1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Гарантни листови од нашите ИТ продавници

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Banjifiko, 17 Јануари 2016.

  1. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,953
    4,190
    28 oктомври 2008
    На форумов има неколку теми за одредни ИТ продавници (фирми), па читам: имале овакви или онакви гарантни услови, една гаранција кога ќе купиш друга кога ја искористуваш, и слично. Ми дојде идеја за тема каде што ќе можат да се споредат гарантните листови што ги добиваат крајните купувачи, да се види која продавница колку и како ги заштитува своите купувачи. Бидејќи лично купувам само од две продавници, еве ги нивните актуелни гарантни листови, кои ќе приметите се ептен слични и стандардизирани.

    Анхоч (CPU i7 4790K)

    001.jpg

    Сетек (Asus GTX970)

    002.jpg
     
    Последна промена: 17 Јануари 2016
    На kirev, StalkeR, Mr.Jack и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mr.Jack

    Mr.Jack
    Gaining Experience

    613
    342
    9 Февруари 2008
    Не ги отвара сликите
    edit: добро е сега :)
     
    Последна промена: 17 Јануари 2016
  3. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,181
    3,537
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Зошто не е прикажано за што компонента станува збор? Не сум приметил, има разлика во гарантниот лист во зависност од компонентата?
     
  4. STEFF

    STEFF
    Unstoppable

    1,386
    2,161
    4 Јули 2013
    Нема разлика, баш сега проверив за Анхоч и Сетек исти се условите.
     
  5. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Кој е по френдли Анхоч или Сет кога станува збор за гаранции?
     
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,719
    3,158
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Anhoch дефинитивно е пофрендли него оние шупаците од сет
     
    Can4sta, marto, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  7. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,371
    2,444
    9 Февруари 2011
    :supershock:

    АМЦ!
     
    На Speedy, causevd, Bazinga и уште 3 други им се допаѓа ова.
  8. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,953
    4,190
    28 oктомври 2008
    Ако имаш некоја гаранција постирај ја да споредиме:)
     
    На Gaston му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,371
    2,444
    9 Февруари 2011
    Друже, само се шалев.
    Не сум влегол во АМЦ ни да се проашкам.
     
    На Speedy, FLEGMA, goce03 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Немој АМЦ да ми го спомнуваш, пред точно 10 години ме заебаа за монитор со мртви пиксели, па доплаќав уште како за еден + нов за да нема мртви пиксели.
     
  11. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Немој да се шалиш за вакви работи, некој озбилно ќе свати и ќе се покае.
     
    На maci му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,371
    2,444
    9 Февруари 2011
    Па нема ваљда некој до толку луд да иде да купи било што од таму...
     
    На dimsa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Chiller

    Chiller
    Gaining Experience

    474
    176
    8 Март 2012
    Машко
    Има, има да не беше така до сега ќе затвореа. :)
     
    На maci му/ѝ се допаѓа ова.
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    3,059
    3,488
    18 Април 2007
    Јас колку што се разбирам гаранциите се диктирани со закон.

    Фирмите можат и да не ти дадат гаранција, ама законот е правно над нив, така да законските услови би важеле.

    Нека ме поправи некој ако грешам.
     
  15. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,564
    3,505
    11 Декември 2008
    Машко
    Да. Во гаранциите може да пишат и дека ако ти се расипе ќе дојдат дома и ќе ти ја земат куќата, ама затоа има со закон диктирани обврски на продавачот и права на купувачот.
     
  16. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    347
    254
    13 Март 2015
    Машко
    Кога сме веќе кај гаранциите.Пред 3 дена земав шпорет од сетек и денес го монтирам и уклучувам и истиот не работи.Кои се условите.Можам истиот да го вратам и да си земам веднаш друг или морам да го оставам на сервис.Како беше законот ако може некој да ми подобјасни.

    Знам дека имаше некаде на форумов,имав и читано ама неможам да го најдам тука.
     
  17. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,759
    4,314
    20 Февруари 2011
    Машко
    Можеш комотно тој да го вратиш и да си бараш пари назад или друг производ :)
     
    На viktorce и kirev им се допаѓа ова.
  18. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,255
    4,445
    18 Септември 2013
    Машко
    Многу мрчите. Сум имал и позитивно искуство со сервис на АМЦ, и негативно со АНХОЧ. До душа ете два од последните производи шо ги земав од Анхоч беа чкарт. Скарт и струен кабел двожилен. Кабелот беше со потенки жици а као напишано иста ампеража и волтажа ко оригиналниот кабел што го имам - таков кабел ми се има слеано порано така да ју гет д поинт. Скартот се распадна при прво вадење (не не сум трол, внимателен бев). Али за евтини производи не ми беше ни гајле, само морав да нарачувам од Логинг сеа а од нив испоракава пола недела ете трае :)

    Сум имал и многу позитивни со Анхоч секако. И со сет. И негативни со Сет...

    Искрено како им е денот е работава со македонскиве фирми. Со Мебиус воопшто не сум имал работа (неам купено до сега ништо од нив).

    Со ДД Стор исто се си било супер до сеа.

    За гарантни листови можда ќе ископам некои од горенаведениве фирми.
     
  19. viktorce

    viktorce
    Gaining Experience

    347
    254
    13 Март 2015
    Машко
    Да пρодолжам од погоρе.Го однесов шпоρетот во сет и луѓево,ме насамаρија деκа му фалело делови и да сум им ги вρател па дуρи тогаш ќе ми го замениле.а Се што ши е дадено им однесов.Тешκи пρеваρанти да ти биле сет.Ми дадоа ρасипан шпоρет
    и сега се κρијат и лажат κаκо пи*κи
    Велат аκо сум ги изгубил може да ми го пρифатат за 40% од цената и да си доплатам уште 60% за нов. Не знам дали да се смеам или да плацам
    што постојат ваκви феκалии од фиρми.моја нога веќе κај овие не влегува.Сет се κρиминалци и лажговци.за шпоρет κој не ρаботеше
    ни една минута ми κажуваат деκа ќе ми го отκупат за 40% и да доплатам за нов.Па заρ има и таκви будали κои ќе платат κога веќе еднаш биле поебани.бојс енд гρлс подалеκу од овие.ќе си останете и без паρи и без ρоба
     
    Последна промена: 21 Јануари 2016
    Psycore, Krkac и на goce03 им се допаѓа ова.
  20. DennyMK

    DennyMK
    On your way to fame

    638
    976
    5 Февруари 2009
    Машко
    Телевизорот ми е од таму.
    Првиот го купив со 2 годишна гаранција. Се расипа после една и пол година. Го однесов да го пратат во сервис и по 30 дена откако не беше направен, отидов во АМЦ и ми ги вратија парите до денар како ваучер(се разбира да си купам нешто откај нив). Сегашниов ТВ има 5 годишна гаранција, такашто ич не му ја мислам.
    Не можам да кажам дека се нај-нај компанија, ама ете мене ми излегоа во пресрет и одговорно постапија согласно издадената гаранција.
     
  21. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    903
    1,548
    20 Јануари 2015
    Машко
    Те разбирам целосно и јас имам слични искуство со истите хоштаплери.
    Него со полека џабе нервоза, нема разбирачка со тие дегенерици. Утре со гаранцијата, фискална и во Државен пазарен инспекторат. Законот за заштита на потрошувачи е на твоја страна биди упорен и не отстапувај, не за парите/шпоретот, принцип е во прашање.
     
    На Krkac и Daniel86 им се допаѓа ова.
  22. uwemi

    uwemi
    Unbeatable

    4,759
    4,314
    20 Февруари 2011
    Машко
    Poslednite 2-3 pati so AMC Servis imav pozitivno iskustvo, se rabotese za dva laptopa na edniod displayot se zezna na drugiot RAM memorijata vo rok od 5 rabotni dena gi popravija i dvete bez nikakva doplata ili nekakov problem.

    By the way, nekoj iskustvo so Neptun bas me interesira, za firma kako firma izgledaat lideri za bela tehnika vo MK ?
     
  23. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,446
    12,610
    2 Август 2012
    Машко
    Јас имам одлично искуство со Neptun
    Рекламирав Blu Ray плеер кој појави дефект од софтверска природа а шупаците од Видео Дата не сакаа да ми пратат beta firmware па морав да го праќам на сервис.
    При предавање уредно беше потполент приемен лист со опис на дефектот, со опис на надворешноста на уредот и како се предава односно дали е предаден со оригиналните работи (кутија, далечинско, адаптер..)
    За едно 7 дена беше „поправен“, ми се јавија и си го зедов.

    Во разговор со вработен од Neptun за чудната експедитивност на Video Data Ми беше кажано дека големите играчи како Neptun, Tehnomarket, AMC и други вршеле притисок кај нив и наводно им се заканиле дека ќе се жалаат директно кај производителите.
     
  24. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    807
    844
    24 Февруари 2008
    Досегашното мое искуство со сервиси на производи под гаранција:

    Мебиус - RAM меморија 2GB DDR2 после првата година од користење почна да го крешнува системот, на мемтест даваше грешки, со други мемории се си функционираше. Нивната дијагноза беше дека меморијата била исправна па ми ја вратија. Си докупив RAM од член на форумов.

    АМЦ - Матична плоча не функционира од нигде никаде после месец дена од купување, дијагнозата нивна беше дека е цркната, па да си изберам друга од салонот во Соравија. Таму имаа безвезе матични, а не сакаа да ми дадат од друг салон каде имаше подобра со доплата од некои 1000 ден. Од таму фатив патот во АМЦ кај Климент Охридски, се разбрав со вработената таму, ја пратија по такси во салонот кај Соравија и одтаму ја зедов. Освен тоа недоразбирање, тотално задоволен од изходот.

    ВидеоДата - Во гарантен рок однесен Bravia телевизор кај што се појавија линии на екранот, за две недели го поправија. Во гарантен рок однесен апарат кој не фокусираше, поправен експресно за еден ден. Истиот тој телевизор после две години пак цркна, овој пат главниот процесор, го поправија за месец дена, но не ме информираа на време колку ќе кошта поправката иако нивна политика беше доколку кошта над 3000 денари ќе ми се јават да ме информираат. Поправката чинеше ~4500 денари. На поправката ми дадоа 6 месеци гаранција. После 3 месеци од поправката истите симптоми се појавија пак. Поправен за 3 недели со малку натегање и фаќање врски ја важеа гаранцијата која тие ми ја дадоа.

    Со сервисот на СЕТ немам искуство, иако во гарантен рок се расипа интегрираната звучна на матичната, никогаш не отидов да се пожалам, пошто и онака беше ѓубре звучната па си купив Audigy 4 од член на форумов.

    Врти сучи, со неколку недоразбирања скоро секаде сум завршил работа. Во случајот со Мебиус пред многу години бев дечиште, па не се замарав, сега сигурен сум дека ќе си завршам работа.
     
    На Krkac и Daniel86 им се допаѓа ова.
  25. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,289
    3,592
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Купувам само од
    - АМЦ , бидеќи : Телевизорот што го имав купено од кај нив после 1.5 година почна панелот да има големи дамки му го однесов само го прегледаа и го пратија на сервис на дијагностика и после 1 ден ми се јавија ми рекоја да си одберам од истиот ценовен ранг друг тв , си одбрав друг тв и на него ми дадоја плус уште 2 години гаранција . Исто така ми го заменија вајфај стикчето од 500 денари купено за друго ново. И уште многу други уреди и сум во план од кај нив да си купувам во иднина за ТВ уреди , тастатури мауси и друга периферија освен плочи и процесори . -
    - Мебиус за пријател мој склопував куќиште со некое си кинеско напојување коешто следуваше со куќиштето после 4 дена рикна . Не се ни замарав му дадов мое напојување.
    - Сет сум имал купено нова плоча , процесор Немаат гајле досеа .
    - Анхоч - Сама куќиште и Дипкул модуларно напојување исто така немаат гајле досеа .
    Досеа не сум имал негативни искуства со наведениве фирми и ниту посакувам да имам .
     
    На Krkac и igor_igor им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...