу добро го оптимизирал.
Како еден релевантен податок за целокупната работа на мобилните уреди ни е резултатот добиен со Antutu бенчмаркот. Еве како тој изгледаше на нашиот примерок:


Резултати од CPU-Z:

За да можеме да ја заокружиме целокупната слика на G1, нема да го изоставиме и тестот на 13 мегапикселната камера. Ако се задлабочиме со подесувањата на камерата, можеме да извлечеме сосема солидни слики. Но доколку го користиме автоматскиот режим на работа кој што најчесто се користи, ке забележиме неколку недостатоци кои се приметуваат во ноќен режим на работа на камерата каде што има намалена осветленост. Во тие случаи сликите знаат да бидат со поголемо ниво на шум и погрешно измерено и одредено ниво на бело.Но, сепак ова е буџет телефон и е вградена просечна камера. Во услови на дневна светлина сликите се со задоволителен квалитет. Предната камера од 5Mpix е вистинска реткост кај телефон од средна буџет класа, така да ќе биде од корист доколку користиме Skype или пак ја користиме за да се фотографираме самите себе.




Телефонот има можност да снима во Full HD резолуција со висок bitrate, околу 25 Mbps. И покрај тоа, мислам дека нема да може да им парира на конкурентите од повисоката класа кои имаат камери декларирани со ист број мегапиксели.
Квалитетот на видео записот можете да го погледнете на следниот линк:
Генерално можеме да донесеме заклучок дека G1 во потполност ги оправдува средствата. Моќен хардвер, ултра тенка квалитетна изработка, прекрасен 5” IPS екран, голема работна и внатрешна меморија и пред се ниска цена, се само дел од позитивните особини со кои се карактеризира овој смартфон. Доколку сакаме да ги наброиме негативните карактеристики ке треба навистина да се помачиме, но еве тука може да ја ставиме камерата и сликањето во ноќен режим, и евентуално неможноста за промена набатерија.
Доколку се двоумите помеѓу телефони во овој ценовен опсег (240 – 280 евра) , да дефинитивно нашата препорака ќе оди за GSmart Guru G1 без никакво двоумење.
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3017&pid=35978
Голема благодарност до Анхоч што ни овозможија и ни го одстапија G1 на тестирање.
Доколку ви се потребни подетални технички спецификации за Guru G1, истите можете да ги погледнете на сајтот на производителот:
http://www.gigabytecm.com/en/goodscontent.php?id=115