1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Рецензија Gigabyte GA-970-Gaming motherboard

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од SaleSk, 1 Јуни 2016.

  1. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    После долго време благодарение на Anhoch, имаме чест да тестираме плоча на Gigabyte која е на AMD платформа. Поточно, станува збор за GA 970 Gaming матичната плоча наменета за ентузијасти која што е базирана на новите AMD 970 чипсети и има подршка за процесорите наменети за AMD AM3 и AM3+ сокети.

    GA 970 Gaming е наменета повеќе за мејнстрим процесори со потрошувачка до 125W. Заради нејзината изработка, односно “five-phase power delivery” нема да има можност да го поддржи AMD-FX-9000, но затоа го подржува сите останати AM3 и AM3+ , вклучувајќи ги FX, Phenom II, Athlon II и Sempron 100 – сериите на процесори.

    Плочата е опремена со 4 мемориски слотови со подршка до 32GBDDR3-2133 MHz меморија.
    [​IMG]


    Да направиме еден краток осврт на техничките спецификации и карактеристики на плочата:


    · Подржува AMD AM3/AMD3+ процесори

    · Мемориски слотови: 4, Dual Channel DDR3

    · Брз USB 3.1 со USB Type-C конектор

    · PCIe Gen2x2 M.2 конектори со брзина на пренос до 10Gb/s (PCIe NVMe & SATA SSD подршка)

    · Два слота со електромагнетна заштита за вклучување на графички карти.

    · 115dB SNR HD Audio процесор со вграден аудио засилувач

    · Висококвалитетни аудио кондензатори и филтер за шум, со амбиентално осветлување

    · Killer E2200 мрежна карта

    · USB DAC-UP порти

    · APP Centar вклучувајќи и EasyTune и Cloud Station алатки

    · Gigabyte UEFI Dual Bios технологија

    [​IMG]


    На прв поглед, можеме слободно да донесеме заклучок дека плочата е квалитетно изработена. Големи ладилници на напојувачката секција, solid state кондензатори, заштитени (шилдувани) конектори.

    [​IMG]


    970 Gaming има еден PCIe 2.0 x 16 слот за PCIe адаптери како и два PCIe x 1 слотови и два PCI слотови за “add-in” картички.

    [​IMG]


    Покрај тоа, плочата е опремена со еден PCIe 2.0 x 16 slot кој работи во x4 режим и ја дели брзината со М.2 конекторот. Ако двата слота се пополнети, ке работат во PCIe 2.0 x 2 режим.

    М.2 слотот подржува 2242/2260/2280 “form-factors”, кои работат во PCIe 2.0 x2 режим, притоа обезбедувајќи 10Gb/s пропусен опсег на М.2 PCIeSSD дисковите. Матичната плоча во целост го подржува NVMe протоколот и е компатибилна со двата AHCI протоколи, како и со NVMe SSD. Исто како и останатите современи матични плочи, така и оваа доаѓа опремена со 6 SATA 6Gbps порти за тврди дискови и SSD-а – RAID 0, RAID 1, RAID 5, RAID 10, JBOD кои се во целост подржани.

    Матичната плоча е опремена и со ASMedia ASM1142 контгролер кој овозможува USB 3.1 type-C и еден USB 3.1 type-A конектори на задниот панел како и VIAVL805 чип кој овозможува подршка за 4 USB 3.0 порти.

    [​IMG]


    АMD-овиот ЅВ950 I/O контролер подржува до 14 USB 2.0 порти, така да нема да имате никаков проблем со приклучување на периферни уреди.

    За мрежно поврзување е задолжен “Killer E2200” гигабитниот LAN контролер кој дава приоритет на гејминг сообраќајот во однос на останатите софтверски апликации кои имаат потреба од интернет.

    [​IMG]


    На оваа матична можеме да забележиме и една новина, односно вградување на AMP-UP напредниот аудио систем со електромагнетна заштита и PCB одвојување на аналогно/дигиталниот сигнал. AMP-UP е базиран на Realtek ALC 1150 кодекот како и на TI Burr Brown NE5532 операциониот засилувач по што може да се заклучи дека аудио делот е со високо ниво на квалитет. Со еден збор ке бидат задоволени и гејмерските и аудиофилските апетити во секој поглед.

    [​IMG]


    Генерално гледано, овој сегмент на матични плочи кои ги исфрла Gigabyte се со цел да се доближи на некој начин на Intel-овата платформа Skylake.

    Заради недостатокот на PCI Express 3.0 подршката и ограничувањата на AMD чипсетот, нема можност за 32GB/s трансфер преку М.2 слотот, практично доста потребна работа кај High End SSD-ата, Munja 3 и некој други технологии.

    Сепак кога ке се земе во предвид односнот на цена и квалитет, можеме да кажеме дека во тој поглед се нуди солидна матична плоча. Не смееме да го изоставиме и фактот дека постои можност за оверклокување заради отклучените мултипликатори. AMD FX CPU може да понуди големи можности при оверклокување, односно да се добијат одлични перформанси.

    Во нашиот случај ние одевме со фабрички сетирања и подесувања. Не правевме оверклокување, бидејќи сакавме да ги доловиме резултатите кога сите сетирања се поставени на фабричките, односно оние кои ги декларира производителот за такви.


    Конфигурацијата која беше склопена за тест ги содржеше следните компоненти:

    · Матична плоча – Gigabyte GA-970-Gaming

    · Процесор: OctaCore AMD FX-8350

    · RAM: Kingston 8Gb Hyper X

    · Графичка карта: Ati Radeon HD

    · Тврд Диск: 1Т Toshiba

    · Напојување: Matrix 800W

    [​IMG]


    Резултати добиени од тестирање:

    Geekbenchmark:

    [​IMG]


    3D Mark резултатите:

    [​IMG]


    Сите оние љубители на оверклокувањето ке ги интересира една од најбитните секции, поточно BIOS-от. За таа цел направивме и комплетна слика од BIOS-от и неговите основни подесувања и можности.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]


    Заклучок.

    Gigabyte со својата AMD платформа како што кажавме порано, сака да не доближи до Intel-овите Skylake. Дали ке успее во намерите, ке биде потребно мислење од корисниците, кои се најрелевантен податок кога станува збор за гејминг.

    Цената по која се нуди плочата на пазарот е сосема коректна, а перформансите кои се добиени се и очекувани. Сепак станува збор за едно квалитетно изработено парче хардвер кое во целост ги исполни сите зададени задачи. Своите новитети, односно имплементација на AMP-UP аудиото и Killer мрежната опрема, големите можности кои ги нуди плочата за оверклокинг, доколку сте стравствен гејмер, ке ви причинат огромно заговолство додека ги играте своите омилени игри.

    Голема благодарност до Анхоч за одстапената опрема за тестирање.
     
    На tomi, shooter, Necromancer и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,044
    2,919
    2 Септември 2012
    Машко
    Anhoch pc Gamer with Matrix power supply , simply the best. :p
     
    Sukhoi, STEFF и на Вајкинг им се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro
    Guru

    5,895
    7,975
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Гејминг плоча па уште и AMD :)
    Како кажа Сале? Да се доближеле со плочава до Skylake?
    Good luck with that!
    Back yo reality, како е процесорчево со heavy multitasking? Го имаТ некој пробано со 2-3 виртуални машини + SSD како се однесува?
     
    Последна промена: 2 Јуни 2016
  4. Tegla

    Tegla
    Gaining Experience

    196
    356
    19 Јуни 2014
    Машко
    Во принцип плочата си е на место освен што ставиле AMD сокет.
     
  5. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,826
    5,003
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Цена? Ја нема на веб сајтот на Анхоч
     
  6. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,044
    2,919
    2 Септември 2012
    Машко
    Incoming најверојатно.
     
  7. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,582
    5,101
    20 Април 2007
    Машко
    Цената и се движи до 100-тина долари по интернетов...Инаку плочата ја нема на лагер, земена е од Gigabyte чисто за да се тестира и да направиме рецензија...
    @Astro , да, таргетот е да се доближат до Skylake. Тоа е политика на Gigabyte, AMD, на тие големи компании. Веројатно имаат некакви планови. Не е моја измишљотина :)
    Инаку и напојувањето е просечно, како што реков.
    Да требаше да се оверклокува, да се оди до крајни граници, конфигурацијата ке беше сосема друга.
    Значи минимум 16 гига рам, SSD, бесна графичка, и во тој случај ке имаше и друго напојување. Во овој случај станува збор за нормална гејмерска конфигурација, која што ке може да ја поседува секој, со нормална цена :)

    p.s.
    Немојте да бидете хејтери, гледајте малку позитивно на работите. :)
    Треба да се радувате дека AMD полека почнува да вади нешто ново, со тоа ке има пад на цените на INTEL.
    :)
     
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,107
    10,406
    23 Јануари 2008
    Манга
    Мала корекција :D Инаку има и поголемо ѓубре од тоа напојување, ама не кај нас.
     
  9. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,044
    2,919
    2 Септември 2012
    Машко
    Ма какво хејтање, само критики со добри намери.
    Нека има се на пазарот не е лошо, па секој ќе си одлучи према желбата и можностите.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Astro

    Astro
    Guru

    5,895
    7,975
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    +1
    Многу сакам AMD да исфрлат сега некоја архитектура што ќе може да се надградува во наредните 5-6 години. Секоја наредна итерација да биде подобра од актуелната на Intel, као што беше со Netburst/Athlon64
     
    RagingDemon, STEFF и на igor_igor им се допаѓа ова.
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,107
    10,406
    23 Јануари 2008
    Манга
    Едно се желбите, друго е реалноста. Дека AMD конечно по многу години ќе извади конкуретнен процесор, ќе извади. Ама дека ќе биде подобар од прекланската понуда на Intel маломорген. Во секој случај и јас едвај чекам да излезе Zen со комплетно нова платформа (нов SB чипсет, нов сокет, DDR4, m.2 NVMe и т.н.) и да си купам нова играчка. Многу време помина кога последен пат си играв со AMD машина...
     
    Tajson, Astro и на shifty им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...