1. Mobile OS генерални дискусии: windows android ios

  2. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Генерална дискусија за Android

Дискусија во форумот 'Мобилни телефони' започната од TylerMkD, 22 Март 2017.

  1. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Бидејќи гледам дека ваква тема нема, а секаде на друго место е офтопик да се дискутира, може да направиме една. Не е логично јас да ја отворам (како генерален хејтер), но ете...

    Би ја почнал темата со вечниот проблем и ме интересира вашата перспектива - веќе е најавен Android O, а од друга страна Android N го имаат инсталирано нешто над 2% од корисниците, повеќе од 6 месеци по излегување.

    Се поставува вечното прашање - за кого е Android и за што е Android? Пристапот на Google дека Android е за секого е сомнителен, бидејќи во моментот најновата верзија не ја користат 98% од корисниците, што значи дека не ги уживаат сите најнови опции и функции.

    Дали во моментот, целокупната првична идеја за Android како оперативен систем за народот треба да се преиспита и можеби се потребни поголеми мерки од Google за апдејтирање на оперативниот систем?
     
    На draganamon и psyside им се допаѓа ова.
  2. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,949
    4 Септември 2008
    Не бе зошто топ си е :D
     
    На goran_oh и RagingDemon им се допаѓа ова.
  3. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,242
    1,256
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    поновите верзии на андроид бараат доста перформанси и се наменети за премиум телефони. Еве и андроид О за почеток само ќе биде за нексусите. Македонија да ја земеме за пример, колку од сите корисници имаат премиум андроид телефон? Во Македонија 60% користат телефони од ниска/средна класа (за ова се криви операторите), 20% се со премиум андроид телефони и другите 20% остануваат за јаболкото.
     
    На Arsenal му/ѝ се допаѓа ова.
  4. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,949
    4 Септември 2008
    Не е точно ова.
     
    На Kolevski и RagingDemon им се допаѓа ова.
  5. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,242
    1,256
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    претпоставка :D користам iOS :D
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,949
    4 Септември 2008
    Знам, не е проблем XD
     
    На Pulse му/ѝ се допаѓа ова.
  7. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,648
    2,949
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Во однос на прашањето зошто 98% од корисниците не користат андроид N, се се сведува на самите производители да го апдејтираат андроидот на понова верзија - шо за разлика од епл тие се и ос-от и производителот на хардверот (не буквално производител, ама ми ја сваќаш поентата). од друга страна, андроидот е опен сорс, што значи секој може да го земе, да го инсталира кај сака. е сега, проблемот се јавува кај многу од производителите на хардвер шо несакаат да се замараат многу многу да одржуваат системски апдејти на андроидите нивни, затоа што тие гледаат од аспект: ако ти купиш с7 еџ, и официјално ти даваме тебе апдејти на најнов ос, наредните 4-5 години, зошто тогаш натаму ти би купил понов флегшип, а на стариот флегшип добиваш сите апдејти како и на најновиот?

    друга страна од целата оваа приказна се кинезите (дел од нив, со исклучоци). набавуваат застарени компоненти, за цирка 50 долари, праат ентри левел телефони, и се шиткаат на велико таквите модели/телефони на послабите пазари, каде реално тој кинез натаму не ти ни нуди ни 1% поддршка кога станува збор за апгрејд на софтверот.

    позитивната работа во цело ова е постоењето на модери, кастом ромови, кои буквално овозможуваат и „неподдржани“ телефони, често постари модели, да го вкусат најновото од оперативниот а од официјалниот вендор не добиваат никакви апдејти(мислам на цијаногенмод првенствено како и на сите останати верзии).
     
    На RagingDemon и Arsenal им се допаѓа ова.
  8. worker_x

    worker_x
    Gaining Experience

    351
    340
    17 Март 2010
    Машко
    Една од многуте причини за спорото упдејтирање и тоа што различен производител различно ги пушта. Колку што знам (а можеби грешам), Самсунг најдоцна ги пушта упдејтите. Истотака зависат и од телеком провајдерите и слично.

    Нешто што јас би сакал да видам, а мислам дека ќе го подобри целокупното Андроид искуство, е тоа да сите производители почнат да инсталираат сток андроид на сите нивни телефони. Нешто како што правеше Мајкрософт со Виндоус Фон. ОС-от беше ист без разлика дали ќе купиш ХТЦ, Самсунг, или Нокиа, и искрено секаде беше брзо и флуидно. Е сега, што би било одлучувачки при купување на еден таков уред? Едноставно, ако сакаше супер екран одеше со Самсунг, ако сакаше апп ексклузиви(не ми текнува кои беа, но знам дека имаше) одеше со Нокиа, ако сакаше подобри звучници одеше со ХТЦ, но ОС искуството беше секаде исто.

    Гугл им дозволи на производителите да модифицираат па сега имаме Тачвиз, ХТЦ Сенс, ЕМУИ, МИУИ, и ред други, кои придонесоа да Андроид искуството е нецелосно доловено.
     
  9. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Јасно е кои се причините за спориот апдејт - прво доаѓа до производителите, па потоа до операторот и се укочува целиот процес. Дополнително, производителот може да одлучи да нема веќе апдејти и дополнителен проблем се создава.

    Но, како што пишав и лани ова време, Google веќе оди напред со Android O, а само 2% од корисниците имаат Android Nougat. За кого работи Google на подобрување на оперативниот систем - за 2% од корисниците или за 98% од корисниците? Одговорот би требало да биде логичен, ама очигледно не е...

    Дополнително, Google го дава Android O на developers, јас да сум на нивно место, не би оптимизирал за Android N или O, кога очигледно 2% од можните корисници би го имале - а останатите се на Android L, Android M, Android K...

    И додека ние зборуваме за нови функции, сфаќаме дека просечниот Android корисник нема да ги види со неговиот сегашен телефон, што е огромен fail од бизнис аспект. Google мора да воведе поголема контрола - за производителите нека биде тоа дека уред од средна и премиум класа мора да добива апдејти навремено во рок од 2 години, а за ниска класа во рок од 1 година. За операторите тоа значи да прифаќаат софтвер AS IS; односно нема што да се мешаат и да модификуваат...
     
    На P.Overdrive му/ѝ се допаѓа ова.
  10. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,648
    2,949
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Во однос на ова, Гугл има условно речено своја сопствена линија на телефони - нексусите и пикселот. тие телефони, се тие што добиваат апдејти на најновиот ос (андроид н, о итн итн) моуд ала епл стајл. тие уреди спаѓаат во тие 2% што се апдејтираат. Но, останатото, натаму зависи од другите производители, затоа шо андроид е сепак опен сорс, и на крај зависи од производителите (самсунг, хтц, лг и останатите) дали ќе сакаат за тој телефон да стават новиот ос. кога андроидот не би бил опен сорс, затворен како иосот, тогаш гугл би бил одговорен за сите апдејти , секјурити пачови, ос апгрејди итн. за жал, многу од производителите се мрзливи и многу се чека за апдејти, со чесни исклучоци. нексусите и пикселот добиваат навремено сите апдејти.
     
  11. vlavot

    vlavot
    Medicus

    2,870
    2,807
    29 oктомври 2009
    Машко
    Medical Doctor
    Индиректно кажано, сепак опен сорс и не е толку добра работа.
    Треба гугл да си ги земе работите во свои раце и да притисне да сите производители инсталираат чист сток андроид и да се во текот со апдејтите. Би требало гугл да диктира развој и стабилност на софтвер. А не Самсунг со апдејти да се глупира со покемон аниме иконки на 700 еур телефон.


    Sent from my iPhone using Tapatalk
     
    goran_oh, P.Overdrive, Pulse и на уште 1 им се допаѓа ова.
  12. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Побитно е да е open source или да е како што треба? Бидејќи двете изгледа не одат во иста реченица?

    Просечен Android корисник не го интересира дали оперативниот е open source, туку дали има апдејти, нови функции итн. Ова значи дека сите со телефон освен Nexus/Pixel/Galaxy S/Note, може да заборават на новитети. Google вложува милиони во развивање на софтверот, ама за кого...за 2% од корисниците?

    Ова е тотално погрешна бизнис одлука, ама битно е open source...
     
  13. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,242
    1,256
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    океј, има многу дилеми за опен сурс дека е андроидов... а што праиме ако се случи сценариото да речеме следен андроид 9ка, 10ка небитно, гугл реши да ги заклучи кодовите, да воспостави поголема контрола? илјадници луѓе ширум светот би го изгубиле работното место. овде само грешна и е политиката дека трошат многу пари за само тие 2% :(
     
  14. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,648
    2,949
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    таква им е филозофијата на гугл во однос на андроид - да е опен сорс. нивна одлука е, јбг. еден од бенефитите шо произлегуваат од опен сорс е дека андроидот постои и на телефон од 40 евра и телефон од ~ 900 евра, тоа ја вози економијата. а и ценовно гледано - не секој може да си дозволи поскап телефон (зборувам за ценовен ранг во рамките на македонското општество, кој ранг е над 22к-23к) па тука паѓаат во игра поевтините андроиди. за квалитет не би сакал да дискутирам од фирма до фирма, но, во секој случај, многу подостапни им се. барем јас вака гледам на работите, немора да значи дека е универзална вистина, нити пак единствено гледиште на работите :)
     
  15. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Ако е тоа целта на Google, да постои за сите, тогаш зашто се привилегираат одредени 2% кои очигледно имаат повеќе пари за премиум телефон?

    Да не се лажеме, пикселот е премиум уред и генерално тие 2% се сите премиум уреди. Јас како компанија, нема логика да работам за само 2% од моите корисници, а останатите 98% да се правам дека не постојат, бидејќи немаат очигледно пари. Android ONE беше добар чекор напред, како и Android Silver програмата, ама јасно е дека треба поголема контрола врз Android, бидејќи на крај добиваме полупроизводи кои очигледно не работат како што треба.

    Да тргнеме од производителите - нека се забрани екстремна модификација на софтверот, или нека биде дозволено, но апдејти да има за уредите во разумен рок од 1 до 2 месеци по излегување на најновата верзија, во рок од 1/2 години

    Да продолжиме со операторите - да се забрани било каква модификација на било кој уред

    Со ова, значително ќе се забрза целиот процес на најнови апдејти и драматично ќе скокне бројката на уреди со најнова верзија на оперативен систем.

    Финално, за уреди под 100 евра нека нема рестрикции, ама се над 100 евра нека биде со обврска од 1 година редовни апдејти, додека пак се над 200 евра нека биде со редовни апдејти од 2 години.

    Сегашниот систем дава само бенефит на производителите и операторите, додека крајните корисници се максимално оштетени. Искрено, мене како програмер би ми било срам да работам на нови функции и да воведувам работи, кои се наменети пред се за некоја елита...додека останатите корисници ги оставам да се снаоѓаат како знаат, само зашто купиле непремиум уред.
     
  16. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,949
    4 Септември 2008
    Не може да биде по обратно од ова.

    Што вистински ги интересира андроид корисниците?

    1. Хардвер/камера/дисплеј/батерија

    2. Споредба со другите уреди од тој ранк

    3. Добиено за платеното



















    25. Апдејти
     
    RagingDemon, stefano и на Војвода им се допаѓа ова.
  17. mkextremer

    mkextremer
    On your way to fame

    998
    808
    4 Февруари 2014
    Машко
    Теши се дека ќе е 700 еур :D
     
  18. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Збориме за софтвер стриктно, што ги мешаш телефоните. Да може да бира корисник, би одбрал апдејти наместо open source, тоа е целата поента.
     
  19. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,206
    3,552
    26 oктомври 2012
    Машко
    На најголемиот дел од Андроид корисниците, им е гајле дали е Опен Сорс или не.
    Како што кажа Псај, сакаат добар екран, камера, батерија, да е доволно брз, да работи како што треба и да е што е можно поефтин.
    Тие што знаат нешто повеќе, се всушност многу малку. Можда и помалце од 5%.
    Не се криви што немаат Ејпл телефони, за 1000-2000 денари на претплата од 500-600 денари. :)
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  20. stefano

    stefano
    Gaining Experience

    171
    232
    8 Декември 2016
    Многу погрешно!
    Просечен андроид корисник (а слободно можи да се кажи и смартфон корисник) го интересира дали му отвора фејзбук, инстаграм и слично, како му слика камерата, колку место има за слики, музика и програми и дали им држи батеријата цел ден.
    Погорното во заградата е напишано бидејќи сум сретнал еден куп корисници и на ајфон кои појма немаа дали им се апдејтирал ОС_от и на која верзија и зошто воопшто им треба апдејт.
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  21. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Океј, ајде да речеме дека сте во право. И, што докажавме сега?

    Ако на просечен корисник не му е важна верзијата, а тоа се 98% од корисниците, зашто тогаш воопшто да се работи на нови верзии, особено кога не се за нив? Што е поентава на вашиов муабет, дека е океј што Google не ги става како приоритет 98% од корисниците? Прочитавте погоре за мислењата околу политиката на Google и како може да се смени на подобро?
     
    Последна промена: 24 Март 2017
  22. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,949
    4 Септември 2008
    Спомна просечни, ние не сме просечни. Јас би сакал навремени апдејти, и тоа многу. Но бирам хардвер пред нив, ако хардверот е тиња или дизјанот, ме боли уво за апдејтите. А иначе дефинитивно iOS има голема предност тука, е сега - проблем е тоа што iOS има функционални недостатоци што се тотално не прифатливи и тука паѓа цела предност (според мене)
     
    На stefano и worker_x им се допаѓа ова.
  23. Војвода

    Војвода
    Unstoppable

    2,206
    3,552
    26 oктомври 2012
    Машко
    Каква врска има Гугл со ова ? Тие си прават андроид за нивните уреди, а после што и како ќе се дешава со уредите кои не се под нивна капа, си одговараат тие што ги произведуваат.
    Се работи на нови Андроид верзии, за да се биде во Тек.
    Сем Андроид и Иос, повеќето софтвери кои се продаваат, не добиваат нови надградби иако си платил за нив. Ако сакаш V2 од програмот, ќе си платиш за неа. Па за v3 повторно ќе си платиш. Кај скапите Андроид уреди, ги плаќаш и тие наредни 2 андроид верзии што ќе ги добиеш. Кај ефтините не, бидејќи никој не е будала да работи за џабе и да плаќа програмери кои ќе го оптимизираат софтвер за тој уред, кој и така е релативно ефтино платен. Кај нив, некоја закрпа само и толку. Како ќе те натераат инаку да го купиш поскапото ?
    Така да, за мене е разбирливо сето тоа како шема, и така неможе на исто рамниште да бидат оние кои дале 650$ за уред и очекуваат повеќе, и оние што дале 100-150$, логички со многу помали очекувања.
     
    На stefano и RagingDemon им се допаѓа ова.
  24. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,334
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Освен за првата реченица, за останатото тотално се слагам.
    Опен сорс е најдобра работа на свет, и многу погрешно го имате сфатено поимот. Oпен сорс не значи дека Гугл го крие кодот од сите па го пушта на крај, туку значи дека Гугл го пушта кодот за цел свет на новата верзија на Андроид во AOSP кога ќе ја пушти и новата верзија на Андроид.
    Соработниците на Гугл како Самсунг, ЛГ, Сони и другите кодот на Андроид О го имаат уште од сега. Тоа што другите каснат со апдејтите прво е најмногу поради скинирањето што го прават, и второ е што прават 20 модели, па оператори и други глупости. Затоа и јас до некаде се слагам дека Гугл треба да ги заостри критериумите, али не до степен секој да има ванила Андроид, иако сум огромен фан на ванила Андроид, не сакаат сите ванила. Пример до степен првите 2 или 3 флагшипа најбрзо да добиваат апдејт, на останатите понови модели може и директно со нова андроид верзија да се почне.
    Патем лани LG имаше телефон со Андроид N најпрв од сите, па дури и од Гугл, пошо пикселите излегоа подоцна.

    Патем коа сме кај просечен Андроид, а и ајоес корисник, не го интересира која верзија на оперативен ја има се додека супер му работат фејсбук и инстаграм.
     
    Последна промена: 25 Март 2017
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  25. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Со кого да се биде во тек? Се работи на нови Android верзии кои генералната јавност ќе ги види 2 до 3 години подоцна, а процентот на уреди на најнова верзија се повеќе и повеќе се намалува. Џабе ќе прашувам по 20-ти пат, Google работи за 2% или Google тера напред и работи за доброто на Android?

    Наместо да истражува секоја година, може да се воведат построги критериуми во врска со апдејтите. Со тоа, наместо 2%, можеби 30% ќе ги гледаат благодетите од работата на Google. Ако збориме за премиум телефони, еве ви една статистика:

    Following a lengthy Nougat beta program, the final Android Nougat update for the Galaxy S7 and S7 Edge began rolling out on January 12, 2017, a full 143 days after Google released Nougat.

    Ова е скоро 5 месеци од излегување на најнова верзија, чиста дефиниција за премиум уред.
    И нормално, сите го скокнавте прашањето со developers, кои нема никаква логика да оптимизираат апликации за најновата верзија, односно 2% од корисниците.


    Финално, иако ја отворив темава, не планирам да продолжам да пишувам повеќе во неа, ќе си дискутирам на некој странски форум за ова.


    едитирано од модератор.
     
    Изменето од модератор: 25 Март 2017

Сподели

Вчитување...