1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Гејминг конфигурација околу 40.000 (без монитор)

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Brendog, 6 Април 2020.

  1. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Здраво дечки, дојде време да се подновам со нов компјутер. Последен пат не ни памтам кога земав пц, најверојатно 2007. Ми рикна мониторот пред неколку години и се пребацив на лаптопот без графичка, али и така немав некоја потреба од пц. Гледав различни теми на форумов, предлози, конфигурации, сепак решив ќе отворам посебна тема, еднаш се фукаат пари :D.

    1. Буџет.
    Буџетот ми е околу 40.000, супер ако е испод, но нема да смета и ако е минимално над определеното. Во оваа цена не го бројам и мониторот кој исто така планирам да го купам. За него би одвоил околу 7000. Се на се, комплет, би сакал да завршам до 50.000 денари.

    2. Намена
    Никогаш не сум бил некој страшен гејмер, едноставно не ме бивало. Сум ги играл класиците, red alert, cs, gta, fallout. Е сега решив да се пробам во барем некои од новиве AAA игрици. Кога би го земал компјутеров, прво нешто што би инсталирал се CSGO, GTA 5 и CoD Warzone. За некој месец, да одморам со фрлање пари, би земал и други наслови што би ми фатиле око. За цсго и гта 5 знам дека компјутер од тој ценовен ранг нема да има проблем, ама би сакал warzone да лизга :D. Освен игрици, ќе биде употребуван стандард за дудук, интернет, word/excel. Во секој случај нема да се програмира, графички дизајни и остало.

    3. Плаќање
    Компјутерот ќе биде купен/склопен само од продавниците каде што даваат на рати. Анхоч/Сет/Нептун и ако има други. Разгледав по форумов и видов дека има многу фини дечки што склопуваат машиништа далеку поевтини и подобри од "гигантскиве" продавници за тие пари, но, за жал, ситуацијата ми е таква што би ми одговарало само плаќање на рати.

    4. Бонус
    Би сакал да е веќе комплетна конфигурација, мада како што видов по продавнициве, немаат никаков избор. Така да се повеќе се насочувам кон купување одделно компоненти, па јас ќе му барам чаре за склопување.



    Пред некој ден разгледував што понуди имаат нашиве по продавнициве, единствено нешто што ми фати око беше конфигурацијава на сликата. Кошташе рамно 40.000, идеално за мој буџет, затоа и направив скриншот. Е сега, беља работа, отворив на нептун да го проверам уште еднаш, го тргнале... Прашањето ми е, дали е океј конфигурацијава за парите? Чисто да знам што да барам. Во што да скратам, а каде да додадам. Или ако скроз нечини и ако имате 5 минути да одвоите, би било одлично да видам ваши предлози.

    Се надевам опфатив се во моите барања, ако не, тука сум да дополнам. Благодариме!
     

    Прикачени датотеки:

  2. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Баш ја постирав сликата во Понуди и попусти. Испод 40.000 без монитор. Е сега конфигурацијава не е можеби 100 посто идеална, ама сметам за твоите потреби е таман. Еден проблем... Не сум сигурен дека Нексио даваат на рати. Треба да прашаш. chrome_MQrU8tO2Zm.jpg
     
    The Geek Boy, Pane-G, stefan_off и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro
    Guru

    6,637
    9,307
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Само јас би сменил во B450 плоча и Nvidia 1660 графичка.
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Па можеби нексио ќе му излезат во пресрет за таква замена. Вреди да се праша.
     
  5. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Баш ја отворив темата, некој спомна дека се обидувале да продадат тоа што им останало од поодамна. Единствено ако ги сменат компонентите што ги кажа @Astro . Пошто искрено, тастатурава мање више битна, ништо не ми значи, радо би идеални компоненти за таа пара.
    Интересни предлози, фала ви и на двајцата, поручек ќе се јавам да прашам, и за рати плус. Ако не бидне, ќе барам друго чаре.

    Edit: а HDD нема конфигурацијавс? Или слеп сум. :D
    Edit2: Им се јавив сега. Дечкото поима немаше дека имаат таква понуда, ниту дали ќе прифатат на рати. Чекам позив од нив во текот на денот со повеќе инфо.
     
    Последна промена: 6 Април 2020
    На GoCe_ му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Ако не испадни ништо од ова. Од анхоч можеш слична конфигурација со b450 да склопиш за отприлика иста сума.
     
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    6,459
    7,442
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Јоктур залиха и јас сакав да го земам прошлата недела ама земав 2700х.

    Има во сет ама гуд лак да се разбереш со нив. По телефон ми вика типот имаш во ГТЦ Соравија салонот (тој не постои веќе), па испадна дека е тој карши анхоч. Отидов таму имале 2 парчиња ама двата им биле веќе во конфигурација (?) па да сум одел на Рузвелтова од понеделник. Срцки се.
     
    На borcep и SiPy` им се допаѓа ова.
  8. Vlad944

    Vlad944
    On your way to fame

    294
    539
    3 Март 2015
    Машко
    @Brendog каков кредит имаш ? Ако ти се парите од кредитна,подобро извади пари од нејзе и земи од форумов подобар ПЦ за поситни пари а банката ќе си ги направи ратите .Со ова ќе скратиш нерви и шетање по продавници па имало-немало на залиха итн.
     
    На Brendog му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Ова е доста добра опција ако имаш таква. Не мора да се замараш со продавници и да се натегаш. Плус со буџетот од форумов можеш далеку подобар компјутер да склопиш од проверени огласувачи како @gOJDO. Провери си ја и таа опција дали ти е во игра.
     
    На Brendog му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Не ми одговора така ич... Ги имам разгледано сите начини. Одма би зел од тука конфигурација, посебно го гледам @gOJDO по темите вади лудило машини за одлични суми. И сите задоволни. За жал немам таква опција, једино деновиве да ѕврцнам до банка и да преиспитам уште еднаш. :)))
     
    На GGTT1 и Banjifiko им се допаѓа ова.
  11. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Менувај банка ко така братче. И добро распрашај се, обично банките треба да нудат таква опција.
     
    На Brendog и gOJDO им се допаѓа ова.
  12. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    339
    164
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Ryzen 5 2600,8gb hyperx ddr4 3200/3000 mhz rtx 2060 1tb hdd и некое солидно напојување ке те кошта околу 43к.Можиш да провериш за деловите на Anhoch/Sетек.
     
    На Brendog му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Еве од прилика како склопив според ваши совети. Напојување го ставив најевтиното, воопшто не ги разбирам тие. Врти сучи испадна 46.000. Што да додадам, а што да скратам? А можда и да ми фали некој компонент.

    Edit: а другарче ми го склопи овој од 43.000
     

    Прикачени датотеки:

  14. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Режач? Љубопитен сум зошто? Замина во историјата таа технологија и работата со дискови пред 10 години. Само државна администрација бараат некогаш ЦД (факултети) бидејќи се закочени во времето. А за зачувување на информации има 100 пати подобри, поефтини и поиздржливи опции. Тоа ти е првото нешто што треба да го скратиш без мислење. Ти го угрдува компјутерот, зема место џабе и струја троши џабе.

    Исто така, во денешно време ПРВО, НАЈПРВО нешто што секогаш мора да оди во една нова конфигурација е БАРЕМ Сата ССД, па да не споменувам нВме. ССД-то има највпечатлив, најдиректен ефект кон перформансите на еден модерен систем. Мој совет, избриши се што имаш, стави ССД прво некое (хдд САМО за storage ништо друго) и потоа додавај се преостанато. Уште една забелешка: Ако немаш пари за напојување и куќиште, има комбо напојувања+куќиште што ќе ти бркаат работа.

    ССД-то е срцето на секој модерен компјутер. Секоја машина денес мора да има ССД пред сѐ.
     
    Последна промена: 6 Април 2020
    Astro, stefan_off и на Brendog им се допаѓа ова.
  15. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Не знам ни јас што сум се изглупирал со режачот. Ќе средам од ново. Тие пари за ССД ќе ги пренаменам. Другото е океј? Матична/процесор/графичка?

    Фала ти многу :))
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Good Luck, се надевам ќе најдеш ефтини и добри делови во ова никакво време.

    EDIT: Јако е колку што гледам куќиштето што си го одбрал не ни има BAY за режач. Куќиштата од последните години не прават bay за оптички драјв бидејќи не се продаваат повеќе.

    Инаку се ми изгледа ОКЕЈ, освен напојувањето. Некако 400 ватно (не ни знам дали е REAL POWER ова) како да не ми е доволно (ама мислам дека е). Види разгледај некои комбо куќишта со REAL POWER напојувања барем 500 вати... и ќе заштедиш и ќе бидеш сигурен дека ја имаш ватажата.
     
    The Geek Boy, Astro и на Brendog им се допаѓа ова.
  17. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    339
    164
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    За исти пари можиш со 2060-ка.
     
  18. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Ставив скоро 1тб ССД. Имам дома и 1тб екстерен, ќе го употребувам и тој за слики, видеа и тракатанци, ссд ќе ми е за игри. Мислам 1тб ќе е доволно. Напојувањето го сменив, мислам дека е во ред. Е сега за кулерот, нема да е доволен тој од процесорот? Ако не, ќе се снаоѓам понатака или крај краева ќе купам. Да издржи некој период барем со вградениот кулер. Е сега, го сменив процесорот, отидов на нешто послаб, да влезе во буџет. Океј е овој? За режач не ни праам муабет, не знам зошто сум го ставил првенствено хаха.

    Еве го другиот билд, рамот е 2x8gb, не се гледа на сликата.
     

    Прикачени датотеки:

  19. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    339
    164
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    Ова го направив набрзина,можиш да направиш некој измени,Вкупно кошта околу 44.500k
    Imgur
     
    На Brendog му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Со нејзе ми искача 53000... Ептен ќе ми се растегне буџетот, а морам и монитор да земам. Ја разгледував сабајле кога ја предложи. Срце сака, џеб не. :))
     
  21. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Си заборавил ССД xD
     
  22. Brendog

    Brendog
    Intern

    46
    36
    18 Септември 2016
    Машко
    Место HDD да ставам SSD и 2x8gb, ќе испадне 50 некаде. :D
    Ќе видам ако можам да скратам негде да ја земам 2060ката.
     
  23. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    339
    164
    22 oктомври 2016
    Машко
    Спиење
    16GB RAM и уште 250 GB SSD ке кошта +/- 50к
     
  24. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,081
    1,341
    26 Март 2016
    Даскал
    Подобро само ССД тогаш отколку ХДД. На екстерен ќе чува се друго.
     
  25. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    3,060
    4,344
    28 oктомври 2008
    Не баш... Се сложувам дека како медиум е веќе оддамна outdated, сепак, во мојата работа се случува да изрежам преку 2000 DVD дискови годишно. Се уште има побарување и за овој медиум. Додуше на за гејминг, но сепак... :)

    Ова е една од главните причини што не можам да си најдам некое кул куќаре за нов билд:(
     
Слични теми
  1. Nightingale
    Одговори:
    21
    Прегледи:
    1,951
  2. Шварц
    Одговори:
    30
    Прегледи:
    2,917
  3. spiritBreaker
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    520
  4. Goran995
    Одговори:
    66
    Прегледи:
    4,163
  5. Goosfraba
    Одговори:
    34
    Прегледи:
    1,312
Вчитување...

Сподели

Вчитување...