• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Gateway 2000 P5-75 (реставрација)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Lazarko

Practice makes perfect
28 ноември 2017
325
1,109
Благодарение на член на форумов – @masterwu , еден прекрасен Gatеway 2000 – p5-75 „падна“ во мои раце. Во следниов текст, се надевам ќе ви доловам какво задоволство ми претставуваше „реставрацијата“ на оваа вредна машина. Сакам уште еднаш да му се заблагодарам на Masterwu за неговиот фер и пријателски однос.

Опис на машината:
GATEWAY 2000 INTRODUCES 75MHZ PENTIUM-BASED FAMILY PC; MULTIMEDIA SYSTEM WITH VIVITRON MONITOR NOW AVAILABLE FOR - $2,499 (Оригиналната цена на компјутеров)


CPU - Pentium I – 75mhz (50mhz buss speed, 3.3V)

Motherboard – Intel 586 PCI motherboard, Zappa P54C-PCI Triton, Три ISA, Три PCI, 2 PS/2, Ami Bios, 4 слотови за EDO Ram, BABY-AT формат.



Меморија – Оригинално компјутерот доаѓал со 8 или 16 мега рам, но сопственикот го надградил со 32 мб рам. Јас порачав две плочки по 32 мега од Ebay и сега имаm 64 мб рам. WOHOO!

HDD – Компјутерот доаѓал со неверојатни 730 мега хард диск, но оригиналниот диск бил одамна заменет со друг. Јас ставив 20gb Quantum Fireball Ide, со EZ-DRIVE overlay, затоа што компјутерот оригинално подржувал максимум од 2.1 гига, а со најновиот биос до 8.4 гигабајти.

Графичка – Matrox Mistique со 2 мега рам. Мислам дека оваа графичка не е оригиналната, туку подоцна купена како надоградба. Оригиналните системи доаѓале со S3 Trio графички карти.



Звучна – Vibra 16, so Yamaha OPL3 кој го дава оној уникатен миди звук под дос. Каков само наплив на носталгија е кога ќе се пушти Duke Nukem, Curse of the Monkey Island, Hexen, Indiana Jones, NFS1 или Doom 1 и ќе се чуе музиката. (системите имале опција и за надградба до Creative Аwe32 за 400$ плус! )



Мрежна – 10 МБ Realtek 8029, BNC и Rj45 комбо.

Монитор – Gateway Vivitron 1572 (со Sony цевка CPD-15F13)



Bios – Оригиналниот биос беше верзија "1.00.03.BS0T", но јас го надоградив до „ 1.00.11.BS0T“ и сега кога се подига компјутерот има и „Gateway 2000“ лого.

По се изгледа, компјутерот не бил влкучуван повеќе од 15 години и кога пристигна во мојот дом беше во многу лоша состојба што и може да се очекува од толку стар PC, но тоа не е вина на претходниот сопственик. Мониторот беше во своето оригинално Gateway пакување што многу ме израдува.



Одкако внимателно го расклопив и го разгледав, решив да го исчистам до последното шрафче и токму така направив.





//Тука веќе добива ново флопи и цд-режач:




Картичките, каблите и хард дискот ги извадив, а потоа со компресиран воздух и со правосмукалка го исчистив од прашина. Потоа следеше истата процедура околу напојувањето, внимателно со четка да се отстрани калта и прашината.
Откако тоа се среди, со алкохол многу внимателно го исчистив металниот дел и пластиката, а потоа со универзално средство и компјутерот конечно засвети. Прекрасен компјутер, временска машина, носталгија, убавини.



 
Последна промена:

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
686
558
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Баш ми е мило што компјутеров заврши кај мераклија! Јас со него пораснав, good times :D Се надевам после реставрацијава ќе биде функционален уште долги години. Great job!
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

Lazarko

Practice makes perfect
28 ноември 2017
325
1,109
Дали е она IBM Model M на последната фотографија?
Да, од 1988 година, произведена во UK, за Хрватски пазар. Со неа реставрацијата не ми успеа во потполност. Кога ја најдов во еден подрум кај познаник, беше тотално во кал и прашина. Иако се трудев да ја поправам, сепак неколку копчиња не работат. Сакам од Unicomp да земам делови за да ја оспособам целосно, ќе видам што ќе направам. Многу пари се деловите :(
 

HardCorec

Unbeatable
4 ноември 2013
3,361
4,846
HardCorec's setup  
Processor & Cooler
Intel i7 4790
Motherboard
Asus B85 Pro Gamer
Storage
SSD Kingston 240 & 480gb
PSU
Cooler Master B500
RAM
HyperX Beast 4x4gb 1600mhz
Video card
Radeon RX570 4gb gddr5
Case
Cooler Master HAF
Mouse
Asus Echelon
Keyboard
Cooler Master Storm
Monitor
Philips 276E
OS
Windows 10 Pro 64bit
Со каква љубов е средена машинава, браво другарче, секоја чест!
 

damil

On your way to fame
2 јануари 2015
846
909
А што правите со компјутериве не разбрав?
Ова греота струја да троши, .mp3 сецка на 75MHz !
 
S

Sukhoi

Гостин
А што правите со компјутериве не разбрав?
Ова греота струја да троши, .mp3 сецка на 75MHz !
Нема што да се објаснува, за мераци не се прави муабет :)
Секоја чест за постов, ме потсетивте на пентиум 2-ката што порано ја имав. Еден ден би сакал да составам па таков пц и сам да инсталирам OS преку флопи :D
 

masterwu

On your way to fame
11 февруари 2016
686
558
Струга
masterwu's setup  
Processor & Cooler
Intel i5 6600K, Cooler Master Hyper 212 EVO
Motherboard
Asus Z170 Pro Gaming
Storage
Samsung 840 Evo 250GB, 2TB WD Caviar Blue, 640GB WD Caviar Green
PSU
Cooler Master V550S
RAM
16GB (2x 8GB) G.Skill Ripjaws V DDR4 3200MHz
Video card
Asus Strix GTX 970
Case
Cooler Master CM690 III
Mouse
Logitech Proteus Core G502
Keyboard
Das Keyboard Model S (MX-Brown switches)
Monitor
Dell UltraSharp U2410
OS
Windows 10
Уште да ми текнеше како се викаше фирмата што ги увезуваше (кратко време)...
Имаше налепница од фирмата на кутијата од мониторот, го прочитав името кога му го праќав компјутерот ама ете заборавив што прочитав :D Стоеше и налепницата од DHL со тракинг бројот. Orlando Airport to Skopje airport :D
 

Pane24

Unbeatable
31 октомври 2012
4,918
4,312
Ethermine
www.facebook.com
Обожавам вакви ентизијастички проекти со антички компјутери. Лично јас сум љубител на стари антички телефони , компјутери и конзоли. Исто и јас се занимавам со овакви реставрации. Исто така поттикнувам вакви почести проекти.
 

psyside

Rising Star
4 септември 2008
27,861
28,807
psyside's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 5 [email protected] + PCCooler X5
Motherboard
Asrock B450 HDV
Storage
970 EV0 Plus 500GB
PSU
Evga 750W BQ
RAM
2x8GB Hyper X [email protected] 3200
Video card
Asus RTX Dual EVO 2060 Super
Case
CM Masterbox E500 with ODD
Mouse
Cooler Master Storm Spawn + Corsair 140/Zalman ZM-F4
Keyboard
Logitech G910
Monitor
Asus PA328Q Pro Art
OS
WIN 10 Pro X64
@Lazarko, нов член на годината so far, ѕвер!!!!

Иде важна!
 

Chicco69

Unstoppable
21 април 2016
612
2,807
Последна промена:

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,789
9,193
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
Браво, одличен пост. Потруди се да ја оправиш тестатурата. Мал мрч во однос на флопито: белата боја не е баш иста со онаа на куќиштето, пробај офарбај го да биде во ист тон (ова ми изгледа ја сменило бојата заради староста во беж). Патем речено, колку те чинеше ова задоволство?

Планирај во иднина и надградба со Voodoo графичка, за гејминг .)
 

kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,347
3,697
Скопје
Токму така. Имаа погон/магацин во Ирска и од таму ги праќаа.
Али беа тежок сноберај на времето. Нешто као Samsung S9+ сега. :cool:

@Lazarko
Секоја чест за постов, враќа спомени на едно убаво време...
Уса--мак продаваа Compaq. Други беа овие за Gateway
 
  • Ја почнал/а темата
  • #22

Lazarko

Practice makes perfect
28 ноември 2017
325
1,109
Браво, одличен пост. Потруди се да ја оправиш тестатурата. Мал мрч во однос на флопито: белата боја не е баш иста со онаа на куќиштето, пробај офарбај го да биде во ист тон (ова ми изгледа ја сменило бојата заради староста во беж). Патем речено, колку те чинеше ова задоволство?

Планирај во иднина и надградба со Voodoo графичка, за гејминг .)
Мало гајле за флопито, ќе излезе некое бело од некаде. Тастатурата тешко дека ќе се оправи. Backplate-от е рѓосан и мислам дека без замена на целата внатрешност нема да се врати во живот. Можам да го задржам само SDL кабелот, дуплите типки и пластиката. Проблем е во тоа што дури и со нова тастатура на Unicomp:



-не може да се замени пластиката, не е компатибилна. Исто така, треба да се направи и мод на Ледовите горе десно:

Unicomp, Inc.: LED Overlay

Така, мислам дека подобро е да се соберат тие проклети 200 евра и да се купи една асална 1391401 (white label) Model M од Ebay. По овој парт намбер, доаѓаат таканаречените "Blue Label," кои се со понизок квалитет и не се со detachable cable. Најлоши (иако и овие за денешниве тастатури се тата-мата) по квалитет се тастатурите правени од Lexmark и овие можат да се најдат и по 80-100 евра.

3dfx VooDoo 1 за жал немам, ама ќе купам некој на ebay ако начекам. Не се многу скапи.

Имам 2 x Voodo 2-ки и ги терам со пентиум 3 конфигурација, иако многу сакам да најдам некоја бренд PII машина и да ги ставам таму.

 

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,789
9,193
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
Voodoo 1 на времето не можев да си дозволам, беше add-on карта за која беше потребна веќе постоечка карта за 2D. Потоа некако успеав да прикрпам за Voodoo Banshee и Nvidia Riva TNT. Ама не се заборава тој прв исчекор што го направи 3dfx со Vodoo1. ID soft-овиот Quake беше ден и ноќ на Voodoo 1, се дремеше по играчници.

Веќе со Unreal Tournament кој излезе едно 2-3 години после Quake, 3D графички полесно се наоѓаа кај нас (Riva tnt, tnt2, vodoo banshee итн). Првата генерација беа тешки егзотики кои се нарачуваа од надвор.

Тој технолошко транзиционен период, 1997-2003 мислам кај многу луѓе од мојата генерација ('81-82), +/-5 години, се покажа како најинтересен од повеќе аспекти. Пред 1997 се дремеше по флиперници, кој како на C64, ZX Spectrum, па 286-ки, 386-ки, и некаде 1996-7 се забрза цел процес и адаптација на технологијата.

Уште се радувам на 3dfx Voodoo 1 sli, повеќе него ли на најнова 1080ti. :)

Лично, прв допир со пц ми беше со ZX Spectrum кај другарче (и бројни саати утепани расправајќи се со касетофонот да упали..), па 286ка кај друг другар, па 386ките во Народна техника (денес е факултет за туризам на таа локација мислам карши тц Лептокарија), па првата машина што година дена ја молев од моите (486dx2 66mhz) и бројните надградби на истата (рам, cd-rom, звучна, графичка...), после intel HX со 166mhz, па скок до AMD Duron 700mhz > Thunderbird 1400mhz -> Opteron, и Core2Duo > C2Quad ... и престана веќе да биде интересно :)

Ова го прескокнав само:
 

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,050
4,310
SK
... 386ките во Народна техника (денес е факултет за туризам на таа локација мислам карши тц Лептокарија)
386ки! Пффф, разгалени сте вие помладите.

Куцање едноставна игра во Бејзик, на Pecom 64 од Ei Niš, во Народна Техника. Тоа ми беше првиот контакт со копјутерите. :carefree:

Еве го ѕверот:


Сега ѕирнав спецификации, процесор на 2.8MHz, 16KB ROM и 32KB RAM, дисплеј со 240x216 со 8 бои (ама мониторите во Народна техника беа монохроматски). Спејс шатл на времето. :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,142
Мислења
839,336
Членови
29,054
Најнов член
Bojanco123
На врв Дно