Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Гасење на плоча од шпорет

LambertGolden

Gaining Experience
4 декември 2019
243
98
Здраво дечки, сакам да изгасам 2 од 4те плочи на шпоретот бидејќи не се користат, а кујна ко кујна се ставаат рандом ствари на нив, па се случува некој да ги запали по грешка и да почнат да горат работи.
Колку е комплицирано и дали можат да се исклучат?
Се работи за Горење од старите.
 

dashbog

On your way to fame
24 јуни 2008
474
663
dashbog's setup  
Processor & Cooler
i5 6500
Motherboard
Asrock B250 Pro 4
Storage
1TB NVME + 3TB HDD
PSU
Cooler Master 650W
RAM
8GB
Video card
RX580 8GB
Case
SAMA Yuhui
Mouse
Logi M310
Keyboard
Logi K540
Audio
Logitech Z333
Monitor
Dell 27"
OS
Windows 10
Отвори го и барај каде се каблите и исклучи ги тие две рингли. Штом е стар шпорет не би требало да е комлицирано.

Ако не можеш сам викни го Симо да ги сече.
 

Паланчански

On your way to fame
18 август 2019
841
754
Ти требаат основни познавања од електрика. На секоја плоча треба да одштекаш (и изолираш) по две жици (фаза и нула). Ништо повеќе.
 

marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.606
5.308
Здраво дечки, сакам да изгасам 2 од 4те плочи на шпоретот бидејќи не се користат, а кујна ко кујна се ставаат рандом ствари на нив, па се случува некој да ги запали по грешка и да почнат да горат работи.
Колку е комплицирано и дали можат да се исклучат?
Се работи за Горење од старите.

Имаш две опции. Да откачиш, обележиш (сликаш), и изолираш по 3-4 жици на секоја од ринглите што сакаш да ги исклучиш. Изолирај со термо резистентна изолација или со термо црево, пошто со обичен изолир кој од топлината на рерната ќе попушти ќе направиш беља.
Втора опција е да исклучиш на ниво на копчето за бирање на јачина пошто тука само една жица треба да исклучиш, влезната фаза која на позиција 0, би бил единствен контакт на кој имаш напон, а уште подобро и нулата. Изолација исто како горе..

Опција Еден
ringli.JPG

Опција Два
greben.JPG

Ти требаат основни познавања од електрика. На секоја плоча треба да одштекаш (и изолираш) по две жици (фаза и нула). Ништо повеќе.
Кога би биле само 2 (две) арно би било.
 
Последна промена:

Паланчански

On your way to fame
18 август 2019
841
754
Кога би биле само 2 (две) арно би било.
Колку жици доаѓаат до прекинувачот? Може да се заврши работа и со една жица, ама ако приклучокот е монофазен може фазата (наместо нулата) да остане приклучена, а нема потреба.
 

marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.606
5.308
Колку жици доаѓаат до прекинувачот? Може да се заврши работа и со една жица, ама ако приклучокот е монофазен може фазата (наместо нулата) да остане приклучена, а нема потреба.
До прекинувачот доаѓаат најчесто 2, но твојот оргинален пост беше колку доаѓаат до ринглата (плочата), а таму не стигаат само 2 жици (со исклучок на оние експрес ринглите како за кафе кои имаат за мо 2 положби 1/0). А ова со оставањето на фаза приклучена и демек нема везе ако бил монофазен, нема да коментирам (до тој што ќе чепка: не така, секогаш се прекинува фаза, а најдобро и фаза и нула).
 

Паланчански

On your way to fame
18 август 2019
841
754
А ова со оставањето на фаза приклучена и демек нема везе ако бил монофазен, нема да коментирам (до тој што ќе чепка: не така, секогаш се прекинува фаза, а најдобро и фаза и нула).
Баш ова треба да го коментираш. Ако ја исклучиш само фазата, а потоа го свртиш утикачот на штекерот, што добиваш?

Инаку мојот првобитен пост може да се толкува и онака како што ти го сфаќаш. Не нагласив дека за секоја рингла (две во случајов) треба да се исклучат жиците од прекинувачот.
 

marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.606
5.308
Баш ова треба да го коментираш. Ако ја исклучиш само фазата, а потоа го свртиш утикачот на штекерот, што добиваш?

Инаку мојот првобитен пост може да се толкува и онака како што ти го сфаќаш. Не нагласив дека за секоја рингла (две во случајов) треба да се исклучат жиците од прекинувачот.
Затоа си постојат и стандарди и за како се приклучува шпорет, па и утичница, па да се знае и фаза каде е, и да не си играш играчки со струја. Колку често кај шпорет ти го исклучуваш и уклучуваш штекерот? А и за тоа има спас, како веќе реков, најдобро исклучи и фаза и нула.
Инаку, плоча кај шпорет значи рингла, и тие имаат повеќе од 2 жици, па ти како сакаш разбери го, сфати го и толкувај го твоето писание.
Мислењето е автоматски споено:

Најдобро повикај пријател.
Тоа е тоа, по можност електричар.
 

marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.606
5.308
Некогаш е доволно само еднаш.
Затоа секогаш прекинуваш, местиш, и монтираш како треба, а не како рекле некои пред кооперација со муабетот ама ако го свртиш штекерот. Ај на шпорет сврти штекер ако е врзан трифазно како треба бај д бук.

Sent by ME using Tapatalk
 

maci

On your way to fame
2 април 2008
3.305
893
не чепкај ништо со каблите после кога ќе ти требаат нема да можеш да се снајдеш да ги вратиш како што биле

извади ги копчињата ако не сакаш да ги ги активираат ринглите
или залепи ги со креп трака или пиши/обој ги со маркер да не се пуштаат
 

Astro

Illuminator
20 јуни 2012
9.763
15.402
не чепкај ништо со каблите после кога ќе ти требаат нема да можеш да се снајдеш да ги вратиш како што биле

извади ги копчињата ако не сакаш да ги ги активираат ринглите
или залепи ги со креп трака или пиши/обој ги со маркер да не се пуштаат
Ова!
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
49.356
Мислења
1.010.203
Членови
36.676
Најнов член
Kazanizam
На врв Дно