1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Gangam game virus - нова и огромна закана

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од TylerMkD, 18 Септември 2015.

  1. chemioftw

    chemioftw
    Gaining Experience

    363
    206
    26 Март 2015
    Машко
    Галичанец
    Изгледа така ќе да е. Втор scan со MWB, нема ништо. :)
     
  2. ImWiked

    ImWiked
    Gaining Experience

    402
    343
    14 ноември 2014
    Машко
    И мене ми се активира истово срање точно тајмирано на 9/15 како бомба, првиот ден поточно 15-ти, Malwarebytes и CCleaner почнаа да зафркаваат, еднаш се отвараа а еднаш не. Сношти веќе беше невозможно воопшто да стартуваат. Прогуглав и видов дека сите што го инсталирале кракот V2 на 3DM го имаат истиов проблем. Некој имаше постирано како да го одстраниш преку regedit, но ни regedit не се отвараше. Па пробав со cmd со следнава команда: reg delete "HKLM\Software\Microsoft\Windows NT\CurrentVersion\Image File Execution Options\regedit.exe" , и го избриша. Го сменив името од самата дирекција на CCleaner64.exe во CCleaner641.exe, и можев да ја стартувам програмата, истото го сторив со Malwarebytes, од mbam.exe во mbamm.exe и се отвори, скенирав и пронајде доста срања, ја избришав целата игра одма. Преку CCleaner во Тools>Startup го избришав стартапот од страната која се отвара секогаш кога Windows-от стартува, направив рестарт и се беше во ред. Kористам W8.1. Фала богу не е некој страшен malware, барем јас така мислам судејќи по нормалната работа на Windows-от по бришење на вирусот.
     
  3. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,080
    3,410
    7 ноември 2014
    Машко
    Во ред, нека биде така. Тогаш логички кога ќе направам repair/reinstall со истите сетинзи и програми, треба да ја оправи работата нели? Барем старт менито да работи?
     
  4. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,921
    5,829
    21 Јануари 2009
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    Парите, информациите и контролата се многу добар мотив за работа. Никој не може да ме разубеди дека ваквите групи не се потенцијална опасност. Всушност се идеален потег зашто немаш кого да тужиш или да обвинуваш јавно. Самиот факт што во секој крак може да се крие порта за пристап до твојот компјутер е доволно. Не мора да се активира никогаш. Само ако има потреба. :oh:

    А и при експериментални или насочени напади како што може да биде овој сега гангам вирус, секогаш групите кои ги мотивира доблест може да ја насочат вината во медиумот како замунда и сл. Еве баш ти така веруваш.

    Како и да е за ова можеме јалово да дебатираме до бесконечност. Нема цврсти докази. Секој како сака. Јас не верувам а ти можеш слободно да им веруваш на јутуб и википедија. ;)
     
  6. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,921
    5,829
    21 Јануари 2009
    Референцата за Википедија не ја сфати затоа што не го погледна видеото.
    Википедија не беше спомната во контекст на сигурен извор, туку зошто е направена и зошто е бесплатна.
     
  7. gokica

    gokica
    Модератор

    8,408
    10,252
    13 Јуни 2009
    Аха, одлично. Веднаш ќе оставам се за да го погледнам видеото на јутуб. :oh: Во потрага по цврсти докази... Или перење мозок...
     
  8. prichina

    prichina
    Cuda 5.5

    7,832
    5,017
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    И јас многу оддамна закачив вирус од новопечениве крекери....а, никогаш од reloaded и skidrow ми се нема десено. Беше од оние заебани, шо бараа повеќе замарање...па, јебеш и правиш формат.
     
    На kjosmofon му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,080
    3,410
    7 ноември 2014
    Машко
    Она што е интересно овде (налет проблемите) е дека им текнало да го активираат вирусот 5 дена откако искочи торентот и кракот. Бидејќи обично ако има проблеми, ќе видите во коментарите или од Замунда ќе биде тргнат.

    Така што мора да ги пофали дека ова беше јака „финта“ за да не заразат сите...
     
  10. freeman

    freeman
    Gaining Experience

    174
    169
    8 Март 2010
    Имам dual boot со win7 специјално за кракувани игрици. Ја симнав MAD MAX целосната верзија 32GB (компресираната ми беше сумњива) и некој крак V2 од линк на reddit и до сега немам проблем и се си функционира нормално.
     
  11. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,323
    3,719
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Наравоучение - симни го торентот, остави го у туршија една недела, провери ги форумите, па после инсталирај. Ама кој ќе издржи, а?
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...