• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Gang Of Four vo Skopje!!!

  • Ја почнал/а темата
  • #1

drowsy

Intern
11 април 2007
229
6
Она што се шпекулираше веќе подолго време, од денеска е официјално. Легендите доаѓаат во Скопје!
Британските пост-панк икони Gang Of Four го потврдија својот настап на годинешниот OFF-Fest. Нивниот концерт во Скопје ќе се одржи на 24-ти мај, на стартот на музичката манифестација OFF-Fest, што Скопскиот џез фестивал ја организира традиционално веќе седум години.


Формирани во 1977 година од страна на тогашните студенти на Универзитетот во Лидс: Џон Кинг (вокали), Енди Гил (гитара), Дејв Ален (бас) и Хуго Брнам (тапани), Gang Of Four важат за пионери на една од најиновативните, највлијателните и најдолговечните струи на раната британска пост-панк ера (1978-1983). Групата издаде четири одлични, политички освестени, панк-фанк албуми, вклучувајќи ги легендарните "Entertainment" (1979) и "Solid Gold" (1981). Комбинирајќи ги интелигентните, саркастични, социјално-политички текстови со жестокиот, цврст и дисонантен панк-рок израз, Gang Of Four создадоа армија следбеници и почитувачи на нивното дело. Дваесет години по нивното расформирање во 1984 година, тие се собраа повторно заедно и тргнаа на голема светска турнеја што кулминираше со издавањето на албумот "Return The Gift" (2005), сочинет од нови верзии на старите композиции. Музиката на овој култен британски состав претставуваше инспирација за голем број светски бендови (U2, R.E.M., Rage Against The Machine и Red Hot Chili Peppers), а нивното влијание во меѓувреме не само што не пресуши, туку напротив, продрe до највозбудливите и најинтересните експоненти на денешната современа рок-сцена - LCD Soundsystem, Franz Ferdinand, Radio 4, !!!, Rapture, Futureheads и многу други. Gang Of Four беа и останаа несомнено еден од најзначајните бендови во историјата на светската рок музика.

OFF-Fest оваа година ќе се одржи од 24-29 мај. Останатиот дел од програмата е во фаза на финализирање и ќе биде објавен дополнително. Влезниците за концертот на Gang Of Four ќе бидат пуштени во продажба на 5 мај.

Извор plagij.at
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,562
Мислења
823,364
Членови
28,067
Најнов член
Dacmac92
На врв Дно