1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Генерална дискусија - Нови Камери/Објективи

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од M.Pix, 21 Април 2020.

  1. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Отварам една тема за сите новости и производи од Канон, Никон, Сони, Фуџи итн. Не верувам дека имаме доволно за да отвараме за секој бренд поединечна, но можеби во иднина.

    Би започнал со најновиот ѕвер од Канон - EOS R5, за кои веќе некој период добиваме тизери, а денес и официјално ги потврдија спецификациите на самиот фотоапарат.

    Долг период Канон буквално заспаа на ова поле и од 5D Mark II серијата каде што направија бум, ништо спектакуларно не извадија со што би ја згазиле конкуренцијата. Сони од пред неколку години со А серијата направија огромен бум, направија одлични мирорлес апарати со профи спецификации по горе доле пристапни цени. Канон и Никон последни го фатија возот во играта кога ги претставија Z6 и EOS R.

    Канон работеше првенствено на производство на објективи за новиот RF систем кој го користат EOS R и EOS Rp апаратите. Буквално го покрија секој мм од 14мм па нагоре. По мене ова беше доста паметен потег, и сега конечно можат да се насочат кон производство на нови апарати.

    EOS R5 мислам дека ќе биде конечно она револуционерното после толку време. Скоро го извадија наследникот на 1DX Mark II поточно 1DX Mark III, ама цената беше преголема, а очекувањата високи па мислам дека разочараа и не направија никаков бум.
    Новиот апарат да не речам е ѕвер во секој поглед, од видео до фото.
    Спецификациите се следни:
    • Внатрешно 8K/30p RAW видео снимање
    • Внатрешно 8K/30p видео снимање во 4:2:2 10-bit C-Log и HDR PQ
    • Внатрешно 4K/120p видео снимање во 4:2:2 10-bit C-Log и HDR PQ
    • Екстерно 4K/60p видео снимање во HDMI
    • Без кроп 8K и 4K видео снимање со користење на целиот сензор
    • Dual Pixel CMOS AF возможен во 8K и 4K модовите
    • C-Log возможен во 8K и 4K снимање
    • 5-axis In-Body Image Stabilization што работи заедно со Optical IS на RF и EF објективи
    • 2 слота за мемориска: 1 CFexpress и 1 SD UHS-II
    • 12/20фпс во секунда
    • Се претпоставува дека ќе биде околу 30 мегапиксели
    Сеуште има непознати работи, на колку ISO ќе работи, точен модел на сензор, колку минути снимање ќе има и слично. Од Канон изјавија дека изработиле специјален сензор само за оваа камера, а исто и цената е засега непозната.
    Официјално кога ќе излезе уште не се знае ама претпоставките се во Јуни.

    1.jpg



    Темата не е конкретно за овој модел, може да се продолжи и со други апарати и објективи, а секое мислење за препорака кој апарат или објектив да се купи ќе биде избришан.
     
    На MadBuldog, stefan_off, psyside и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    На MadBuldog, stefan_off, psyside и уште 3 други им се допаѓа ова.
  3. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    991
    3 Јануари 2019
    Машко
    Искрено, треба да ме карате мене. Скоро целеосно ја запуштив фотографијата.

    Не знам што и како се дешава моментално, ама последно што пратев е дека Sigma планираа да пуштат во продажба 70-200мм објектив за e-mount. Е тој објектив го чекам со радост. Не верувам дека и воошто ќе излезе овој објектив во догледно време.
     
    На psyside и Oktar им се допаѓа ова.
  4. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Со оглед на спецификациите не верувам дека ќе биде испод 3к евра. Ама па од друга страна не можат ни да го огласат повеќе од 4-5 затоа што ќе влезе веќе во друга категорија на камери.
    Мене ме плаши преминување на мирорлес, па нов RF систем значи и нови објективи... што е многу многу е, ама па меракот нема цена...
     
    На MadBuldog и psyside им се допаѓа ова.
  5. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Абе баш у случајов има... околу 10К :D
    Јас не сум фан на мирорлес, досега не гледав некоја причина да се пребацам на мирорлес, ама Р5 делува како многу добра причина. Нормално, имав некоја надеж во Р6 т.е. панданот на 6Д, ама ако е точно дека ке има само 20МП сензор и секако ке биде утепан на уште неколку места... не сум сигурен дека ке прејдам од 6Д мк 2 на Р6.
    Што се однесува до објективите, РФ се стварно скупички, ако веќе прејдам на мирорлес, верувам дека долго време ќе се ги користам ЕФ објективите со адаптер, според многу рецензии, функционираат беспрекорно, така да...
    Иначе околу цената, еве Фро типува дека ке биде 3500 долари, што е 3500 евра кај нас. Мене тоа ми е премногу, ама после 2-3 години ке биде 2500-2700 и бааааам... пак ке ми биде многу пари :( :( :(
    Едино ако се начека некоја промоција околу блек фрајдеј и да се погодиш во америка па некоја добра понуда да начекаш, ама нисам те срече ја...
     
    На psyside и TheMarshal им се допаѓа ова.
  6. TheMarshal

    TheMarshal
    On your way to fame

    646
    991
    3 Јануари 2019
    Машко
    И еве причината зашто ја се зезнав што отидов на мирорлес, и тоа на Sony Mirroless. Па не можам да си дозволам објектив да купам. :cry: Посебно, како што ми е хоби, не можам да си оправдам да дадам инвестирам во добра срча.

    Додека бев на Nikon D3200, лесно ми беше, vintage објектив од ebay, па нешто Sigma, Tamron, па чести попусти, па голем second-hand пазар. И можежв почесто да си се почастам со објектив.
     
    На psyside и Oktar им се допаѓа ова.
  7. brasica

    brasica
    On your way to fame

    621
    946
    18 Април 2010
    За што и да се реши човек, треба да се фрли пара. Секаде ќе се најде некое добро стакло што “треба” да се има а се нема буџет за истото. Пуст ќејф. И за фуџи објективите се прилично солени ама здравје, ќе биде :).
     
    На psyside и TheMarshal им се допаѓа ова.
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    M.Pix, gokica и на Oktar им се допаѓа ова.
  9. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,860
    3,286
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
  10. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Одлична понуда е, да, стар модел е, ама е фф за 500 евра, обично за тие пари се зема 5д марк 2 на старо, а овој е нов со гаранција, иако пониска класа. Прашав иначе, не се рефурбишт, олд сток расчистува никон, глобална промоција е.
    Само имај наум дека за фф тело треба и фф објективи кои се значително поскапи...си повлеквит...

    Ја би го зел, ако сакаш да влезеш во фф водите, би бил добар ентри левел, а и после да го продадеш нема да имаш голема загуба. Еве некој што е никонџија (или никонаш) нека се изјасни за моделот, ја не ги пратам, чисто мислење од некој што ги познава моделите.
     
    На stefan_off и M.Pix им се допаѓа ова.
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па тоа ми е мене само дека стар модел, а што се објективите поскап не се грижам ќе си собирам пари по еден годишно ќе купувам и така...:)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Еве некоја си споредба на мојот со овај... јас за мојот платив 1500 евра, а ти можеш да го земеш овој за 500, а ако земеш во предви и дека можеш да го продадеш твојот, не ми текнува што имаше, ама и да е 200 евра, значи за 300 ке направиш апгрејд. Понатака ке инвестираш во срча, па после тоа и во поново тело, уај нот.

    On another subject, го проба ли некој image.canon сервисот?


    View: https://youtu.be/GDP9LQWMlMU
     
    На Sharlovski, M.Pix, gokica и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ти благодарм премногу за добрата споредба... ќе ја разгледам убаво и ќе одлучам во понеделник
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    FF, чичка нов за 500 евра! Колку сака нека е стар моделот. Јас ќе го земев без двеумење.

    За жал веќе немам толкав интерес за фотографија. А и опремава дома стои во фиока многу долго време. Така што сигурен сум дека ако го купам и овој ќе фаќа прашина.
     
    M.Pix, TheMarshal и на Oktar им се допаѓа ова.
  15. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Па пофали се бе, мислев дека сме другари... демн... И? како е? Што му монтираше од објектив?
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Чекај, погрешно се изразив, мавнав неколку љути уз ручек и така зборовите ми течат како извор ама заматен :)

    Не дека сум земал туку дека ќе го земев без двеумење ако сеуште ме интересираше фотографија. Ај да сменам горе во постот да е појасен.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ах... таман се возбудив и ладен туш... ај барем @Fatal1ty_ ќе го земе, па пак ќе има радости.
     
    Маша, M.Pix и на gokica им се допаѓа ова.
  18. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    @Fatal1ty_ да не се повторувам, Октар убаво кажа. ФФ тело се зима макар и 10 години старо да е. На тоа тело споредбено со новите ќе му фалат некои гимици као ви фи, нфц, малце повеќе пиксели, и веројатно би осетил разлика доколку сликаш во темни услови па да е послаб со ИСО. Другарче го зема баш на истава акција, он од Д3100 прејде, ама зема само 50ка на фул фрејм, ќе почека дур да смени објективите.

    Не знам можеби не сум во право ама за мене најстариот ФФ апарат е подобар од најновиот кроп сензор. Нема споредба за мене.
     
    TylerMkD, Oktar, gokica и на уште 1 им се допаѓа ова.
  19. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Радости!
    20200427_150735.jpg
     
    На fuzzjaw, MadBuldog, TheMarshal и уште 11 други им се допаѓа ова.
  20. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    765
    2,555
    27 Јануари 2014
    Машко
    Аирлија, со здравје да се служи. Сподели импресии како е од кроп на фф.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Го стаив да се пуни, ќе си играм после и ќе споделам слики за разлика
     
  23. Oktar

    Oktar
    Epic

    3,667
    10,931
    23 oктомври 2012
    Машко
    Имаш објективче некое за него? 50ка?
     
  24. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,829
    26,030
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    имам и 50 и 70-300
     
    На M.Pix и Oktar им се допаѓа ова.
  25. Sharlovski

    Sharlovski
    Unstoppable

    1,129
    2,566
    28 Јануари 2017
    Машко
    И мене ова ме интересира како некој што нема работено фф а има ќејф.
     
    M.Pix, Fatal1ty_ и на Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...