Користите застарен прелистувач. Тој можеби не ја прикажува оваа или други интернет страници како што треба. Би требало да го надградите или да користите алтернативен прелистувач.
Adobe ImageReady, бидејќи Adobe го купија Macromedia, развојот на ImageReady е прекинат па сега оваа функција ја врши Adobe Fireworks
И двата програми би ти завршиле работа. Има и многу други програми, дел од нив и бесплатни. Знам дека првата .gif анимација ја направив во некој програм што се викаше Gif Animator (програмот дури имаше и опција да биде на македонски)
Стварно добро, едноставно за работа програмче, ако не ти треба нешто посебно за правење. Јас уште го користам кога ми треба анимација од 2-3 слики (само да се менуваат).
Би го додал тука GIMP, бесплатен е, нема заврзлами со лиценци, стабилен и има посебен пакет за анимација GAP. Анимациите можеш меѓу другите формати, да ги направиш во ГИФ...
MonkeyJam е уште една алтернатива ако се` што сакаш е да ставиш неколку фотографии една по друга за да го создадеш ефектот на анимација. За жал нема извоз во GIF, само во PNG, JPEG и AVI формати...