• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Генерално чистење на компјутер

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Прашината и нечистотијата може да предизвикаат дефект кај компјутерот или на некој негов дел, па затоа паметно е еднаш во неколку месеци да направите негово генерално чистење.

Ако спаѓате во оние несреќници на кои веќе извесно време им „трокира“ компјутерот, сте го ресетирале, преинсталирале повеќе пати, можно е проблемот да е во тоа што вашиот компјутер буквално се гуши во прашина. Компјутерот поради системот за ладење и електрицитет привлекува прашина. Еве неколку корисни совети како да го зачистите, без да го носите на сервис, и секако без да го оштетите.

1. Исклучете ги периферните уреди


Најважно е прво да го исклучите компјутерот, а потоа и периферните уреди: монитор, тастатура, глушец и останатите уреди. Ова е особено важно за да ја исклучиле секоја можност од евентуално расипување на компјутерот.

2. Со вода до сјаен монитор

Повеќето корисници денеска имаат LCD монитори, кои ни на сон не смеете да ги чистите со средства за перење стакла, ниту пак со било какви други агресивни средства (за миење на прозори, на пример).

Најдобро купете марамчиња за таа намена или некои специјално средство за чистење на ЛЦД монитор.

Доколку во моментов ги немате наведените средства или немате пари да ги купите, за почеток можете да се послужите со малку вода. Средството нанесете го на чиста памучна крпа со која ќе го бришете екранот. Пластиката на мониторот можете да ја исчистите и со влажна крпа или со специјално средтсво.

3. Чистење на тастатура

Свртете ја тастатурата наопаку и благо протресете ја со цел да испаднат трошките и другата насобрана нечистотија која се заглавила меѓу копчињата. За извлекување на најотпорната прашина одличен избор се алатите со шишенцата со компресиран воздух. Копчињата на тастатурата ви препорачуваме да ги избришете со влажна памучна крпа или со крпа натопена во средство за чистење пластика.

4. За глушецот повторно да светне

Кога чистите некој од модерните глувци, важно е добро да го исчистите покривачот на оптичкиот сензор, бидејќи таму се собира намногу прашина, која директно влијае на функционалноста на глушецот. Оние кои имаат стари глувци со топчиња ќе мора да ги отворат и да го извадат топчето за да ги исчистат. Добар алат за ова се стапчињата за уши или чепкалките.

5. Правосмукалка за куќиште

Најосетлив дел од целата работа е чистењето на внатрешноста на куќиштето. Отворете го куќиштето и соберете ја прашината со мини-правосмукалката за кујнски трошки. После тоа со компресиран воздух исфрлете ја прашината од потешко достапните места.

Во случај да има премногу нечистотија, повторете го чекорот со минијатурната правосмукалка. Особено е важно да ги исчистите вентилаторите. Направете го тоа со компресираниот воздух, бидејќи не смеат да престанат да работат, а на нив најмногу се собира прашина.

Преземено од ИДИВИДИ

Па ајде што чекате, гаснете ги компјутерите, земајте ги крпите, правосмукалките и удрете едно чистење. :))

П.С. Ако имате вие некој друг поефикасен метод или средство за чистење на ПС-то, споделете го тука. :)
 
2. Со вода до сјаен монитор
Абе извини, ти твојот да го чистиш со вода:LOL::LOL::LOL: Јас мојот ке го чистам со сува микрофибер крпа(онаа за цвикери).

5. Правосмукалка за куќиште
Иако и правосмукалка ке заврши работа, сепак нема да исчисти убаво(има некои недостапни места). Многу поубаво искача со компресор на бензинска или со рејнбоу/кирби машина ама да е наместена на дување, а не на шмукање.
 

FiC DoGG

On your way to fame
17 април 2007
907
891
www.behance.net
FiC DoGG's setup  
Processor & Cooler
i7 2600k Noctua NH D14
Motherboard
Asus Sabertooth P67
Storage
840 pro 128GB + 500GB HDD + 1000GB HDD
PSU
CM Real Power 550W
RAM
2x4GB DDR3 1333
Video card
Gigabyte GTX 760 2GB
Case
CM Centurion 5
Mouse
A4tech X7
Monitor
2x Dell U2412m
OS
Windows 8.1 Pro
Ja moive ednas na mesec-dva gi vadam na terasa i palam reinbow i gi izduvam za site pari. So pravosmukalka nisto ne se pravi, taa gadnata fina prasina so se lepi za coolerite i sve ostalo ili so raka ili so nesto da ja izduvas. So smukanje samo krupnoto ke go zberes, a toa i onaka ne prai kojznae kolku problem.
Tasatatura cistam samo koga ke isturam sok na nea i koa ke pocne da lepi, inace dodeka da dojde za cistenje mene mi rikne pa si zemam nova. Inace ja zemam i gi izvadam site kopcinja i so alkoholol ja iscistam celata (zaebano e koga ti lepi nekoe kopce:p)
 

vik

Intern
14 април 2007
1,936
31
Абе најубаво, извај го надвор, отвори го и со шмркот еднаш и готово.:D
 
23 јули 2007
338
8
Технологијата толку брзо напредува што побрзо ги менуваме компјутерите пред да ги исчистиме, ама сепак убаво е понекогаш да се исчистат за да не служат. А кој како си го чисти компјутерот е негова работа, сепак советите се добредојдени. Јас лично употребувам крпа, прашко и правосмукалка.
 

DaciSS

Gaining Experience
3 јануари 2008
949
288
San Francisco
www.linkedin.com
...коa ке го изнесам на бензинска, па со компресорот коа ке го издувам, абе свети ко нов :))) јесда цела бeнзинсака ме гледа ко луд, али се навикнаа више, ептен сум им редовен на компресорот :D
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
...коa ке го изнесам на бензинска, па со компресорот коа ке го издувам, абе свети ко нов :))) јесда цела бeнзинсака ме гледа ко луд, али се навикнаа више, ептен сум им редовен на компресорот :D
:D не си нормален :D
 

Kuzma

Баниран/a
18 јуни 2008
52
0
gamingmk.org
...коa ке го изнесам на бензинска, па со компресорот коа ке го издувам, абе свети ко нов :))) јесда цела бeнзинсака ме гледа ко луд, али се навикнаа више, ептен сум им редовен на компресорот :D

:)):)):)):)):))

ја кај Беверли Хилс што се парални го носам :))
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
е така ви е кога си немате компресор дома
јас имам еден мал е али добро врши работа :rolleyes:
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
еххх боки и за тоа има лек
но самиот ке го научиш

како да го отвориш и затвориш а да не се примети или ако има лепенка или боја на шрафовите пак исто да си остане:)
 

Fiasco

Gaining Experience
2 март 2008
3,036
203
404
www.igorjanevski.com
еххх боки и за тоа има лек
но самиот ке го научиш

како да го отвориш и затвориш а да не се примети или ако има лепенка или боја на шрафовите пак исто да си остане:)
Otvori nova tema... tutorijal za neprimetlivo otvoranje na kukiste...:))
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Ајде малку посмирено и да се вратиме на темата. :friends:
 

CyberSpic

Intern
14 април 2007
823
26
howtoformatacomputer.com
3. Чистење на тастатура

Свртете ја тастатурата наопаку и благо протресете ја со цел да испаднат трошките и другата насобрана нечистотија која се заглавила меѓу копчињата. За извлекување на најотпорната прашина одличен избор се алатите со шишенцата со компресиран воздух. Копчињата на тастатурата ви препорачуваме да ги избришете со влажна памучна крпа или со крпа натопена во средство за чистење пластика.
Со тоа благо протресете ја не се сложувам
мислам дека треба малце по-неблаго да ја удриш од маса ( повеќе пати ) :)
 

Kuzma

Баниран/a
18 јуни 2008
52
0
gamingmk.org
и копчињата да испаѓат :) Ја прееска го отворив мојот, го немам чистено 5 месеци, што да ви расправа, џунгла :)

45 минути додека да отшртафам тие мали мали штрафови али инатливи мајќе им, штрафцигер неможев да најдам мал, па ајде со клешта, па на рака после хехе, па пола саат чистење, 20 мин затварање... 1ипол кило ослабев од тоа хехе
 

MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
ти и твојот оффтопик сте досадни.искрено и извини.али некогаш на работите гледај малце и од забава. ок ?
Кога сум досаден не ме читај:muahaha:

Ајде малку посмирено и да се вратиме на темата. :friends:
:bravo:

за чистење на тастатура
нацртајте си ја шемтата како иде полесно да ви биде покасно и извадете ги компчињата
ставете во вода и зјај за садови е најдобро или нешто слишно и измијте добро

тоа е добро доколку јадете и нешто што не се јаде пред компјутер:)
 

Vlatzki

Gaining Experience
1 мај 2008
1,266
312
4. За глушецот повторно да светне

Кога чистите некој од модерните глувци, важно е добро да го исчистите покривачот на оптичкиот сензор, бидејќи таму се собира намногу прашина, која директно влијае на функционалноста на глушецот. Оние кои имаат стари глувци со топчиња ќе мора да ги отворат и да го извадат топчето за да ги исчистат. Добар алат за ова се стапчињата за уши или чепкалките.
Ова може и да се направи и со тоа да го превртите маусот и да го дувнете еднаш - двапати јако и цела прашина че исчезнит. :bravo:
 

Cevi

Intern
5 февруари 2009
333
32
Кога сме веќе кај чистењето...

Пред некои месец дена компјутерот при стартување почна да ми вади јаки звуци на шкрипење.Е сега знам дека тоа се кулерите.Иначе скоро го имам чистено и издувано со Kirby.Ќе може ли да ми дадете детален приказ (може и слика како тоа би изгледало) како да ги исчистам кулерите заедно со сите средства за подмачкување.
Благодарам.
 

daci92

Gaining Experience
4 февруари 2009
2,120
162
Скопје
eeeeeee mojov kompjuter go cistam sekoj mesec dena ,otvoren mi stoi i zaradi prasina si go cistam non stop da ne mi faka prasina:LOL:
a za tastaturata se soglasuvam so CyberSpic :D
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,593
Мислења
824,187
Членови
28,086
Најнов член
martinivs
На врв Дно