1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Гејминг конфигурација + монитор (помош)

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Goosfraba, 4 Март 2020.

  1. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Здраво Дечки/Девојки,

    Добредојдена е секаква критика околу компонентите шо ги имам одбрано.
    Ве молам совет за РАМ меморија што би одела најдобро со ова комбо.
    Оваа конфигурација би ја користел исклучиво за 1080п гејминг, се надевам дека е доволно добра за да се играат сите Типл А наслови на ултра сетинзи.

    Edit: Напојување имам од старото ПЦ EVGA 600W 80+ bronze
     

    Прикачени датотеки:

  2. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    831
    761
    26 Март 2016
    Даскал
    Ryzen сака брз рам. 2x8(16) на 3200 или 3600. G-Skill од Нексио имаат такви китови. Гледај со што пониски тајминзи, зависно колку ти се плаќа. Ако имаш буџет, збучи една 2060ка супер.
     
    На Goosfraba и Gaston им се допаѓа ова.
  3. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,653
    1,912
    25 Март 2013
    Машко
    За рам ти кажа Рики. За SSD јас би Crucial P1 од 1TB (види Нексио) хард диск само ако имаш ептен многу за back up или музика иначе не би купувал хард диск веќе.

    За графичка што и да купиш многу ќе паднат цените во наредните 7-8 месеци, така да колку е поефтина-помалку ќе изгубиш. Конзолите доаѓаат со перформанси на 2080 Super, а и графичките на АМД и Нвидиа ќе имаат 50+% раст на перформанси. На старо rx 580 од форумов ќе ти брка работа, потоа ќе можеш да си купиш RTX карта.
     
    На Goosfraba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. JellyfitzDMT

    JellyfitzDMT
    Intern

    56
    24
    19 Февруари 2020
    Машко
    RAM земи минимум 3000hz обавезно, во dual channel (2 стика).

    За 144hz мислам дека можеш значително помоќна картица да земеш ако скратиш кај ссд и хдд и матичната. Не сум експерт, но сметам нема потреба толку скап ссд за само 250 гига, а за матичната јас лично се одлучив за msi b450m a-pro ryzen max (<4k Anhoch).

    Јас исто за некој ден треба да земам конфигурација па доста истражував по нет. Многумина велат 1080п на 27“ монитор не изгледа баш најснајно.
     
    На Goosfraba и Tomislav96 им се допаѓа ова.
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    831
    761
    26 Март 2016
    Даскал
    1080п до 24инчи за мене лично. Се повеќе од тоа ги забележувам пикселите. Ако сакаш поголем монитор моја препорака да фрлиш некој денар за 1440п, ама во тој случај перформансите ќе ти паднат.
     
    На Goosfraba му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Astro

    Astro
    Guru

    6,422
    8,898
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Замени ја матичната плоча за Gigabyte Aorus PRO или Elite за 500 денри повеќе. Tomahawk не се сака со Ryzen 3600, многу луѓе пријавуваат проблеми и со Max.
     
    На Goosfraba му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,715
    2,335
    14 Декември 2010
    Машко
    Графичка земи или 5600 XT (иста цена а осетно подобра) или намали на 1660 Super (доста поефтина а со скоро идентични перформанси). Можеш и некоја во класа на 580 на старо па да почекаш за нови, ама имај во предвид дека mainstream - mid range картите обични излегуваат неколку месеци покасно. Во случајов ако RTX 3070/80 излегуваат за некој месец никој не ти гарантира дали хипотетичките 3060/50 ќе излезат на лето или есен, па можеби нема да има залиха долго време... и ќе ти помине меракот од толку чекање :)
     
    На Goosfraba му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Вака нешто? Гледам дека се околу 2000 ден разлика. Ак е бал нек е маскембал за 2000 ден :D. А за рам и јас се мислев за г скил така да обавезно ке разгелдам таков вид на рам.
    Anhoch PC Market Online - MSI GeForce RTX 2060 VENTUS XS 6GB OC GDDR6 HDMI/3xDP DX12 TORX Fan 2.0
     
  9. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Фала ти друже многу. Баш се мислев дали да ја одложам графиката и после ова дефинитивно ке ја одложам. Имам графичка од старото ПЦ GTX 760 OC од гигабајт или ке протуркам со нејзе или ке купам RX 580 на старо. А за хард диск и генерално сите делови морам да ги купам од Анхоч (имам голем попуст таму).

    Anhoch PC Market Online - SSD M.2 2280 Kingston A400 240GB SATA3
    Anhoch PC Market Online - HDD 3.5" 2TB Seagate Barracuda SATA3 7200RPM 256MB

    Да одам на оваа комбинација ? Поефтино m2 ssd и некако мн ме влечит ова хдд на seagate сепак 7200 обртаи со 256 кеш. Кажете некој искуство ако сте користеле вака на хартија ми гледат како солидно. А и ако продолжат игриве во иднина да ги зголемуваат ке морат повеке простор.
     
  10. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Другар мислам дека херците немет никаква врска со мокњоста на графичката. Не знам ако грешам поправете ме. А големината на екранот играт голема улога немам до сега искуство со 27 инчи на 1080п секогаш сум користел 24 инчи макс. Сакав да земам поголем екран ама изгледа мало сутра. Според горе напишаново изгледа ова би било подобра опција:

    Anhoch PC Market Online - Monitor 24" MSI MAG241C LED Gaming 1ms, 144Hz, USBx3, HDMIx2, DP, Curved

    EDIT: Мониторот што го имам јас одбрано иначе е 165 херци затоа и се залетав за него.
     
    Последна промена: 4 Март 2020
  11. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Се знам шо лајно сум ке требит кредит да земам за 1440п гејминг. Ај мониторие шо се скапи и графичкиве се скапи. Па ајде после ке сакам подобра матична за во случај да сакам да го надоградам во иднина, па ајде I7 процесор. После то периферија ваква таква и оп заминавме над 80к. Никој никаде :D.
     
  12. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Другар еве шо најдов во анхоч. Како шо кажав и претходно морат да се од таму сите компоненти купени заради попуст.

    Еве шо е предходно од наведената матична:
    Anhoch PC Market Online - MB MSI B450 GAMING PLUS MAX RYZEN DDR4-4133+ USB3.2 DVI/HDMI
    Anhoch PC Market Online - MB MSI B450M A-PRO MAX RYZEN DDR4-4133+ USB3.2 DVI/HDMI

    А еве шо е следно:

    Anhoch PC Market Online - MB MSI X570 A-PRO RYZEN DDR4 4400+MHz PCIe4.0 USB3.2 Gbit LAN
     
  13. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,532
    1,184
    2 Јануари 2012
    Би требало се што се произведува во Кина или зависи од кинеско производство да поскапи наредниов период.
     
    На Goosfraba му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Фала ви на сите уште еднаш за коментариве за графиката. Ме премисливте ќе си чекам да излезет новите графички. А за чекањево сигурно нема да дочекам уште 6 месеци, највероватно ке земам нешто на старо како 580. Само не знам како се со драјвери, дали се средија или уште се ко пред 10 години?
     
  15. Goosfraba

    Goosfraba
    Intern

    11
    1
    18 Март 2016
    Машко
    Добив информација дека сите компоненти ке поскапат заради Корона вирусов.
     
    На Mao му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,422
    8,898
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Anhoch PC Market Online - MB Gigabyte B450 AORUS PRO AM4 DDR4 3200MHz OC SATA3 2xM.2 USB3.1/Type-C HDMI/DVI
    Anhoch PC Market Online - MB Gigabyte B450 AORUS ELITE AM4 DDR4 3200MHz OC SATA3 2xM.2 USB3.1 HDMI/DVI

    Ги немаат на лагер ама ќе ги добијат наскоро, тие им се продаваат како алва, нон стоп носат нови залихи.
     
  17. JellyfitzDMT

    JellyfitzDMT
    Intern

    56
    24
    19 Февруари 2020
    Машко
    So 144hz монитор значи ќе можеш да гураш до 144fps затоа ти препорачувам помоќна графичка.

    Амд карта и freesync 144хџ монитор ти е најбоље комбо. Нема толку да ти се приметуваат падови на фпс.
     
  18. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Practice makes perfect

    1,653
    1,912
    25 Март 2013
    Машко
    @Goosfraba без разлика што имаш попуст јас би земал друг ssd. Kingston A400 го имам и јас на постар лаптоп ама не ти е за конфигурација како твојата на ново.

    @DarthJe5us Да, ќе поскапат периодов бидејќи јануари и февруари работеа со многу мал капацитет, но полека се враќаат во нормала. Е сега ако вирусов ептен прогресира може да бидат и доста поскапи, ама мислам дека ќе се среди.
     
  19. DarthJe5us

    DarthJe5us
    Practice makes perfect

    1,532
    1,184
    2 Јануари 2012
    Фрисинк и нвидиа ;)
     
  20. JellyfitzDMT

    JellyfitzDMT
    Intern

    56
    24
    19 Февруари 2020
    Машко
    Како што знам многу се ретки мониторите каде ова е можно, од кои 0 се достапни во мкд. Исправи ме ако грешам, бидејќи и јас би разгледал ваква опција.
     
  21. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    831
    761
    26 Март 2016
    Даскал
    Сите freesync Монитори можат да уклучат VRR на нвидиа карта, некои самошто се проверени од страна на нвидиа за тоа, а тие што не се во ретки случаи јавуваат проблем кај одредени апликации/игри или во windows околина. Јас имам freesync монитор којшто НЕ Е проверен и одобрен од нвидиа ама пак си тера freesync како што треба.

    Повели упатство. Значи напоменувам пак: СИТЕ freesync Монитори можат да уклучат VRR на нвидиа карта само кај неодобрените freesync може да се појават некои проблеми:

    How to enable "Adaptive-Sync" (Freesync) if you have the latest driver (417.71) : nvidia

    Повели уште поважна листа каде скоро сите freesync Мониторите се тестирани од заедницата (за тие што не се тестирани од нвидиа). Во посебни табови долу ќе ги најдиш и нивните искуства за како работи:

    Lista de monitores

    ЕДИТ: Другар батали АМД карта. Нвидиа пружа далеку подобро гејмерскo искуство со технологии како DLSS коишто вадат и до 30-40 проценти повеќе перформанси во некои случаи. И да не го работиш RTX-от, можеш да си уклучиш DLSS и да играш како треба. Ни да се нервираш со драјвери ни ништо. Нвидиа не се интел со турнати гаќи да ги начекаат. Внимателно исчитај ја статијава и изгледај го видеото за DLSS 2.0:

    Nvidia DLSS in 2020: Stunning Results


    "The performance gains we see with each RTX GPU are fairly consistent across the board. When visual quality is made roughly equal, DLSS is providing between 33 and 41 percent more performance, which is a very respectable uplift."
     
    Последна промена: 5 Март 2020
    На JellyfitzDMT му/ѝ се допаѓа ова.
  22. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,795
    3,264
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    офтопик малку: 1080п не изгледа најсјајно, јас ја имам таа комбинација дома. секогаш препорачуваат:
    1080п на 24 инчен
    1440п на 27 инчен
    4к на 32 инчен
     
    JellyfitzDMT, mviktors и на Rikimaru им се допаѓа ова.
  23. deadpool

    deadpool
    Intern

    13
    5
    31 Декември 2018
    Не се залажувајте толку со DLSS затоа што е нормален upscale. AMD во моментов нуди подобра варијанта со Radeon Image Sharpening без губиток во перформанси. Нека не те наведуваат само на Nvidia поради одредена технологија која не функционира како што треба и моментално немаат доволна моќ за ray tracing. Сега поради подобра конкуренција од AMD, ќе има подобри цени и многу појаки перформанси од двете страни така да почекај и не брзај, па разгледај ги опциите подобро.
     
    На JellyfitzDMT му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Rikimaru

    Rikimaru
    On your way to fame

    831
    761
    26 Март 2016
    Даскал
    1. Не е нормален upscale. Уклучи нормален upscale и уклучи DLSS 2.0 во иста игра и молја те пушти ми резултати. На едното на пола ќе ти се сечат перформансите, а на второто ќе добиеш до 50 проценти повеќе перформанси. DLSS е DOWNSCALE од нативна во помала резолуција која подоцна со Deep Learning (DL-SS) алгоритам ја прави да изгледа како нативна со огромни придобивки во перформанси. Повели четиво:

    What Is DLSS and Should You Use It In Games

    Исто така прочитај ја статијата за DLSS 2.0 и ќе видиш дали имаш губиток на перформанси и квалитет. TL/DR: Немаш. Значи зборуваме за DLSS ДВА НУЛА, се менува технологијата секој ден и можеби летото си читал статија дека Radeon Image Sharpening е подобар од DLSS меѓутоа тоа беше првата верзија на DLSS. Radeon Image Sharpening работи на ист принцип, т.е. ја downscale-ова резолуцијата и со постпроцесинк ја изострува како друг нов вид на antialiasing.

    2. Технологијата за којашто зборував т.е. DLSS 2.0 функционира како што треба и му напоменав не мора да уклучува RTX бидејќи знаеме нема доволно сила на послаби карти.

    3. Подобра конкуренција од АМД ќе има да и тие ќе воведат нивни raytracing, ама ќе биде послаб и неоптимизиран во споредба со RTX 2.0 бидејќи тоа е нивна прва верзија на ваква технологија а нвидиа ќе вади втора итерација на RTX и искуството и грешките секогаш раѓаат квалитетен и оптимизиран продукт. Така што, џабе ќе споредуваме нови карти во сирова моќ, се ќе зависи од тоа колку нивните postprocessing алгоритми се оптимизирани (моментално DLSS 2.0 е подобар) и колку RTX-от им е оптимизиран. Нвидиа апсолутно без никакви сомнежи ќе ги добие на тоа поле со RTX 2.0.

    И јас сум да почекаш за нова карта @Goosfraba . Јас чекам 3080ка Поради RTX 2.0 и повеќе сирова моќ. АМА, ако земаш сега карта, НВИДИА е подобрата опција бидејќи немаат проблеми со драјвери и DLSS-от е подобрата од двете решенија.
     
  25. deadpool

    deadpool
    Intern

    13
    5
    31 Декември 2018
    1. Ќе проверам подобро, но ако е подобрено сепак тоа е благодарение на конкуренцијата инаку ќе останеа на DLSS 1.0 :)
    2. Немаат сила ниту поскапите карти во моментов за кое ќе биде евидентно и те како со излегување на новите картици од двете компании и новата генерација на конзоли.
    3. Од каде гаранција дека AMD нема да изненади со добра ray tracing технологија? Лиса Су, изјави дека сеуште технолошки не сме спремни за ray tracing кога излегоа RTX картиците и со право. Но, со имплементација на технологијата и во новите конзоли, тврдењето дека AMD ќе го изведат полошо од Nvidia поради неискуство, се само претпоставки. Можно е да биде изведено со инфинити фабрик и да бидат поврзани со ray tracing чипот. Трпение спасение, па ќе видиме што се готви :)
     

Сподели

Вчитување...