Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Генерирање видеа со OpenAI Sora

cogscape

Gaining Experience
28 јуни 2016
54
101
cogscape's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X
Motherboard
Asus ROG Strix B450-F GAMING
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus NVMe
PSU
Corsair HX1000
RAM
Kingston HyperX Predator 4x16GB 3200MHz DDR4 CL18
Video card
EVGA 3090 FTW3 Ultra
Case
Lian Li
Mouse
Logitech MX Master 3S
Keyboard
CoolerMaster MK730
Monitor
Dell P2421DC + Dell P2423D
OS
Windows/MacOS
Пред некој час од OpenAI презентираа нов ВИ модел од класата текст-во-видео, односно модел кои што според внесен текст генерира видео, во случајов со должина од 1 минута.

Јас сум импресиониран од видеата што ги презентираа како демо (можете да ги погледнете тука) и искрено очекував дека овој квалитет на генерирани видеа би го виделе дури за 4-5 години од сега, но очигледно со креативност и иновативно размислување може многу подобро да се искористи постоечката процесирачка моќ.

Видеата се со одличен континуитет и навидум се држат до законите на физиката. Исто така според промптовите (имаме ли подобар збор за ова?) може да забележите и дека моделот прецизно ги следи инструкциите, слично како што прави и DALL-E 3 (опис на сцена, раса на кучиња, облека итн.). Џим Фан од Nvidia шпекулира дека има можност моделот да е трениран на огромен синтетички сет на податоци генерирани со Unreal Engine.

Моделот сеуште не е достапен за јавноста и е моментално во фаза на тестирање за начини на кои што може да биде злоупотребен. Според оригиналниот пост од OpenAI, не е сигурно дали ќе биде дел од Чат-ГПТ апликацијата.
 

cogscape

Gaining Experience
28 јуни 2016
54
101
cogscape's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X
Motherboard
Asus ROG Strix B450-F GAMING
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus NVMe
PSU
Corsair HX1000
RAM
Kingston HyperX Predator 4x16GB 3200MHz DDR4 CL18
Video card
EVGA 3090 FTW3 Ultra
Case
Lian Li
Mouse
Logitech MX Master 3S
Keyboard
CoolerMaster MK730
Monitor
Dell P2421DC + Dell P2423D
OS
Windows/MacOS
Познати ми се и Runway, нудат интересни способности за многу ефтини цени (со оглед на големите инфраструктурни трошоци) но Сора е сосема друга категорија во рингот. Не само што нуди 3 пати подолги видеа, туку е интегрирано и со алгоритми кои што ја "разбираат" физиката. Не сум стручен да ја опишам поконкретно поврзаноста но истата му дава сосема друга димензија на моделот, не само рендерирање на кохеретни фрејмови. Дополнително и колку што забележав споредувајќи со ранвеј е и многу попрецизно следење на инструкциите (промпт-от).

Технолошка импресивност на страна, Ранвеј ќе остане корисна алатка и со тек на време сигурно ќе понуди исполирани варијатни од ова што е денес иновативно, исто како Midjourney во споредба со DALL-E 3. Сепак, Microsoft, OpenAI и Google целат кон ВГИ (AGI) а не кон вакви алатки.
 

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
894
1.201
Може филмови ќе се снимаат вака у иднина, без камери, со текст аито ќе прочита одма што треба да се изведе и ќе скоцка.
 

-Ata-

Gaining Experience
2 декември 2010
146
180
За филмови/серија во некоја малце подалечна иднина веројатно секој сам ќе може да си дефинира каков сака да гледа во моментот.... после некое време ќе здосадат. Ништо нема да биде исто.
 

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.938
Скопје
Малку се заиграа и заборавија.

АИ гласови, AI помошници, AI текст, AI слики, AI generative fill, AI видео...
Посебно ова со видеата е језиво и мислам дека повеќе ќе биде штетно отколку корисно. Многу повеќе.
 

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
894
1.201
Малку се заиграа и заборавија.

АИ гласови, AI помошници, AI текст, AI слики, AI generative fill, AI видео...
Посебно ова со видеата е језиво и мислам дека повеќе ќе биде штетно отколку корисно. Многу повеќе.

на овие целта им е да го заменат човекот скроз со свое АИ и роботи на планетава. Делува дистописки, али тоа се тешки психопати што се у АИ навлезени.
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.403
13.288
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
И AI-то ќе ги гледа филмовите, па во некој момент ќе добие свесност, ќе се сврти против човештвото, ќе има војна, прво AI-то ќе прати машина назад во времето да ја убие мајката на водачот на движењето на отпорот, а потоа тој млад водач на отпорот ќе прати друга машина да ја заштити.
 

kirev

Unbeatable
31 мај 2010
7.486
5.730
И AI-то ќе ги гледа филмовите, па во некој момент ќе добие свесност, ќе се сврти против човештвото, ќе има војна, прво AI-то ќе прати машина назад во времето да ја убие мајката на водачот на движењето на отпорот, а потоа тој млад водач на отпорот ќе прати друга машина да ја заштити.
Сме го глеале Terminator (1984) ⭐ 8.1 | Action, Sci-Fi :)
 

petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.556
1.673
И AI-то ќе ги гледа филмовите, па во некој момент ќе добие свесност, ќе се сврти против човештвото, ќе има војна, прво AI-то ќе прати машина назад во времето да ја убие мајката на водачот на движењето на отпорот, а потоа тој млад водач на отпорот ќе прати друга машина да ја заштити.
Аууу, срашно!!!
Шо збораш бе, и филм имало на темата???

Ок, шала на страна, ова веќе не е шала.
Веќе не ќе се можи да се верува во ништо снимено, во смисла дека ни видео записите од некој настан нема да бидат како веродостојно и неспорно сведоштво дека тоа што го гледаш на екранот навистина се случило (па, на некој начин, видео надзорот би изгубил смисла?)

А од друга страна, не дај боже да се најди чоек во ситуација кај што го „наместиле/намонтирале“ во некое видео, па оди објасни се дека не си ти, не си бил таму или слично....
 

Metuzalem

Tootle Puffer
28 ноември 2010
7.403
13.288
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64

Ron26

Practice makes perfect
4 мај 2019
894
1.201
психопатија е ова дечки, видеата ги гледав, и се ненормален квалитет. Којзнае колку измами ќе праат. Ќе мора у иднина некој днк тест за секоја трансакција да приложува човек дека е он.
 

boro1

Practice makes perfect
13 август 2009
1.742
1.502
boro1's setup  
Processor & Cooler
i5-12600KF @ 5GHz
Motherboard
Gigabyte Z690 UD D4
Storage
1TB Samsung 980 Pro / 2TB Samsung 970 Evo Plus
PSU
CM V750 V2 Gold
RAM
32GB (2x16GB) Kingston Fury Renegade 3600MHz CL16
Video card
Gigabyte RTX 3080 Ti Vision - 12GB
Case
Fractal Design Meshify 2 Compact White TG
Mouse
MX Master 3 / Razer Viper Mini / Logitech G305
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Audio
Razer BlackShark V2 / Panasonic SA-HT500
Monitor
DELL G2724D
OS
Windows 11 Pro 64-bit
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

JasSum

Unstoppable
8 мај 2007
2.147
2.477
Скоро сите видеа имаат грешки. Поточно, видеа со луѓе се со грешки. АИ копира без разбирање па затоа и ги прави грешките.

Инаку да, одлично е за генерирање заебанции и превари.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

Avid

Epic
21 јануари 2009
6.211
10.943
Скопје
Скоро сите видеа имаат грешки. Поточно, видеа со луѓе се со грешки. АИ копира без разбирање па затоа и ги прави грешките.
И сеа на ова следува риплај од типот „да брат ама ново е, ќе се усовршува, којзнае што ќе биде понатака“ итн.
 

M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.017
249
Како поточно ова функционира?

Пример дали може ова да ми креира видео во кое јас би бил во видеото и нешто би правел играл на музика, пеел, трчал, јадел и друго?
 

cogscape

Gaining Experience
28 јуни 2016
54
101
cogscape's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 7 2700X
Motherboard
Asus ROG Strix B450-F GAMING
Storage
SAMSUNG 500GB SSD 970 EVO Plus NVMe
PSU
Corsair HX1000
RAM
Kingston HyperX Predator 4x16GB 3200MHz DDR4 CL18
Video card
EVGA 3090 FTW3 Ultra
Case
Lian Li
Mouse
Logitech MX Master 3S
Keyboard
CoolerMaster MK730
Monitor
Dell P2421DC + Dell P2423D
OS
Windows/MacOS
Мене ова не ме плаши и воопшто не верувам дека ќе наштети на филската индустрија. Дури не верувам дека ќе помогне и во измама, веќе со дипфејкови бидна тој проблем.

Филмската индустрија секако е одамна предводена од Холивуд и ова не може да е повеќе штетно од тоа. Зошто? Бидејки технологијата сама по себе е неутрална или не одликува самите нас (влијание од материјалот на кои што е трениран моделот), додека пак Холивуд е масивна пропагандистичка операција. Згоре на се и во изминативе 20-тина години имам чувство дека е во пад квалитетот и се помалку креативни и по плитки се новите содржини, со исклучоци. Истиот тренд се забележува и во музичката индустрија.

Исто како со Midjourney, верувам дека ова ќе овозможи создавање на многу повеќе естетски привлечни содржини и фокус на суштината а не на техничката изведба. Дополнително, добро би било и (барем дел од) тие стотици милијарди долари од Холивуд да се прераспределат надвор од елитните кругови и можеби кај некои нови уметници и научници. Тоа е барем мојата, оптимистична, гледна точка.

Едит: Појаснување поради мала контрадикторност - не оечкувам дека би наштетило на индустријата од финансиски аспект, бидејќи и они ќе ја користат технологијата, иако во последниот параграф изразувам желба да има и таков импакт. Финансиски може да ги намали трошоците за пост-продукција и да го намали бројот на работни места од тој тип.
 

M@RKO

Gaining Experience
3 јуни 2009
1.017
249
Ова ќе биде од корист за музичари кој немаат финансии големи да платат добра екипа за снимање видео спотови. Ќе им заштеди пари, време особено ако сето ова е бесплатно или барем има бесплатна верзија.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.113
Мислења
974.791
Членови
35.418
Најнов член
svetlanatanevska
На врв Дно